1. За да кренеш да правиш уље, треба да имаш количина. Да речеме барем пола килограм. Тоа би можел да го купиш за отприлика 500-800 евра. Колку помала количина толку поскапо иде. Обично кај нас за 100 евра ќе ти даде нешто околу 50г. За 3.000 околу 20 грама и тн.
Онаа доза што се вика кец, една туфка со големина на лешнак, ти е 200 денари.
Ќе спомнам дека најлесно е да се пуши, и доколку некој сака да му биде канабисот медицина, 4грама дневно е дозата која УСА им ја препишува. Тоа се 8 наши кецови, или 2 добри блантови. Со пушење има исти медицински квалитети како и дериватите. Уљето го користат за рак на кожа, со директно нанесување. Или за пушење, мачкаш на цигаре и палиш.
2. Ако решиш да правиш уље, првин ќе ги ставиш туфките во замрзнувач (еден час), за да кристализира тхцто и смолата. Потоа ќе ги сомелеш, и бидејќи се изладени, нема да ти залепи кристали по блендерот. Ако си имал една тегла туфки, сомелени ќе станат скоро 10 пати помалце.
Во аптека има етил алкохол. 1 спрема 3 е добра количина. 100г канабис, 300 алкохол. Ги растворуваш и оставаш да отседи еден ден.
3. Прецедиш низ чиста хулахопка, остане зеленило и кончиња. Канабисот има најмногу целулоза од сите растенија. Од него се прави канап, она качишче што е, за запишување на славини.Значи она што ќе остане од цедењето, веќе е неупотребливо за пушење. И туфките сомелени пред тоа - се неупотребливи за пушење, толку ситно ниту може да се свитка, ниту гори. Тешко е дури и во луле да го запалиш. Затоа, кога веќе си решен да правиш уље, кажуваш збогум на пушење.
4. Она што ќе остане течност, ќе биде темно зелено накај црно, бидејќи алкохолот ќе раствори хлорофил. Но, другите растворувачи што може да ги искористиш, а не се поларни - тешко дека во домашни услови ќе можеш да ги отстраниш потоа.
За да го тргнеш алкохолот, течноста може да ја оставиш 40 дена да си испари сама на сонце. Или да ја ставиш во помало тенџере, кое ќе го ставиш во поголем сад со вода на оган.
Алкохолот е запалив. Греење на плин или кај што има пламен, може да ти ја запали куќата. Значи - РИНГЛА на 2ка! Кога е во садот со вода, не би имало проблем. Но - додека врие сето тоа, отвори прозор и не пали цигари

.
5. Алкохолот испарува на 80тина степени. Тхц на 180. Затоа водата ќе ја чуваш негде околу точка на вриење, а алкохолот ќе испари. Она што ќе остане како талог - уљето, е лепливо, ако го прегрееш ќе потемни.
Инаку чистата смола (ако нема хлорофил низ неа) е темно кафена па до златна. Ако го сработиш сето убаво - би добил посветла боја. Е сега, бидејќи е лепливо, уљето личи на катран. Би требало да имаш сад од кој ќе можеш да го извадиш лесно. Мазна површина и достапна за да го истржеш со шпакла е препорачлива.
6. Од килограм луда трева, може да добиеш максимално 200 грама уље (бидејќи најлудите имаат 20% тхц). Но ќе добиеш помалце, од 80-100 грама од ова што го има кај нас.
7. Вакви експерименти сум правел со послабите туфки, оние од дното и со лисјето кои остануваат од педикирање. И на крај заклучив дека е прилично сложен процес и сака пазење.
Полесно е да направиш канап путер (да ги споиш канабиноидите со некое масло). Путер (масло од млеко) е подобро од растителни масла. Сеедно, маслиново уље е добро, и кокосово уље е добро.
Со маслиново уље, можеш да ги смешаш сомелените туфки во тегла, и да ја оставиш на сонце. После 40 дена (како народните ни лекови), ќе го прецедиш и имаш нешто со кое може да готвиш.
Ако имаш тврдо масло, путер, мора да го згрееш на оган, но да не е премногу топло, да не ти испари тхцто. Зеленилото ќе остане таму, бидејќи нема начин пред тоа да се извадат тхц кристалите од целулозните влакна и зеленилото (освен со скрин, кое нешто тешко ќе најдеш кај нас).
Сомелени туфки и изладени може да пресееш низ хулахопка, Така ќе добиеш хашиш, кристали и трихоми, а пола тхц ќе си остане низ зеленилото и после нема да може да им сториш ништо.
Затоа, наједноставо за консумирање според мене е чај.
Четири шољи (600г) млеко, 3 вода (400г). Шест туфки (6г) иситнети или сомелени. Свари го убаво, 15 минути нека се згрее. Водата е за да не ти загори млекото. После, пиеш. Ова ти е доволно за 6 саата.