Како ја замислувате слободата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Intex
  • Време на започнување Време на започнување
I

Intex

Гостин
Свесни сме дека денес во ова општество не ги живееме ние нашите животи, туку животите се живеени од страна на еден куп пишани и непишани правила, па нашиот живот претставува само одење по однапред трасирана патека, од која не сме во можност да излеземе ... поради законите нели. Од ова доаѓаме до закључок дека не сме слободни, туку сме робови на законите, политичките системи.
Соу, како ја замислувате слободата? Што воопшто претставува слободата за вас? Дали сте размислувале некогаш да ја преминете границата, и со тоа да ги прекршите законите?

П.С. Не видов ваква тема, па ако веќе има, кантосајте ја оваа. x)
 
Логично според воведов слободата настапува после ‘уништување‘ на тие закони , правила , и бла бла бла...
Ама тука има еден проблем , бидјеќи навидум човекот е социјално суштество , и не говорам за човекот од животински аспект туку од идеалистички.Гледаш , сите тие правила се договорени концепти како човекот би уживал во општеството (неговата социјализација) , угнетувачот на таа слобода е конзерватизмот , кој толку стриктно се држи до некои егоистични верувања , и така го обликува општеството.
Кога не би било општество , не би можел да ја споредиш својата ‘слобода‘.Алас , либерализмот и константната еволуција на духот не води до слобода.
Во кратки црти , треба да се ослободи човек од сите негови наметнати вредности , и траги од општеството т.е. да го умртви своето его , како би можел да ја перцепира реалноста правилно , да ги создаде најпрецизните и што посовршените вредности и да ги упише во своето его , како би можел да ја ужива таа слобода.
Нема бесконечна слобода , исто какошто непостои перфекција.Само константна желба за промена и усовршување.
 
Ако треба слободата да ја "замислувам" боље ќе идам ќе се убијам.
 
Слободата е субјективна категорија.
Но зарем е навистина важно кога некој веќе подготвил спремен одговор и стратегија со која што може да се достигне дефинирање на поимот.Се одбележува како наша јавна политика, така и чувството се однесува на нашиот секојдневен заеднички живот, но Перикле и старите Хелени навистина не биле капацитетни за да доловат демократија која што е во суштина слобода на бирањето, изборот е слобода.
Сега ми изгледа навистина банално да ја барам слободата во рамките на општеството, затоа што цел еден сплет од обичајни, морални правила ми го покажува кодексот на однесување, законот ми се заканува со санкција а моите родители и пријатели со осуда ако сакам да се шетам боса по улица облечена во ноќница, тоа што е вообичаено е нормално, да се бара задоволство во враќање во првобитната состојба на Хобс е себично.

Човекот нема ментален склоп и психолошка позадина за да биде слободен, не би се снашол во тоа да мора да биде оригинален со сам себе зошто општеството нуди утеха и заштита дури и кога е расипано.Лесно е да се биде бунтовник кога постои систем или да се има субкултура кога примарната пости, лесно е да се сонува за слобода кога е ограничена.
 
Јас мислам дека слобода е да правиш што сакаш.
Општеството не го ограничува тоа. Нема никаква допирна точка со слободата.
Ти ако сакаш да живееш како што сакаш, ќе живееш како што сакаш и нема да ти биде гајле што мислат другите за тоа.
Тоа е слобода.

Друга работа е што чувствуваме обврска кон некој/нешто и затоа не можеме да правиме што сакаме. Тоа е тоа што не прави да мислиме дека нема слобода, тоа се обврските кои те спречуваат да правиш што сакаш.
Пример: Малолетник несмее да се движи надвор после полноќ. Некои, чувствуваат обврска кон законот и го почитуваат, па се враќаат дома во 12. АМА, некои, НЕ чувствуваат обврска и НЕ го почитуваат законот, па се враќаат дома кога сакаат. Најслободни се оние што се враќаат во 12, ама не чувствуваат обврска да се вратат во 12.

Е тоа е слобода. Општеството не те спречува во ништо. Се е изводливо. Поентата е да сакаш да правиш нешто што е реално и остварливо во реалниов живот.
 
Слободен човек е оној што прави грешки во животот, што се стреми за нешто ново, за промена. Оние што не прават, или ги избегнуваат со сета сила најверојатно немаат ниаква динамика, нити пак сатисфакција во животот...Дел од слободата е и силата да се спротиставиш на мислењата и ставовите, на оние кои те опркужуваат доколку не се сложуваш со нив. Слободата е и право да живееме како што сакаме, да не си ги ускратуваме задоволствата само затоа што некој мисли дека тоа е неприкладно или "неправилно" Градењето на сопствениот животот според туѓи стандарди и сваќања, што е најважно водење по нив како директен избор за сопственити постапки е всушност дефиницијата за робување! и немање ни С од слобода.
 
Kako ?
Да не треба(мора) ништо со сила да правам (за мене), да не ме тера никој со сила ништо да правам , да не треба за некого со сила ништо да правам ..........ммммм...
А ако размислам поубаво ја веке ја имам слободата..........
хахахахаха
 
Како би ја замислил?
Пред се Филмски во ваков стил: Freedom!
braveheartd.jpg
 
Јас ја замислувам некако како трчам по гаѓи по едно поле, целосно покриено со мара и на средина на полето кое е покриено со мара има еден огромен хангарр/фрижидер кој е полн со скопско (стаклени, лименки и џамбо пакување), каде како слугинки и мои робинки се џенцки како Ники Бенз, Делта Вајт, Лиза Ен воглавно тој калибар.

Вака некако од прилика ја замислувам слободата.
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!
 
Слободата не се замислува, таа се чувствува. Човек е слободен кога нема окови на душата, кога нема окови на срцето, кога живее слободен од ограничувањата наметнати од другите, но сепак не повредува никој притоа. А најголемата слобода според мене се достигнува кога човек ќе се ослободи од горчината што ја осеќа.

Сепак, слободата е индивидуална работа... Либералите би рекле дека човек е слободен да праи се што сака додека не му штети на другиот. Е сега, тоа е многу дискутабилно... :)

Не можеме да правиме се што сакаме, но тоа не значи дека не сме слободни. Многу побитна е внатрешната слобода отколку надворешната...
 
Според мене се е слободно и дозволено и така сами си ја креираме слободата ..слободата е онолку колку што ми дозволува свеста да направам , во однос на таквата слобода не постојат закони ни правила .
 
Слободата......стално замислувам една огромна зелена ливада по која трчам, трчам, трчам.....
п.с. ке се вратам со дообјаснување:pipi:
 
Во мојата слобода нема страв.Ама тоа е само пуста имагинација,зашто немало период во мојот живот без присуство на некој вид страв,така да можам само да замислувам.
 
Се додека постојат банки што ќе не` врзуваат со кредити и камати, моќен маркетинг што ќе не врзува за телевизорите и ќе ни наметнува вештачки потреби, пропаганда што ќе ни го подзамива мозочето, монетарна економија што ќе прави да газиме по живи луѓе за купче вредни книжулиња, авторитети чии робови несвесно ќе станеме оти од нив ни зависи живеачката, држави чии (често банални) закони физички и духовно не` ограничуваат итн итн... Нема да постои слобода.

Мојата слобода не соодветствува со нормите и условите на денешниот век (а уште помалку на некој од минатите).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom