Каков е вашиот стил ?

Од обувки, есенско/зимско време носам само чизми. Ги обожавам. За лето сакам римјанки. Патики исто носам, поретко. Мразам штикли и балетанки.
Најчесто носам фармерки. За потопло време хеланки со туники. Во зима обожавам дебели, плетени блузи и џемпери, само во нив сум. Сакам и кошули. Од фустани, иако не ги носам често, сакам неприлепени и/или со некоја нормална должина. Ми се инвестира единствено во добра чизма и јакна/палто, за се друго шибам што најдам поевтино.
Мислам дека донекаде си го средив стилот, знам што ми се допаѓа и во што ми е пријатно, иако понекогаш си додавам и нови работи нормално. Во последно време почнав внимание да им обрнувам многу на боите, не купувам бели/црни работи повеќе. Обавезно во секоја комбинација гледам да вметнам марама или бижутерија што ќе ми се види интересна во тој момент.
 
Зависи од расположение и пригода.
Никогаш нападно и вулгарно.
Од најелегантно знам да свртам на некоја кожна панталона ...
Низ дома пижама, за шетња хеланка со долга маица, скоро никогаш фармерка и тренерка.
Розево немам скоро ништо. Едно џемперче чанта и штикли.
Не се бендисувам во таа боја.
Бордо, жолта, беж, мастило, црвена,црна од прилика тие бои во плакар. И така. :pipi:
 
Петок, Сабота нешто како ова

ecaf6c10b18a78a3e3a9493b113040c0.jpg


c6ba8ddab484c2551efd2a9254c76b31.jpg


А секојдневно тренерки, дуксер и спортски патики(строго Nike, Champion или GymShark)
 
kako-da-gi-odberete-vistinskite-beli-farmerki-171894.jpg


ваков стил, само не со толку високи штикли, пола од тие, па не ќе кажам временска прогноза нели? :D
 
Кремски и рокерски а највеќе го мразам стилот на шмизла и тие што се разголуваат да им се гледа се
 
Петок, Сабота нешто како ова

ecaf6c10b18a78a3e3a9493b113040c0.jpg


c6ba8ddab484c2551efd2a9254c76b31.jpg


А секојдневно тренерки, дуксер и спортски патики(строго Nike, Champion или GymShark)
Што мразам вакви искинати кај колената фармерки. Ужасни ми се.
 
Пролет, лето, есен, зима јас сум спорташ. Нема кај мене фармерки и чевли и костуми и вратоврски. То може да се деси еднаш месечно и ќе ми биде најнеудобно и скапано.

Фетиш ми е да седам во бањарка дома... дури и ако имам гости.

Сакам UMBRO, Adidas и Nike.
Грд сум ама убаво ми стоат :D
 
Кежуал, црна или бела боја, сребрен или златен накит.
 
Мојот стил е крпеници, облека што одговара на потребите за сезоната, а комбинирана од нешто старо со нешто многу старо, новото е како комета феномен е да го има :love:
 
Дома седам како што сум спиел...пижами долна облека итн ако ми е ладно ќе флам тренерка или џемпер преку тоа. Зимно време за надвор џемпер и Фармерки а под нив пижами. Пролет/есен кошула или дуксер и фармерки...летно време по кратки освен на работа тогаш кошула со кратки и летни пантолони. Во многу исклучителни прилики кога мора одело со кошула без кравата. Доле зимски и летни патики а за оделото кондури 2-3 пати годишно го облекувам. Бои сите од портокалово до црно...најмногу зелено сино црно бело и црвено...т.е. се имам во шкав. Боја не ми значи ништо. Само не жолто...тоа ми е забегано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom