Како реагирате на лаги?

  • Креатор на темата Креатор на темата renate
  • Време на започнување Време на започнување
Па што знам, зависи кој ме лаже и за што ме лаже. Ако се некои ситници не ни обрнувам внимание, а ако е нешто посериозно му давам до знаење дека ми е јасно дека не ја зборува вистината и му кажувам следниот пат подобро да се потруди, да вежба дома пред огледало. :)
 
Многу лошо!

Во последно време толку многу луѓево лажат што просто им станува рутина.
Секоја вистина ме изненадува како и секако искрено мислење!
Лагите ми се веќе нешто што секојдневно го слушам и нешто што неверојатно ме нервира!
 
Па, ако знам дека соговорникот ме лаже, гледам да го наведам муабетот (или ситуацијата) така, што кога тоа што тој го вели би била вистина, да испадне на негова штета. На тој начин лажгото се соочува со својата лага на најдиректен начин.

Функционира на два начини: или лажгото ќе сфати дека со мене ме може да се мајтапи, или ќе сфати дека не се исплати да лаже. Во едниот случај, се откачувам од лажго во мојот живот, а во другиот случај има шанси да добијам соговорник каков што сакам, што значи искрен и на место.
 
На лагите од луѓето кои не ми значат многу, не реагирам никако. Ги оставам да си мислат што си сакаат. Треба некој да ја помине границата за да возвратам со иронија. Е сеа луѓето што ми значат, кога ке ги фатам дека ме лажат, е тогаш касам ! Уствари се зависи од лагата. Ако е на нивна штета, то ест ако лагата не ме повредува мене, нека си лажат колку си сакаат.
 
Моето кратко животно искуство ме научило да ја делам лагата на “црна“ и “бела“.

Кога некој ја употребува оваа првата, тоа го прави со намера од себе да оттргне некоја вина или одговорност. Тоа најчесто го прават кукавици кои не можат да се носат со времето, кои својата вина ја префрлаат врз други или намерно лажат за да наштетат на друг. Е таквите не ги поднесувам и бурно реагирам на тоа.

“Белата“ лага секогаш ја употртебуваме за да го заштитиме нашето достоинство и т.н. “углед“ во очите на другите, без никакви штетни последици врз другите (освен, нели, врз нас, ако не фатат). Така, лажеме за нашиот прв секс, за тоа дали сме во врска и со кого :) за оценките на училиште и сл. а најмногу “лажеме“ за сексуалната ориентација :( Без лоша намера, нели :)

Ваквиот вид на лага за мене е сосема прифатлив и на неа реагирам со насмевка.
 
Кога ме лажат личности кои измислуваат секакви работи за да остават подобар впечаток не се ни обидувам да реагирам од едно уво влегло од друго излегло. Кога ме лаже некоја личност што ја знам , ми значи ја гледам најчесто во очи и внимателно ја следам и слушам што се ќе ме излаже, најчесто не покажувам дека сфаќам дека сето тоа е лага. Убаво размислувам за се што ме излажал-а, зошто би го правела тоа, си давам секакви мои претпоставки и чекам да видам до кога ќе оди се тоа така со лаги и кога ќе нема крај веќе и ќе биде најдобра прилика кажувам дека цело време всушност знам дека ме лаже. Во зависност од тоа за што лаже или ќе барам објаснување или едноставно ја бришам од мојот живот.:toe:
 
ако сетам дека ме лаже некој во очи му викам:добро, знам дека лажеш, дај ако сакаш да кажеш кажи, ако не воопшто не почнувај .:smir: и толку решен проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom