Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Каков ефект има марихуаната врз алкохоличари? Ќе им помогне во одвикнување од алкохолот или ќе им ја влоши состојбата?
 
Каков ефект има марихуаната врз алкохоличари? Ќе им помогне во одвикнување од алкохолот или ќе им ја влоши состојбата?

I ne e bash nekoe reshenie da prekine so konzumiranje na alkohol a da pocne so marihuana. No sepak se e individualno.
 
Каков ефект има марихуаната врз алкохоличари? Ќе им помогне во одвикнување од алкохолот или ќе им ја влоши состојбата?
Нема да им ја задоволи зависноста од алкохол,сосема друг ефект има.
Пак организмот ке им бара алкохол.
 
I ne e bash nekoe reshenie da prekine so konzumiranje na alkohol a da pocne so marihuana. No sepak se e individualno.
Порано пиев. Многу. Секој втор ден. Сум испивал литро и пол ракија, па во кафани пива.
Мамурлкот, болењето глава, чувството на депресија.... Кога ме остави пичката, пола година бев во добра алкохолна депресија. Силен сум, висок сум скоро 2 метра, имам 120 кила. Си викав, што ќе ми стане од алкохол, од цигари...
Првин, сфатив дека кога сум пијан и кога сум трезен има толку разлика во однесувањето ми. Пијан сум агресивен, анојинг, си барам причина за да правам глупости. Среќа не возам ниту имам возило, инаку досега ќе умрев.
Цигари пушам по 2 кутии на ден.
Имам 29 години и почнав да осеќам некои работи кои не ми се допаѓаат.
Алкохолот го намалив до минимум, и сега пијам единствено кога имам добра причина, и гледам да не поминам над 1 промил.
Цигарите се трудам да ги намалам, но тешко иде. Интересното е дека во школи ги учат децата да се чуваат од дроги. Во МК има марихуана. Децата кои се чуваат од “дроги“, мислат дека се пуши цело растение, сосе лисја. Појма немаат дека има цвет...
Децата се чуваат и од ЛСД, бидејќи го нема кај нас.
Децата се чуваат од екстази по 600 ден. Се чуваат и од амфетамини, бугарски и без никакво дејство.
Децата се чуваат и од кокаин кој е 3.000 денари грам.
Ако завршат зависни на хероин, државата им плаќа метадонска терапија и ги третира како болни.
Бидејќи од канабис нема зависност, нема агресија, нема мамурлк, има здравствени придобивки, и најлесно е некој да го фатиш на тест - КАНАБИСОТ Е НЕЛЕГАЛЕН и децата се криминалци.
attachment.php
 
Jas ne vidov dvizenje vo drzavata koe ke se bori za promena na postoeckiot zakon.
 
Каков ефект има марихуаната врз алкохоличари? Ќе им помогне во одвикнување од алкохолот или ќе им ја влоши состојбата?

мој пријател со помош на конопот се отргна од хероинот. за алкохолот пробајте големи дози на Витамин Ц и Б
 
мој пријател со помош на конопот се отргна од хероинот. за алкохолот пробајте големи дози на Витамин Ц и Б

Дај бе не прајте им филмови на луѓево на форумов дека некој некогаш се оттргнал од хероин. Само со помош на гробишта можат да се оттргнат...
 
Дај бе не прајте им филмови на луѓево на форумов дека некој некогаш се оттргнал од хероин. Само со помош на гробишта можат да се оттргнат...

Грешка си, можат да се оттргнат, ама знаеш како е они радо не би живееле него да се откажат сепак иако е тешко некои успеваат да се рехабилитираат и ресоцијализираат барем јас познавам пример кој се оттргна од тој ѓавол само со празине и амитрипталин а на почетокот имаше и ладиомил 50мг а користел точно 8 години и ете успеа-не користи повеќе, а одразот на тие разгалени слабаци кои кукаат абе имам криза, имам криза и кога ќе добијат се бодат е нешто жално...тоа неќе да се лечи туку се ништи, па како ќе помогнеш на некому ако некој самиот не ти дозволи.
 
