Како се справувате со пораз?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
ПОРАЗ 1 во мојот живот

морам да признаам :toe::toe:
 
....Го прифаќате ли поразот или не се откажувате и одите до крај ако е тоа можно?
Како се однесувате кога едноставно ќе почувствувате дека сте немоќни да ги поправите работите?
Што ако другпат нема да ви се пружи таа шанса?


Па нема да се откажам лесно од некого ако стварно ми значи, во превод: да, одам до крај ако е тоа можно...А ако се почувствувам немоќна...не знам, правам се што е возможно за да ја исправам грешката...па има една поговорка: Секогаш на луѓето давај им втора шанса, но не и трета...И ако ми се даде втората шанса гледам да не ја прокоцкам и учам на претходните грешки...Секако ова важи само за луѓето што навистина ми значат...
 
Па најпрво ја согледувам грешката што сум ја направил и се трудам никогаш повеќе да не се повтори...и после таа грешка се трудам да имам што помалку порази:wink:
 
Добив голем и пред се неочекуван пораз- како се справив?
Го примив тоа сакал или не, ми требаше време.Времето шо поминуваше ме направи по храбра и цврста, значи сега не цимулам за глупости и можам се да поднесам
Поразот ми помогна себеси да видам до каде сум и што всушност сакам.
Сепак сум лав, само порано шо бев само хороскопски, а сега и во душа.
После поразот се чувствував пресреќно и фала му на бога уште постои таа среќа во мене,научив да живеам и ценам.
Благодарам млад господине, ти си среќен шо ме порази, а сум среќна шо ме свртен кон правиот пат. Двајцата сме на исто, среќни, само шо ти не си свесен за тоа
 
Go prifakam porazot deka ne sum shmeknal odredena tipka a sum mislel deka ke ja shmekna..gordo ja krevam glavata i prodolzuvam da shmekam:)
 
Лавовски тешко, мнооогу тешко, не откривам дека сум поразена, плачам сама, не сакам да ме тешат...Пробувам да сфатам дека не е секогаш само мојата улога главна во секојдневните случувања, дека постојат фактори на кои не сметам,а придонеле да се најдам во(за мене)поразена ситуација...Храбро, но горчливо ја голтам таа состојба:(((јбг, така оди кај мене тоа...
 
Можеби малку тешко прифаќам порази, но кога ќе се соочам со пораз најпрво ги гледам причините, а потоа кревам глава и продолжувам понатаму.
 
Секој пораз го доживувам како можност за ново издигнување!!!!!!!!!!!!
 
јас сум достоинствен воин кој достоинствено го прифаќа поразот иако понекогаш се нервирам, но многу ретко
 
Но,,како се однесувате кога нештата нема да излезат онака како што сте очекувале и посакувале? Можеби станувало збор за нешто што ви било многу важно во животот и не сте успеале да го постигнете...Или пак сте биле поразени при освојување на некој/а дечко/девојка....

Се разочарувам. Самодовербата ми паѓа и нормално не ми е сеедно. Емотивна сум и ме погодуваат порази, а и поради фактот што сум претерано одговорна, па сакам се да оди како што е замислено, така што ме погодуваат поразите и тоа силно.
Го прифаќате ли поразот или не се откажувате и одите до крај ако е тоа можно?

Секогаш одам до крај. Секогаш додека има трошка надеж се трудам и се борам да го добијам тоа што го сакам, но кога е очигледно дека нема веќе каде,дека е крај, достоинствено го прифаќам поразот, повредена сум, но по некое време, со нови сили кон нов предизвик, иако секој пораз оставил лузна кај мене. И често размислувам за поразите и размислувам што би било кога би било поинаку.

Како се однесувате кога едноставно ќе почувствувате дека сте немоќни да ги поправите работите?
Што ако другпат нема да ви се пружи таа шанса?

Ме фаќа некој внатрешен инает, гледам на секој можен начин да го исправам згрешеното, меѓутоа на крајот сепак овенувам по малку.
Доколку имало 'противници' како се однесувате спрема нив? Дали достоинствено го прифаќате резултатот или пак сте нервозни и можеби агресивни?

Секогаш достоинствено. Секогаш. Особено ако имало противници кои ме поразиле. Главата секогаш гордо крената и насмеана. Поразот можеби ќе ме боли, ќе остави емотивна лузна кај мене, но никогаш не дозволувам некој што не ме сака да види дека патам и страдам и дека не ми е добро. Секогаш со насмевка враќам, без разлика што кога ќе бидам сама, ќе се нервирам што работите не испаднале како што сакам.
 
