Како ја замислувате слободата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Intex
  • Време на започнување Време на започнување
Има веќе тема за просветление и натсвест ;)
Слобода = постојана максимална бестрашност. Во сите услови и околини.
 
Слобода, кога никој не те тера да правиш ствари. Слобода, кога си единствен господар на своето време.
Никој не гарантира дека слободата значи среќен живот. Уствари, бидејќи слободата значи и да имаш голем избор, практично сите сме доста слободни луѓе. Меѓутоа сепак правиме погрешни избори.
Слободата не му годи на секого. Има луѓе со послаб дух што едноставно мораат да робуваат на некојси правила и институции. Со оглед на бројот на организации и институции кои бараат униформирано однесување на членовите, гледаме дека бројот на овие луѓе не е мал.

Слободата како сликичка што си ја замислувам...како лежам на бел облак а небото е сино.
 
Меѓу непријатели не си слободен. А бидејќи општеството е поделено, значи не можеш да бидеш слободен. Слободата е за во идеално општество.
 
Не ја замислувам, затоа што заради неа, реалноста уште повеќе ми се загорчува!
 
Целосна слобода ќе има само ако политичкиот систем е анархија. А, анархијата е систем што јас лично многу го почитувам, бидејќи се базира на самиот социјализам. Инаку за слобода, јас мислам дека ќе има слобода кога ние слободно ќе вршиме се што сакаме. Но тоа би работело, само во времето пред цивилизацијата. Денеска какви психопати има, што навистина не треба да им се даде слобода никаква. Ако тие имаат слобода, ќе го нарушат целото наше постоење. Замислете си, ако немаше пари, добро ќе беше, или ако беше анархистичкиот систем од почеток на постоењето наше. Но денеска ако се воспостави анархија, сите луѓе ќе спобудалат за пари (а нема да им требаат).
Многу има за пишување на оваа тема. Слобода... Слобода! ;)
 
Падне системот, нема влада, нема судство, нема парламент. До кај ќе стигнеме? Може да идеме и кон подобро, ама и кон полошо. Шансите се еднакви.
Штом падне системот, ќе прави кој што сака, арно ама до кога ќе е така? Сигурно дека ќе заврши и тоа. Луѓето ќе еволуираат, ќе станат свесни што треба да прават, а што не, ќе владее нивната совест, а не правилата.
Што ако не еволуираме е прашањето? Што ако продолжи таквото однесување до бескрај?
 
Само “ умноболните “ се слободни , апсолутно се слободни .

Истите не робуваат на моралот и етиката , не се фрустрираат , нив законите не ги фаќаат , не одговараат за своите постапки .

Борбата за слобода те прави роб на истата .
 
Не постои слобода. Можеби и тоа МОЖЕБИ се раѓаме слободни, но веднаш послетоа сме во синџири. Не само за одговарање пред закон, морал и сл. Туку и за изборот кој го имаме како луѓе. Има неколку големи фирми од кои мораш да избереш што ќе носиш, јадеш, одржуваш хигиена и сите други потреби. Изборот е мал и колку и да сакаш никогаш не е по твое.
 
Ова ми звучи ко Фајт клабер.:D
Advertising has us chasing cars and clothes, working jobs we hate so we can buy shit we don't need.
Колку само вистинито.
 
Слобода ја замислувам нешто као сите умираат од овердоуз.
И не се жалите дека тука у мкд немате слобода. животот ви нуди милиони можности. Значи можеш и да работиш некаде кај што не ти е кеф али ке земеш пари и ке си направиш кеф. Да се работи мора, ако сите легнат на земја си стават сламка у уста и си гледат зајдисонце ке умреме од комфор. Имаш избор, не ти се свиѓа урбан живот, закони, луѓе... имаш места у свет кај што никој не стапнува. Пример Аљаска, стотици километри у шума и природни убавини, ти скурчило од све, ајде бриши тамо. Него неее, колку и да несакаш пак сакаш некој да те гледа, да се докажуваш, тоа ни е некако у природа а против природа ако идеш ке се заебеш. Тоа ти е као да идеш сам против себе.
Глупости трескам, ми се спие ми се плаче. :)
 
Слободата ја замислувам како новороденче. Со секоја помината минута се помалку и помалку ја имаме. Со секоја информација која ќе ја внесеме во нашите глави се повеќе и повеќе сме приковани или ограничени од нешто.
Не е општеството виновно за нашите ограничувања. Да, има закони, но ако не ги знаеш нема да чуствуваш никаква обврска да ги почитуваш. Можеш да живееш во центарот на градот и да не знаеш дека има закон за нарушување на редот и мирот, па да се чуствуваш слободно во секое време да го појачаш звукот на телевизорот. Исто така можеш да живееш во планина, но да знаеш дека ако залуташ сам ќе те нападне некое диво животно и повторно да не се чуствуваш слободно. Знаењето е тоа кое ни става окови, без разлика дали се тоа окови на страв, алчост, завист, желба....
 
Знаењето е тоа кое ни става окови, без разлика дали се тоа окови на страв, алчост, завист, желба....

Analogno na toa , ako nema da znaesh kolku e opasna zmijata , okovite od stravot nema da postojat , ke bidesh posloboden ?

Mislam deka znaenjeto e eden od preduslovite kon pogolema sloboda , a ne pricina za robstvo .
 
Еден професор по филозофија ми го има кажано ова : Слободен си ако
1. Отидеш на нудистичка плажа
2. Отидеш на нудистичка плажа со своите родители
3. Отидеш на нудистичка плажа со своето потомство

Кога си размислам не е и далеку од вистината. Сепак “натчовекот“ на Ниче ослободен од сите предрасуди и стереотипи не е можен во вакво општество и морал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom