(Мартин Треневски, амбасадор на Република Македонија во НАТО, за билтенот Атлантскиот совет на Канада)Македонија во НАТО - сега
Како што се приближува следниот НАТО самит во средината на ноември оваа година такви се е и очекувањата и надежите на луѓето и на Владата на Република Македонија за покана за зачленување на нашата земја во Алијансата.
Колку чудно и да звучи, Република Македонија остана во чекалната на Алијансата како резултат на декларацијата од самитот во Букурешт од 3-ти април 2008 година (верувале или не: заради нејзиното име или попрецизно поради блокадите од Грција, кое во меѓувреме за жал станаа официјална политичка позиција на Алијансата).
Но, што е природата и историјата на ова прашање за името, кое секако ќе заземе свое место во светските антологии на меѓународните односи како единствен преседан?
Приказната датира уште од 1912 и 1913 година, кога по двете балкански војни, Македонија (дотогаш еден од најбогатите региони на Османлиската империја) била поделена на четири дела: најголемиот станал дел од Кралството на Грција (Егејска Македонија), вториот дел на тогашното Кралство на Србија (Вардарска Македонија), третиот дел од Кралството на Бугарија (Пиринска Македонија) и најмалиот дел и припаднал на новоформираното Кралство на Албанија.
Официјалната политика на сите четири кралства била: не постои Македонија и не постојат Македонци како нација со сопствен јазик, идентитет и култура, и како резултат на таквата политика, ужасни свирепости и геноцид беа извршени врз етничките Македонци, особено во Егејска Македонија (Грција), Вардарска Македонија (Југославија) и Пиринска Македонија (Бугарија).
Сите Влади во Грција заради тоа направија најдобро што можат да ја уништат секоја трага од македонското присуство во делот кој го земаа пое балканските војни. На пример, повеќе од 83.000 топоними беа сменети од македонски (јазик чие постоење тие не го признаваат) на грчки јазик. Стотици илјади Македонци беа присилени да ги напуштат нивните домови и имоти и да емигрираат во прекуокеанските земји како Канада, САД и Австралија. Новодојденци и емигранти од Мала Азија беа населени во нивните домови и на тој начин етничкиот состав во тој регион беше драстично променет.
Работите беа променети и во делот од Македонија окупиран од Кралството на Југославија по Втората светска војна. Претставници од сите етнички делови од Македонија се собраа на 2-ри август 1944 година во историскиот манастир Ст. Прохор Пчињски на првото заседание на АСНОМ. На ова заседние кое беше спонозорирано и присуствуваа личните претставници на владите на САД (претседателот Рузвелт), на Велика Британија (премиерот Винстон Черчил) и на Русија (претседателот Сталин). На ова историско заседание Македонија беше прогласена за независна држава, која подоцна стана составен дел од југословенската федерација.
За жал политиката на негирање и асимилација на Македонците продолжи во комунистичка Бугарија и во повоена Грција. Една од најмрачните епизоди на Балканската историја се случи за време на граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година, кога етничките Македонци беа убивани и бркани од нивните села, и илјадници деца беа одземени од своите родители и испратени во кампови во поранешна источна Европа.
По падот на Берлинскиот ѕид и железната завеса, луѓето во Република Македонија видоа историска и единствена шанса за остварување на сонот на нивните предци за создавање на независна држава Македонија. Референдумот за независност беше организиран на 8-ми септември 1991 година на кој повеќе од 90% од граѓаните гласаа "ЗА" независност на нивната земја. Во исто време грчката „офанзива“ за да се спречи ова, започна на сите можни нивоа и фронтови. Имено, во 1988 година сојузната Влада во Грција одлучи да го смени името на територијата кои ја земаа по двете Балкански војни од Северна Грција во "Средна" или "Јужна" Македонија. Овој чин е толку невообичаен бидејќи историски (читај Демостен) грчкиот став (попознат во историската наука како Интерпретатио Граеце) беше: „Не постои Македонија и не постојат Македонци.“
Во меѓувреме, Република Македонија се соочуваше со најразлични проблеми и препреки: на пример, нејзиниот прием за членка во ОН под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија; 18-месечна тотална блокада на нејзината граница со Грција; и константните блокади на Република Македонија за зачленување во различни меѓународни организации.
Постоеше надеж кај двете земји дека ќе се постигне договор кога во 1995 година, Република Македонија и Грција ја потпишаа привремената спогодба во ОН, под спонзорство на Владата на САД и генералниот секретар на ОН. Република Македонија направи многу отстапки како на пример, менувајќи го симболот на националното знаме и одредбите од Уставот. Грција се обврза со оваа спогодба (Член 11) дека нема да го блокира зачленувањето на Република Македонија во меѓународните организации! За жал, Грција никогаш не ја почитуваше оваа меѓународно позната обврска, како што се виде со негирањето или условувањето на зачленувањето на Македонија во НАТО.
Во Њујорк во 1995 година двете земји се согласија да разговараат за разликите во однос на името на земјата со помош на медијатор во име на генералниот секретар на ОН.
Чудно, но Грција успеа да ги трансформира овие разговори во преговори во кои тие заземаа многу непопустлив став и повлекоа "црвена линија", која во пракса се покажа дека значи "земи или остави."
Република Македонија направи се што е можно да придонесе за мирот на меѓународно ниво, особено во проблематичниот регион на Балканот. Во последните 12 години, Македонија учествуваше во 15 меѓународни мировни мисии со 2.000 војници и офицери предводени од НАТО, ЕУ и ОН. Македонија беше меѓу првите земји кои ја поддржуваа операција "Слобода за Ирак" и е меѓу водечките земји по број на војници во ИСАФ мисијата во Авганистан.
Сегашната централно десничарска Влада во Република Македонија е цврсто определена да остане во Авганистан рамо до рамо со Американците и
другите учесници во ИСАФ мисијата колку ѓе биде потребно. Стратешкото партнерство со САД е од најголема важност за нашата Влада и земја. Ние ќе продолжиме да се бориме против злото на нашето време со нашите капацитети во Авганистан и на друго место колку што ќе биде потребно. За Република Македонија зачленувањето во НАТО е од најголем приоритет! Паралелно со ова нашата Влада прави сериозни напори нашата земја да се зачлени во ЕУ, кој е долг процес.
Република Македонија беше една од водечките членки на т.н. Вилниус група и Јадранската група и беше многу успешна во остварувањето на сите потребни реформи на вооружените сили, системот на одбрана и општеството воопшто како што е објаснето во нејзиниот акционен план за зачленување во НАТО. Правејќи го ова, Македонија се докажа како сигурен партнер и верен сојузник во меѓународната заедница за зачувување на светскиот мир и во борбата против глобалните зла како тероризмот, дрогата, оружјето и трговијата со луѓе.
Сите надежи дека највисоките приоритети за Македонија и за Македонците- нашата земја да стане земја членка на НАТО - беа урнати на самитот во Букурешт во 2008 година кога очигледно грчката блокада кон нашето зачленување беше "спакувана" во Членот 20 во декларација на самитот во Букурешт како "поканата на Бившата Југословенска Република Македонија ќе биде дадена откако ќе се најде заемно прифатливо решение за името ." (!?)
За жал позицијата на Алијансата стана официјална политика кон мојата земја, иако многу правни експерти ја оспоруваат легалноста на овој заклучок! Имено, заклучокот се базира на Членовите 5 и 10 од Северноатлантскиот договор имајќи ги предвид принципот на консензус и солидарност!? Што се однесува до "принципот на солидарност" (Член 5), се однесува многу прецизно на ситуацијата на "вооружен напад" (фала му на Господ што Македонија не е во војна со ниеден од своите соседи). А што се однесува до "принципот на консензус" на членките на НАТО со Грција се поставува прашањето: што???
Присилувајќи земја кандидат да си го смени своето уставно име на барање на земја членка тешко може да се оправда во демократиите во Алијансата, особено од пошироката публика на земјите членки. Според тоа, заклучокот од декларацијата на самитот во Букурешт не е издржан и оправдан, и треба да се смени за да Република Македонија биде поканета на следниот НАТО самит во Лисабон. (не постои ниту еден документ од Алијансата кој вели дека името на земјата може да биде проблем за нејзиниот пристап како земја кандидат во Алијансата).
Проширувањето на Алијансата беше едно од најважните приоритети на НАТО во минатото, како што и е во новата стратегија што ќе биде презентирана за усвојување на лисабонскиот самит во ноември. Ние веруваме дека конечно здравиот разум ќе преовлада меѓу земјите членки на НАТО и Република Македонија ќе биде поканета да стане НАТО членка, што е во интерес не само за луѓето во Република Македонија, но и за Алијансата воопшто.
Сите ние треба да направиме се да го заштитиме НАТО да не стане балканизиран со традиционалното непријателство и ирационалности од регионот. Сосема спротивно, НАТО вредностите треба да преовладаат на Балканот.
Извор: Idividi
Многу добро потсетување и преглед како се одвиваа работите од 1912 ( па и порано ) па наваму. Секоја чест за текстот.