Се разочарувам.Самодовербата ми паѓа и нормално не ми е сеедно. Емотивна сум и ме погодуваат порази,а и поради фактот што сум претерано одговорна,па сакам се да оди како што е замислено,така што ме погодуваат поразите и тоа силно.


Секогаш одам до крај.Секогаш додека има трошка надеж се трудам и се борам да го добијам тоа што го сакам,но кога е очигледно дека нема веќе каде,дека е крај, достоинствено го прифаќам поразот, повредена сум,но по некое време,со нови сили кон нов предизвик, иако секој пораз оставил лузна кај мене. И често размислувам за поразите и размислувам што би било кога би било поинаку.



Ме фаќа некој внатрешен инат,гледам на секој можен начин да го исправам згрешеното,меѓутоа на крајот сепак овенувам по малку.


Секогаш достоинствено.Секогаш.Особено ако имало противници кои ме поразиле. Главата секогаш гордо крената и насмеана. Поразот можеби ќе ме боли, ќе остави емотивна лузна кај мене, но никогаш не дозволувам некој што не ме сака да види дека патам и страдам и дека не ми е добро. Секогаш со насмевка враќам, без разлика што кога ќе бидам сама, ќе се нервирам што работите не испаднале како што сакам.
Нема достоинство во пораз, само тврдоглавост може да те истурка низ него, од емотивните лузни патиме само ние кои си ги нанесуваме, не никој нема да му биде гајле, иако и победата има цена, но тоа е друга тема
 
Нема достоинство во пораз, само тврдоглавост може да те истурка низ него, од емотивните лузни патиме само ние кои си ги нанесуваме, не никој нема да му биде гајле, иако и победата има цена, но тоа е друга тема

Тврдоглавоста може да те истурка низ него, да, но сепак можеш и со достоинство да го прифатиш поразот. Со крената глава.
 
Тврдоглавоста може да те истурка низ него да,но сепак можеш и со достоинство да го прифатиш поразот.Со крената глава.
А пред кого да ја кревам главата? Пред себе? Ако сум свесен за својот личен пораз можам само да се мразам себе.
 
Сите во животот доживуваме победи и порази ако може така буквално да се каже,,и нормално дека во првиот случај се гордееме со постигнатиот успех..Но,,како се однесувате кога нештата нема да излезат онака како што сте очекувале и посакувале? Можеби станувало збор за нешто што ви било многу важно во животот и не сте успеале да го постигнете...Или пак сте биле поразени при освојување на некој/а дечко/девојка....Го прифаќате ли поразот или не се откажувате и одите до крај ако е тоа можно?
Како се однесувате кога едноставно ќе почувствувате дека сте немоќни да ги поправите работите?
Што ако другпат нема да ви се пружи таа шанса?
Доколку имало 'противници' како се однесувате спрема нив? Дали достоинствено го прифаќате резултатот или пак сте нервозни и можеби агресивни?
Ова сфатете го преку лични примери,,не во буквална смисла на зборот пораз...но во смисол на тоа дека во животот сите имаме подеми и падови така да тука спаѓа се што може да се поистоветува со чувството на поразеност...........повелете:smir:
Првата реакција е нормално, тага и разочарување, исплив на емоции па потоа милиони прашања ми се вртат околу, зошто? како? мораше ли вака? зарем не можеше ли поинаку? Дури потоа, откако ќе се смираѕ емоциите и самата себеси ќе почувствувам дека имам ладна глава анализирам во себе каде имам згрешено и дали постапив правилно. Дали мојот приод беше правилен? Каде згрешив?
Ако изгубам од противник, на пример во спортот(кој е моментално примарен во мојот живот), првата работа што ќе ја сторам е што ќе му честитам. Тоа се вика фер - плеј, етичко правило, кое јас многу го почитувам. Противникот бил посилен од мене, јас послаба, тој победи - јас изгубив. Судбина, не можеш секогаш да си на врвот. И да не е спорт, во било каков дуел ако изгубам заслужено, веднаш би честитала, ако имам згрешено би се извинила.
Но никогаш не би се откажала. Не значи дека ако имам изгубено една битка ја имам изгубено и војната. Упорноста е една од човековите карактеристики кои лично многу ги ценам и почитувам и сметам дека се меѓу најважните и најпотребните да бидат поседувани од страна на еден човек за тој може да се смета себеси за успешен, поточно како што гласи темава, за победник. И да, секогаш се исплатува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom