Како возвраќате на лошите работи?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Да,

Многу пати сме разговарале на тема „Лоши луѓе„, сме разговарале што е причината и од каде произлегува злобата но мислам дека за ова немаме тема:

Како возвраќате на лошите работи?

Лесно е да се каже дека возвраќате со лошо, но не секогаш и секој може и сака да прави лоши работи.

Ви се случило ли да премолчите некогаш? Или пак возвраќате со иста мера?

Или пак има некој што сеуште го почитува она старото и глупо правило ако некој те удри по едниот образ ти сврти му го другиот?
 
Зо дупло поголема мера...нема тука трте мрте бре а се фатеш со мене го глеаш господ :vozbud:
 


Лесно е да се каже дека возвраќате со лошо, но не секогаш и секој може и сака да прави лоши работи.

Ви се случило ли да премолчите некогаш? Или пак возвраќате со иста мера?

Или пак има некој што сеуште го почитува она старото и глупо правило ако некој те удри по едниот образ ти сврти му го другиот?​
Имам една основна цел во животот, никогаш да не го изневерам Човекот во себе.Во денешно време ова е екстремно тешко да се реализира.
Кога ме погодуваат човечка злоба и лошотилак, реагирам на различни начини, во зависност од тоа кој бил поводот за да се најдам на нишан.
Ако сум вербално нападната, возвраќам со иста мера, море знам дури и да претерам, ама никогаш не почнувам прва:pipi:
Ако сум нападната со конкретна активност, нечиј интерес против мојот, а јас сум била прва на местото на настанот, т.е имам предност, многу директно и транспарентно го демаскирам лошкото и го испраќам во агол, но не се одмаздувам, сметам дека тоа е губење на време и лична деградација:sakas_ust
Да го свртам другиот образ може само за бакнежче, нема шанси за шлаканица:toe:
 
Со јадење бурек. Нели, не на кој стигнам, во себе... и обично ми проаѓа ко на кутре и не чувствувам после потреба да се осветувам и да правам драми.:toe:
 
Враќам... и тоа двојно. Ако некој ме повреди на било каков начин веднаш го враќам ударот и тоа гаѓам таму каде што боли.
 
-Импулсивно директно и на пуна снага ако сум испровоциран и малку (читај моментално љут)
-промислено,на дугачки стази и со максимална пресметаност ако сум решил дека некого сакам да закопам.
И ќе го закопам и на погреб ќе му дојдам. :vozbud:
 
Па на лошото,со лошо ќе вратам некогаш,но не секогаш,затоа што зависи многу од карактерот на личноста што и се "одмаздувам"...Некогаш на лошото знам да вратам со добро,и тоа од причина што кај некои личности повеќе ќе ги боли тоа што ќе чувствуваат вина,односно грижа на совеста,како можат да направат лошо на некому,кога тој им враќа со добро,но тоа е за личности со помек карактер и со поразвиена совест.Но тоа (да вратам со добро) може да се случи и кај другари/ки (кои ми згрешиле ненамерно или сл.) на кои им простувам и моето добро дело нема задни намери...Исто некогаш кога некој е ми направи лошо,едноставно од тој момент го игнорирам како да умрел,односно како никогаш да не бил дел од мојот живот,и тој начин знае некои да ги повреди..Доколку пак се работи за ептен сурова личност,и ми згреши доволно,тогаш ќе треба да се помоли за себе и за неговиот спас,затоа што во тие моменти мојата суровост ќе биде поголема од неговата за милион пати...Но добро е што последното не е толку застапено кај мене,и ретки се луѓето што ми згрешиле до таа мера,па најчесто ги практикувам првите два начина....:pipi:
 

Или пак има некој што сеуште го почитува она старото и глупо правило ако некој те удри по едниот образ ти сврти му го другиот?
Зошто мислиш дека е глупаво?Јас ги почитувам тие луѓе кои што можат да го направат тоа.Еве јас имам пробано не можев.
Јас реагирам скоро како и сите спрема њутновиот закон на акција-реакција.Со секоја одредена акција кон мене постои и соодветна реакција.
 
Обично лошото го игнорирам.. нејќам негатвно да влијае на мене.. :pos2: Не се замарам со луѓето што ми прават лошоо.. бидејќи знам дека така уште повеќе ги нервирам.. :baeh:
 
Со дисекција на душата!
Не знам дали враќам со иста мера, помалку или повеќе! Знам дека и една мала исекотина боли!
Искрено, никој не ме повредил до сега до таа мера да се претворам во безмилосен душовадник!
Кротце, лека полека, хируршки! Пасив агресив методи!:pipi:
 
So ista mera .. kako ti mene , taka jas tebe ..to e moeto moto ( u nekoi slucaevi ) ..a onaa hristijanskta , svrti go drugiot obraz , pogolema glupos zdravje ..ti mene me udri , jas tebe posilno ke te udram .. samo taka !
 
Камо среќа секој да ја користеше и да се раководеше со изреката : Ако ти го удрат десниот, сврти го и левиот образ. Поубава поука од тоа нема. А на лошите работи возвраќам со достоинство, крената глава и насмевка. И солзи кога сум сама дома или со најблиските. Ама никогаш, никогаш не сум се одмаздила некому и никогаш не враќам. Доволна казна на тој човек е што зезнал некој друг и што прави некому лошо. Не враќам, затоа што нема ништо да постигнам, кога лошата работа веќе е направена, кога веќе нешто ме повредило, залудно е да враќам на тој што ме повредил. Покажувањето достоинство и рамнодушност кон тој што направил лошо е доволно. Доволно е да не му се исполни душата со тоа што ќе ме види како патам. А тоа значи дека не успеал/а во намерата. Барем така ќе си мисли таа личност.
 
Нема лабаво ! Ова доста кажува, ретко кој трпи срања на своја сметка, ретко кој води сметка за моралот и останатите вредности во денешно време. Така да, нема вртење друг образ.:wink: Секој си ги наплаќа сметките, кога тогаш !
 
Научив да не докажувам на никому, ништо. Несакам да разгорувам караници и не враќам. Едноставно собирам и си се жалам кога сум самата со себе. Простувам, ама никогаш не заборавам. И можам да го свртам другиот образ, и ако не заслужиле само да се повлечам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom