L
.Lost Angel.
Гостин
Во пребарување не видов ваква тема со ваков наслов ако темава не е соодветна слободна у канта 
Е сега да се навратиме на темата каков цимер имате со вас во стан?
еве некои типови на цимери 
Неуредниот
Лешперот никогаш не ги мие чиниите и чашите после јадење и си ги трупа во мијалникот со денови заедно со остатоците од храна, кога се тушира никогаш не ја замива кадата од купчето влакна кои ги оставил како потпис што сака да каже „јас бев тука“, неговите парчиња облека се насекаде расфрлани, а постелнината ја остава на подот. Ах да, и секогаш кога кака ги остава кафеавите линиите на шољата да сведочат за подвигот. Со него, полека но сигурно станот почнува да заличува на објект од 1952-ра во кој се вршеле медицински експерименти.
Разголениот
Што е полошо од цимер кој е постојано само по гаќи? Цимер кој е постојано по бањарка со ништо под неа. Секогаш кога некој од тестисите ќе ѕирне надвор, ќе ве ослепи.
Оној кој постојано готви јадења што опасно смрдат
Еј, и ние сме гурмани, ама обично готвиме работи кои мирисаат нормално, а не како умрени вонземјани од кои цел стан корне.
Оној чија поубава половина е секогаш присутна
Батка, ако девојка ти не учествува во плаќањето на киријата, океј е да доаѓа на гости, ама не да живее тука и да ја слушам како вреска додека ја плескаш. Две работи треба да се случат:
1) Ако сака да живее со нас, кажи и дека треба да плаќа третина од киријата
2) Затвори и ја муцката со рака пред да почне да вриска од љубов
Оној кој не ја плаќа киријата на време
Океј, гледам дека си се подновил со нов мобилен и дека пушиш Малборо, супер - ама батка, кај се парите за кирија? Овој постојано ќе ве става во незгодни ситуации пред оној кој ви го рента станот и за да не бидете двајцата исфрлени на улица, вие ќе му давате на заем, односно ќе го плаќате и неговиот дел.
Оној кој постојано ја окупира дневната соба
Дневната соба е центарот на станот, ама брат - мора ли ти постојано да си тој кој е испружен на троседот, оној кој крка грицки, збори на телефон, гледа ТВ и си штрака на лаптопот во исто време? Те молам, барем една вечер олабави ме, да не те видам испружен како морж во дневна.
виа кајгана