Како ќе се менува климата?

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
До 2100-та година температурата на Земјината топка ќе порасне во просек од 1,8 па до 4 степени целзиусови. Ова го предвидуваат експертите на ОН за истражување на климатските промени во најновиот извештај. Меѓу нив имаше и неколкумина германски експерти од Макс Планк Институтот за метеорологија во Хамбург, кои одржаа посебна работилница за да претстават повеќе детали од нивната истражувачка дејност. Прилог на оваа тема подготви Франк Гротелишен.

Даниела Јакоб е една од истакнатите германски експерти на полето на климата, која беше дел од тимот на ОН. Нејзината активност е насочена кон изработка на компјутерски симулации, што ги прикажуваат тенденциите на полето на климатските промени.

“Зимските месеци се чини повеќе ќе се затоплуваат, отколку летните. Она што особено се менува, тоа е распределбата на врнежите во четирите годишни времиња. Така за Германија може да кажеме дека во зимските месеци ќе има од 20 до 25% повеќе врнежи, но затоа летните месеци ќе бидат дотолку посуви.“

Од овие промени особено ќе биде погоден регионот на Средоземното море, проценува Даниела Јакоб:

“Кај нас во летните месеци ќе врне околу 25 проценти помалку, но затоа тој дефицит ќе се изедначува со врнежите од зимските месеци. На тој начин водата за пиење во цела Германија не би требало да стане проблем. Но, во средоземно-морскиот регион тоа нема да биде така. Таму во летните месеци очекуваме речиси воопшто да не врне повеќе, а и во зимските ќе има занемарливо малку врнежи. Тоа значи намалување на врнежите во текот на целата година, од една страна, и температури што ќе се искачуваат значително преку 40-тиот степен, од друга“ - појаснува експертката Даниела Јакоб.

Ако се оствари прогнозата за глобално затоплување на Земјината атомосфера за 1,8 до можеби и цели 4 степени целзиусови, тоа ќе доведе до покачување на нивото на морињата од 18, па до цели 59 сантиметри.

На што се должат ваквите големи разлики во прогнозите, не можат ли експертите да дадат попрецизни прогнози? Стручњаците од Институтот Макс Планк во Хамбург посочуваат дека има два клучни фактора кои не можат да се предвидат со толката точност, а од кои суштински зависи интензитетот на климатските промени. Првиот е количеството на гасови што ја затоплуваат атмосферата. Никој не може да каже дали државите во светот ќе се вразумат и ќе воведат ригорозни мерки на органичување или пак се‘ ќе си остане по старо. А втората причина за непрецизноста на прогнозите е тоа што стручњаците уште не ги познаваат доволно законитостите на климата. Клучно прашање на кое им недостасува одговор при тоа е: како ќе се однесуваат облаците во услови на покачена температура:

“Од чисто физички аспект не може да се каже дали во затоплената клима облаците ќе станат поретки или почести и погусти. За овој феномен немаме веродостојни научни теории“ - вели Ерих Рекнер од Макс Планк Институтот. А облаците можат да одиграат важна улога во целиот процес, бидејќи можат да придонесат за намалување на затоплувањето:

“Ниските облаци многу силно го рефлектираат сонцето. Ако се намали степенот на покривање на Земјата, тогаш на неа ќе доаѓа зголемено сончево зрачење и тоа ќе го засили затоплувањето уште повеќе“ - смета Рекнер.

Според одредени модели токму тоа и‘ се заканува на Земјата. Други научни модели го тврдат токму спротивното, имено дека ќе има повеќе и погусти облаци, што ќе го успори затоплувањето. Веќе према тоа кој од двата модела се применува, конечните разлики во резултатите и прогнозите се разликуваат и до цели 2 степена целзиусови – што е огромна разлика.

Извор
 
Procitav nekade deka letoto i zimata ke se menuvaat, vo juni, juli ke bilo zima, a za nova godina leto, toa otprilika za 50 do 100 godini. Steta sto nema da sme zivi za da go vidime i toa cudo
 
Za se se krivi naucnicite koi eksperimentiraat so se i sesto. Paza toa luge vnimavajte ke se isprzime kako gusteri. Obezbedite dobri klimi letovo.
 
Abre to ke se sluci ako prodolzat ovie Amerikancite kako so prat dosega.
 
SRCE I DUSA напиша:
Obezbedite dobri klimi letovo.
ep.gif
ep.gif
ep.gif



Инаку не знам што бара темава во Мистерии, најмалце од се ова е мистерија.
 
Ух, толку црно сценарио не очекувам. Овој ефект на стаклена градина само го забрза темпото на она што веќе беше почнало „топењето на ледената доба”. Позагрижувачко е емисијата на штетни гасови! Отровот што го дишеме. Озонот! Тоа ме загрижува. На отпад за старо железо имаше 20-тина боци од Фреон...што дур бевме таму една експлодира (да не опишувам за смрдеата) а оштетениот озон беше 2км^2. Па ајде инспекција, па ги санираа...

Татко ми беше пред 6-7 години државен инспектор за заштита на животна средина. Многу добро ги знае овие работи и бев во тек. Вакви црни сценарија се само теоретска претпоставка со МНОГУ варијабли и не верувам дека може толку драстично да дојде до промена. Но, никогаш човек не знае...ќе видиме!
 
Многу интересно но сепак ке биде спротивно оод очекувањата на сите - нема да има затоплувања додуша ќе ги има но не за долго па така ќе биде ново ледено доба без разлика на емисиите на штетни гасови т.е веќе милиони години сме во фаза на затоплување и иди рeд на другата фаза. :)
 
Дали ќе има глобално затоплување или ледено доба зависи и од црните точки што се наоѓаат на сонцето и што ја менуваат местоположбата и бројот на секои 10тина години, наводно доколку биле помалку доаѓало намалување на температурата
sun920607ku0.jpg
 
Tina89
Си заборавила да го спомнеш глобалното загадување и употребата на атомско оружје. Вака како што тргнало немора да се менува климата, САМИ ке се истребиме...
Се надевам дека нема се да остане само на форуми вака.
 
Dzish напиша:
Tina89
Си заборавила да го спомнеш глобалното загадување и употребата на атомско оружје. Вака како што тргнало немора да се менува климата, САМИ ке се истребиме...
Се надевам дека нема се да остане само на форуми вака.

би требало да не остане вака, ама како што идат работиве, тешко да се мрдне од тука :)
 
како ќе се менува ?! Епа, како што тргнало летото и зимата ќе си ги заменат местата, бидејќи ваква зима не сме имале никогаш во историјата, мислам за во Македонија, незнам за другите држави, но и таму не е исто како порано. :)
 
ќе добиеме тропска клима и после се у курац ќе оди нема спас... А се ова е ради неправилното ротирање на јадрото на земјата, гледсав емисија за ова на Discovery, тип еден направил програма што му предвидува ротирањето на јадрото и почнало да се двои и на делови да ротира обратно и ваљда е ради тоа се ова со климата....:toe:
 
acswitch.JPG


Еве опишано ви е на сликава...

:)
 
Slikavaaaaa :cheeky1: A spored mene mrazot ke se stopi Grcija Albanija i Bugarija pod voda a nie makedoncive sekoj den na MoREeee:)
 
Шо убо... :) ќе си купам вила покрај плажа во Воден :) хехех...сакам под водопад се капам...сакам во море...кај има поубо од то:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom