Како преферирате да јадете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Candy.Man28
  • Време на започнување Време на започнување

Како преферирате да јадете...?

  • Сами

    Гласови: 64 65,3%
  • Во друштво

    Гласови: 18 18,4%
  • Со семејството

    Гласови: 16 16,3%

  • Вкупно гласачи
    98
Претежно сама. Лавовски, со р’жење ако сум гладна, а ми бараш. Значи - НЕ делам храна, кога сум ултра гладна.

Сакам да ручам со моите, иако мајка ми дрдори додека збори, сестра ми кенка, татко ми срка... Несовршени јадачи, ама од иштаф и милост, ќе седнам.

Најслатко ми е мезењето во друштво, кога сме во кафанче, по родендени, и слични пригоди.
А исто и со момакот, кога си праиме ќејфови. Да ти е мерак да му зготвиш и да јадеш со него.
 
Во друштво...коа ќе седнеме како хиени на слава или слично. :D
 
Сама најубаво е (и ко прасе да се направиш никој ништо нема да ти рече) :D но ретко се случува тоа, а видат дека јадам одма се лепат на масата :confused: посебно брат ми
 
Порано сакав сама, ама сега сакам да јадам со некој што има скоро ист вкус за јадење како мене. Со некој со кого имаме исти омилени јадења, па така да можеме заедно да уживаме во јадењето :)
 
Сама најубаво е (и ко прасе да се направиш никој ништо нема да ти рече) :D но ретко се случува тоа, а видат дека јадам одма се лепат на масата :confused: посебно брат ми

Па затвори се во соба. Клуч на врата и ај пријатно. :pos:
 
Во друштво ми е најслатко некаде седнати или дома онака со мерак :)
 
Пијам во друштво а јадам сам.
 
Сама. Така можам во ориз да си истурам кисело млеко или во боранија таратур и никој да не падне во несвест :icon_lol:
 
Сам, пред се поради комфорот.

Во последно време наместо готова храна се повеќе готвам и си спремам салати и слично.
Има нешто поетско во целата таа процедура.
 
Најчесто сакам сам да јадам затоа што јадам како што јас сакам, а не некој друг да ми кажува како треба да се јаде, на пр. кога јадам месо или риба татко ми одма ми вика земи јади со рака. Тоа ме нервира.:mad:
 
Па јади со рака,поубаво е :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom