Како спознавате?

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
Добриот човек секогаш го прашуваат, како успевате да ја одредите границата меѓу доброто и злото. Тоа лесно се забележува, патот е прав и тоа е една од загатките на животот. Во потсвеста на човекот се јавуваат разни мисли, а секоја мисла води до појава на чувства. Мислев злото не постои, дека е само една тмурна фигура која исчезнува, порано или со задоцнување исчезнува, но сега не сум веќе така сигурна како порано. Има вистини кои во тие моменти кога ги доживуваме за нас поголеми од нив нема, и веќе наредниот ден разбираме дека тие се заменети од некои нови, поголеми, подлабоки од нив. Како кога пишуваш книга и мислиш дали да ја издадам или не, што ако ова го мислам вака а утре разберам дека поинаку е за мене.
Секогаш на крајот победува искрената страна, онаа која го претставува доброто, а крајот, крајот е почетокот на среќата.

Па оваа загатка е следната, како да го одделиме доброто од злото, постои злото воопшто или е само една тмурна фигура која исчезнува.
Како спознаваме дали вистината која сме ја откриле денес е на страната на доброто, како спознаваме што е добро а што зло.
Па пишете си, како спознавате вие, како знаете каде да ја повлечете границата меѓу доброто и злото ??
 
Со тоа малку во мене што ме прави нормален.
 
Секогаш на крајот победува искрената страна, онаа која го претставува доброто, а крајот, крајот е почетокот на среќата.
Ти кај живееш, да те прашам ја???? Тоа го има само во холивудски филмови...па у последно време ни таму не е баш таква приказната:wink:

како да го одделиме доброто од злото, постои злото воопшто или е само една тмурна фигура која исчезнува.
Како спознаваме дали вистината која сме ја откриле денес е на страната на доброто, како спознаваме што е добро а што зло.

И какво е тоа прашање.."постои ли злото во воопшто?"....Зарем неможеш да го согледаш околу себе?
Или сакаш да го разгледуваш тоа поинаку.
Дека доброто и злото реално не постојат...дека тоа е нешто што ги има во нашите умови.
А ги разликуваме затоа што ги поистоветуваме со нашите чуства...пријатно чуство и непријатно чуство, добро и лошо, ти годи не ти годи:toe:, ти сама напиша дека секоја мисла води до појава на чуства ( не секоја, ама сепак будат чуства), така да тоа е тоа што ни помага да одредиме
 
Со оглед на постоењето на релативитетот многу убаво е поставено прашањето за спознавање на поимите добро и лошо. Ако темата беше во општи муабети ке кажев дека лошо е да лажеш, ама бидејки е во филозофија и психологија ке размислам зошто е лошо да лажеш. Е сега ако прашањето лично се однесува за нас (секако не мора задолжително да е така) се раководам од некој традиционален систем на вредности во рамките на кој постои прецизна определба за тоа што е лошо а што добро, скелетот горе долу го дава библијата, а дел му припаѓа и на колективната свест за овие два поими.
 
Ти кај живееш, да те прашам ја???? Тоа го има само во холивудски филмови...па у последно време ни таму не е баш таква приказната:wink:

И какво е тоа прашање.."постои ли злото во воопшто?"....Зарем неможеш да го согледаш околу себе?
Или сакаш да го разгледуваш тоа поинаку.
Дека доброто и злото реално не постојат...дека тоа е нешто што ги има во нашите умови.
А ги разликуваме затоа што ги поистоветуваме со нашите чуства...пријатно чуство и непријатно чуство, добро и лошо, ти годи не ти годи:toe:, ти сама напиша дека секоја мисла води до појава на чуства ( не секоја, ама сепак будат чуства), така да тоа е тоа што ни помага да одредиме

баш не се тоа филмови, но ќе дојде денот кога ќе разбереш дека крајот е среќата, за искрениот човек, иако секако дека има исклучоци.

да, постои злото, и како и секој човек го гледам околу мене, но ако не дозволиш да ти влијае никогаш вистински нема да те засегне, може да направи во еден момент да паднеш, но ако во тебе е она другото, доброто, лесно ќе станеш и ќе успееш да поминеш низ се.
го почитувам твоето мислење, секој различно гледа на работите.:smir:
 
~*~

Добриот човек секогаш го прашуваат, како успевате да ја одредите границата меѓу доброто и злото. Тоа лесно се забележува, патот е прав и тоа е една од загатките на животот. Во потсвеста на човекот се јавуваат разни мисли, а секоја мисла води до појава на чувства. Мислев злото не постои, дека е само една тмурна фигура која исчезнува, порано или со задоцнување исчезнува, но сега не сум веќе така сигурна како порано. Има вистини кои во тие моменти кога ги доживуваме за нас поголеми од нив нема, и веќе наредниот ден разбираме дека тие се заменети од некои нови, поголеми, подлабоки од нив. Како кога пишуваш книга и мислиш дали да ја издадам или не, што ако ова го мислам вака а утре разберам дека поинаку е за мене.
Секогаш на крајот победува искрената страна, онаа која го претставува доброто, а крајот, крајот е почетокот на среќата.

Па оваа загатка е следната, како да го одделиме доброто од злото, постои злото воопшто или е само една тмурна фигура која исчезнува.
Како спознаваме дали вистината која сме ја откриле денес е на страната на доброто, како спознаваме што е добро а што зло.
Па пишете си, како спознавате вие, како знаете каде да ја повлечете границата меѓу доброто и злото ??

Не влечам граница помеѓу добро и зло, туку ја поставувам со принципи.
Никој не може да се огради од дејствувањето и на двете полиња, а тоа е реално.Никој не е ултимативно добар или зол.
Затоа е човекот, човек!
Само за сметка на тоа, кај некои е поизразено едното, а кај некои другото.Животот е составен од тоа, јинг-јанг, а човекот го создава животот.
 
Се во природата оди во пар, за да се создаде баланс....па така и доброто не може без злото...од кај би знаеле дека тоа што е добро е навистина добро, ако нема со што да го споредиме???
А злото мора да постои и за да не направи посилни. И секој си има вродена моќ за препознавање, тоа е инстинктивно, ама никој не може со целост да разграничи, едниставно природата не дозволува така....Нели човекот учи од грешките?? Како ќе згрешиш и што ке научиш во животот ако секогаш знаеш што точно да одбереш како добра варијанта???
Така животот би бил бессмислен:toe:
 
оние прашања на кои не може да се даде јасен одговор не се доволно добро поставени!

Што е важно во животот итн итн...
Секој одговор е бесполезен, ако луѓе со стотици генерации не можеле да одговорат на нив, зарем вреди да се занимавате со нив вие за вашиот краток живот? Наместо тоа, live your life!
 
со ова апсолутно се согласувам:wink:

Што е важно во животот итн итн...
Секој одговор е бесполезен, ако луѓе со стотици генерации не можеле да одговорат на нив, зарем вреди да се занимавате со нив вие за вашиот краток живот? Наместо тоа, live your life!

ама за ова второво, имам чуство дека ни ти не се согласуваш и покрај тоа што си го пишал, ..мислам...првите постови ти се на филозофија..алоо, и викаш дека треба да се живее животот наместо да се замараме со такви прашања..:tapp:....да го мислше тоа , сега ќе пишување во љубов и секс, и ќе пуштеше оглас да најдеш некое чупе за забава:vozbud:
 
ама тоа не беше за филозофија lol...за човечка психологија беше рационализација што нема ВРСКА СО ФИЛОЗОФИЈА. НИ МАЛА ВРСКА.

Ме интересира психологија и како работи човечкиот мозок. Тоа е се. И темата што ја поставив додуше веќе беше реторичка бидејќи веќе го знаев одговорот :))))))))))))))))))
 
Доброто и злото неминовно постојат и се надополнуваат како и се останато во земското постоење. Значи, не може да се каже дека злото е фикција. Единствено што неговото постоење во индивидуалното битие е зависно од перцепцијата. Генерално, злото е пораспространето од доброто. Но, злото кое една поединка го гледа како такво е условено од нејзиниот карактер, начин на гледање на светот, искуства и сл. кои секако го одлучуваат и понатамошното гледање на доброто и злото. Сакам да кажам дека, она што за еден е зло, за друг е добро и обратно.
 
Целава тема е едно вечно прашање, што е добро а што е лошо?
Во врска со болдираното...Секој човек има свое гледање ама сепак има одредени етички и морални принципи кои наведуваат што е добро а што лошо. Е сега тоа наведува на друго прашање, дали она етички неисправното, неправилното е лошо?
И уште едно прашање: Дали основата на човековото битие е доброто или лошото? Нема поделба на луѓето на добри и лоши но која е базата на човековото размислување и погледи, по што се води тој? Мислам дека секој човек во основа е добар, но и секој има некоја лоша нишка во себе...
Вие што мислите?
 
Back
На врв Bottom