Затоа, пушете канап. Ни хероин, ни алкохол, ни кока ни курци ни палци... ни зависност ни ништо.
Зборете за канапот. Ако некако го направат легален ќе има огромни продобивки и финансиски, и туризам, и земјоделие, и економија...
Гревота е за растението.
 
барем јас познавам пример кој се оттргна од тој ѓавол само со празине и амитрипталин а...

Прашање е само до кога, и јас познавам некој што неколку пати се рехабилитирал и ресоцијализирал ама само период одреден, прашање на време е само до "наредната бркотница со змејот" дјуд. Колку и да ти тврди дека прекинал да не веруваш во никој случај дека тоа ќе трае засекогаш :)
 
Дај бе не прајте им филмови на луѓево на форумов дека некој некогаш се оттргнал од хероин. Само со помош на гробишта можат да се оттргнат...
Ја иам другари што се оттргнале од хероин и не се на никаква дрога повише од 10 години(ни на метадонска терапија).

Има повеќе примери кадешто луѓе доживотно се откажале од хероин.
Не е невозможно, само што е тешко и бара дисциплина, волја, правилни гледишта на работите и желба за живот.

Брзината со која некој ќе се откаже и дали ќе се откаже е нешто индивидуално својствено за зависникот како и склоноста на истиот да потпаѓа под непожелни влијанија.
http://rehab-international.org/heroin-addiction/fact-and-fiction/
 
Бев затвор 4 месеци... Имаше едно кое беше врзано со метадонот. Додека бев таму му зборев дека е заебано.
Велеше дека знае. Кој џанак не е свесен дека ќе има физичка зависност, а пред него се крчка лажица, игли, шприцеви. Плус, метадонот ампула кошта 700. Хероин е слична цена. Имам пиено Трамадоли. Година време и тоа по 16-20 на ден. Последните денови, испив 24. Бидејќи имаш чувство на телото кога легнеш, како да те крева од кревет, да пловиш во вода... И трпнењето, чешкањето.... ок, но тогаш, не ме пловеше во океанот, ме бувна од ѕидовите, како пинг пог лопта. Трамадолот го сметав за корисен за мене. Ми беше кул да бидам 8 саата растопен, а свесен. Кога прекинав - немав ништо, дури ни дијареја да ме фати. Прекинав заради тоа што не можев да купувам повеќе.
Чувството на Т, на метадон, хероин, опиум - е слично.
Пробав еднаш и морфиум, онака суров во лажица, го испив. Имам пробано и хероин.
Овој од затворот значи, го викавме Мимоза, Коки, Мими златното рипче, оти беше дотолку флека, што ќе ти каже нешто и после 30 секунди - заборавен. Си ги испродаде алиштата за ништо пари, лежеше за кражби на радиа, такви глупости.
Му зборев да си се држи на канапот, тој велеше дека се тргнал од срањата и дека со канап му е многу поубаво. Канап ќе те кошта да пушиш редовно, еве јас арчам по 3 илјади на месец. Тоа е доволно за мене. Хероин или слични срања коштаат по 1400ден. на ден. Од тоа излегуваат проблемите: да се краде, да се дојде до пари, дома караници, па после терапии, Негорци и тн.
Коки излезе месец после мене од затвор. На втората недела откако излезе, ми рекоа дека умрел. Овердоза од метадон, или кој го знае.
Овде кај што живеам, умре еден пред скоро 10 години. Новајлија, при пари... земање хероин, и задушување. Би рекол - од прва!
Умре и Дрити Жана, кој го знае... и тој од метадон.
Од трева нема умрено во историјата на човештвото досега НИКОЈ!

Значи, рекреативната употреба на дроги е позната на луѓето од секогаш. Луѓето јадат печурки, кактуси, го расеале канапот, пијат ајахуаска, правеле опиум и катран од афион, коката. Ги нашле овие растенија и ги приклучиле во својот религиозен, спиритуален, секојдневен живот. Ги употребиле и медицински. Дури и кај животните е познато дека користат вакви работи. Ирвасите јадат аманита мускариа, мајмуните јадат ферментирани плодови полни алкохол....

Затоа, денес при технологијата и знаењето, треба да се направи ревизија на овие материи и да се има реален и објективен став кон сите. Јас сум за легализација, декриминализација на сите овие супстанции. Доколку некој сака да се дрогира, тоа е негов живот, и ако сака нека му паднат заби од дрогирање. Се додека си ги врши работите и обврските кои ги има, додека супстанцата не му создава здравствени и економски проблеми нему, или на општеството.
Ако некој силувал некоја на кокаин, нека биде суден за силување, а не дека шмркал.
Ако некој ограби банка, нека биде суден дека е разбојник, а не дека е корисник на некаква супстанција.
Зборот дрога потекнува од англискиот јазик, а пред тоа од латински. Drugs на англиски е лекови. Значи и хероинот е лек. Кокаинот е лек. Но тие имаат прва класа на лекови, кои не може да бидат препишани од лекар. Таму, покрај хероинот и кокаинот, е и канабисот. Инаку, со рецепт може да се добие морфиум, опиум, метадон, екстракт од кока, дури има и фармацевтска верзија на канап, апчиња. А канапот е недозволив.
Тоа е глупост и пристрасност.

attachment.php

Зошто кога се знае дека нема никаква корист од тутунот, ами се создаваат раци, и проблеми - тој е легален, се одгледува и продава? - ИНДУСТРИЈА = ПАРИ.

Зошто кога се знае дека алкохолот е виновен за 80% од сообраќајки, дека е штетен по здравјето - е прифатен како средство за рекреација? Повторно, индустрија, пари и културолошки е прифатен. Секоја цивилизација прифаќа едни од овие средства, а други ги отфрла. На пр, муслиманите се против алкохолот.

Кога Македонија би го легализирала канапот, верувам дека многу семејства ќе можат да егзистираат од него. Би можело да се регулира откуп за медицински цели и да се извезува секаде каде е легално прифатен и регулиран.
Би постанале атрактивна туристичка дестинација.
Мене би ми било доволно доколку видам отстапување од алкохолот. Бидејќи со трева не може да се убиеш конзумирајќи ја, но со алкохол може многу лесно.
Самата психологија кај едуциран уживател на канабис е подруга. Јас не пушам само затоа што ми е досадно. Да - некогаш ми е досадно, но тревата си има моменти кога си сакаш да пушиш, и некогаш ти скисне, и не пушиш недела. Рекреативно, може да си намаван 24/7 и да немаш никакви проблеми. Освен ако не се исфилмаш дека којзнае што се случува, па почнеш да се бедираш.
295652_443976049021188_1300601411_n.jpg

Мене, не ми пречи на моторика. Можам да играм кошарка, може да управувам возило, може да работам било што. Не ми пречи ниту на концентрација. Всушност, ми помага околу креативноста. Сум бил направен “партал“ на работа, и никој не познал. Но јас одамна не си правам паранои и бедови.
Е сега, покрај ова, за медицинското дејство од канапот - малку е овој форум за да изнапишам како може и помага од многу болести. Значи пушам превентивно медицински (се надевам дека нема да добијам рак или срцев удар). Ми делува антидепресивно. Ми помага со болките во половината и на зглобовите.
Згора на сето тоа, канапот е едноставно - растение. Колку држи вода да имаш 40 години борба против растение?
 
Згора на сето тоа, канапот е едноставно - растение. Колку држи вода да имаш 40 години борба против растение?

Во се се сложувам само ова последново не. Растение е и афионот па од него се прави опиум, хероин а сепак е растение...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom