Каков темперамент имате?

каков темперамент имате?


  • Вкупно гласачи
    370
Според анализа од дипломиран психолог, имам мешавина од холерик и сангвиник, од кои холерикот ми е подоминантен и поприсутен во работата, додека во релациите со луѓето се однесувам како сангвиник.
 
холерик-(holea-жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго време траење, на лицето им се гледа што чуствуваат(екстравертно)основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се "главни" со што ги свртуваат другите против себе. Брзо пламнуваат и таа лутина долго ја задржува и останува лут и гневен. Кога ќе започни нешто го завршува до крај


меланхолик-(melan hole- црна жолчка), реагираат многу бавно, но силно и долготрајно, на лицето не им се забележува што чуствуваат(интравертно), основна емоција им е тага и песимизам. Настаните длабоко ги преживува, тешко воспоставуваат контакти, но кога ќе воспостават тие се вистински пријатели. депресивно реагира. Не реагира брзо и ако некој ги навреди , таа навреда ја памти

Некоја мешавина од холерик и меланхолик. Болдираните реченици најточно ме претставуваат. Она што не е болдирано, нема допирни точки со мојот карактер.
 
Според понуденото сум меланхолик. Бавно реагирам, но кога ке избувнам одам до крајности. Ретко се спријателувам, но кога ке се спријателам сум искрен пријател, а и барам искреност од страна на пријателот.
 
сангвиник-(sangvis-крв), реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно основна емоција им е веселост и оптимизам. Активен е,започнува некои работи но не ги завршува до крај, лесно воспоставува контакти со многу луѓе кои најчесто се површни. Брзо пламнува а потоа може да се кае

Ова најмногу наликува на мојот темперамент,иако не' целосно.
Не се сложувам со:започнува некои работи но не ги завршува до крај

Обично што и да започнам,тоа и го завршувам до крај :pipi:
 
Јас сум од холерик видот на темпераментот.
 
Јас сум Сангвиник испомешано со флегматик...
:)
 
Флегматичен сангвик со меланхолични холерични испади. Шопска салата. Турлитава.
 
холерик-(holea-жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго време траење, на лицето им се гледа што чуствуваат(екстравертно) основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се "главни" со што ги свртуваат другите против себе. Брзо пламнуваат и таа лутина долго ја задржува и останува лут и гневен. Кога ќе започни нешто го завршува до крај.

Меѓутоа последнава реченица малкуууу би ја изменила. :pos:
 
Ќибрит темперамент или барут по нашки кажано
 
сангвиник-(sangvis-крв), реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно основна емоција им е веселост и оптимизам. Активен е, започнова некои работи но не ги завршува до крај, лесно воспоставува контакти со многу луѓе кои најчесто се површни. Брзо пламнува а потоа може да се кае


Ова најмногу ми одговара. А последната реченица е најточна. :)
И мене таа реченица ми е најточна од цел текст.:kesa::uvo:
 
Избувлив (сангвиник..уат д?). Можам да утепам некого на место кога сум изнервиран. И најстрашно од се е што 2 минути потоа ќе знам дека сум згрешил, ама...уел, ју ноу д рест.:pos2:
 

сангвиник-(sangvis-крв), реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно основна емоција им е веселост и оптимизам. Активен е, започнова некои работи но не ги завршува до крај, лесно воспоставува контакти со многу луѓе кои најчесто се површни. Брзо пламнува а потоа може да се кае


Ова личи на мене :helou:
 
холерик-(holea-жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго време траење, на лицето им се гледа што чуствуваат(екстравертно) основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се "главни" со што ги свртуваат другите против себе. Брзо пламнуваат и таа лутина долго ја задржува и останува лут и гневен. Кога ќе започни нешто го завршува до крај

Јас сум холерик и потполно ми одговара горенаведениот опис.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom