Како ја замислувате Обединета Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Офчар
  • Време на започнување Време на започнување

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
Возраст
38
Веб-сајт
vuna.blog.com.mk
Сум приметил на форумов дека има многу слики и пораки за обединување на трите (сосе албанскиот четири) дела од Македонија. Она што мене ме интересира е како е замислена таа Обединета Македонија? Прво, како да се случи? Па после, како би била уредена? Унитарна или федеративна? Кој би бил главниот град? Кој јазик би бил официјален? Што со луѓето кои зборат грчки и бугарски, дали ќе им се дадат некакви права? Што со економијата (на пример, бродоградбата)? Која би била валутата - евро или денар?
 
Јанко Јади Бурек ќе биде врховен владар на Обединета Македонија, лево ориентираното иредентистичко дрво кое не дава плод ќе се исече и ќе се фрли во огнената Геена колективен нирвански транс ќе ги обедини македонците лавот и јагнето заедно ќе пасат, а од реките ќе тече кока кола и сите ќе јадеме алва за доручек.
Меј пис би апон ју.
 
Сум приметил на форумов дека има многу слики и пораки за обединување на трите (сосе албанскиот четири) дела од Македонија. Она што мене ме интересира е како е замислена таа Обединета Македонија? Прво, како да се случи? Па после, како би била уредена? Унитарна или федеративна? Кој би бил главниот град? Кој јазик би бил официјален? Што со луѓето кои зборат грчки и бугарски, дали ќе им се дадат некакви права? Што со економијата (на пример, бродоградбата)? Која би била валутата - евро или денар?

Сега за сега топиков и идеата ти е Утопија ама ајде. Не би биле вистински Македонци кога не би сонувале за оваа Македонија -национална држава на македонскиот народ со официјален македонски јазик, валута статер. На тие што тие што не се македонци ќе им напишимe пакокази за "вонка"

Aааа да не заборавам еве ја мојата Македонија.

Macedonism%20of%20the%20Slavs_img_13.jpg
 
Сум приметил на форумов дека има многу слики и пораки за обединување на трите (сосе албанскиот четири) дела од Македонија. Она што мене ме интересира е како е замислена таа Обединета Македонија? Прво, како да се случи? Па после, како би била уредена? Унитарна или федеративна? Кој би бил главниот град? Кој јазик би бил официјален? Што со луѓето кои зборат грчки и бугарски, дали ќе им се дадат некакви права? Што со економијата (на пример, бродоградбата)? Која би била валутата - евро или денар?

Ова оди малку подалеку и од Војна на Ѕвездите ама ајде да се обидеме :)
Македонија ќе биде технички обединета и тоа е догледно во нашиот животен век.Доколку се интегрираме,ќе се отворат границите и во кратки црти тоа би било тоа.Меѓутоа,во наш интерес е да претходно се признаат малцинствата во Бугарија и Грција и се обезбедат и гарантираат нивните човекови права.Ако тоа не се реши додека сме аутсајдери нема никогаш да биде решено.Затоа и се води оваа комплексна политика каде главен интерес е времената разлика помеѓу влезот во НАТО и влезот во ЕУ.Ако влеземе утре во НАТО,тогаш од наш интерес е да го пролонгираме влегувањето во ЕУ додека не си ги реализираме целите и интересите.Како што сите нели знаеме,НАТО е Америка а ЕУ не е.Ако успееме да ги постигнеме целите,а би требало ако сме нели дел од НАТО,тогаш влезот во ЕУ би значел културно обединување.Поинакуво обединување,да бидеме реални не е возможно.Инаку,да дадам едно мое мислење околу главниот град во таа обединета Македонија..
Значи,Скопје ја игра улогата на бедем од албанската инвазија.Се додека бројот на доселени Македонци во Скопје ја надминува три пати бројката на доселени Албанци,нивното влијание останува од таа страна на Вардар.Доколку би се обединиле,атрактивноста на Скопје и на Охрид би паднала во сенка на Солун а тоа значи нагло купување на недвижнини.
Економијата..
Гледав еден документарец за Кореа и евентуалното спојување на Северот и Југот.Еден паметен човек рече дека они можеби се еден ист народ ама економската ситуација ги прави и те како различни.
Поволно за нас е тоа што,Атина од никогаш не била заинтересирана за северната покраина,па нашите таму иако се европејци се блиски до нашиот начин на живот.Солунчани од друга страна,иако имаат значителен процент на свесни Македонци,се различни и затоа не им е баш најмило што ете некој селанец од сиромашниот север се поистоветува со нив.Пиринска Македонија е иста со нас во секој поглед.
Културната унитаризација подвлекува актуелизирање на македонската култура и јазик и кај оние кои нажалост сеуште немаат контакт со неа а се свесни за нивното потекло.
 
Сега за сега топиков и идеата ти е Утопија ама ајде. Не би биле вистински Македонци кога не би сонувале за оваа Македонија -национална држава на македонскиот народ со официјален македонски јазик, валута статер. На тие што тие што не се македонци ќе им напишимe пакокази за "вонка"


Tоа автоматски значи 99% од пиринско да се изселат. Брат, еднаш грците са не изселиле од егеиско. Сега и вие ли ке не гоните од нашата земја - Пиринско?:helou:

А рисите велат "Мечтать не вредно". Пари не сакат за него.:)
 
Народ кој си ги почитува традициите, ја негува културата, многудетната фамилија.
Народ кој не се срами од своите симболи и својата историја.
Народ кој со прст покажува кон тие кои го делат и разделуваат.
Народ кој не остапува ниту милиметар од неговото а го почитува туѓото.
Народ кој е имун на странските пропаганди.
Кој памети а не заборава.

Со таков народ ќе имаш обединета Македонија.
 
Па според уставот што го имаме сега... :) Сите можат да живеат во Обединета Македонија. Дали Македонци, Гејци, Срби, Бугари, Албанци... сите можат да живеат, само што тогаш демографијата ќе се смени и ќе бидеме малцинство во своја држава. Со други зборови државата нема да е наша а ќе бидеме заштитени како ендемен вид (нешто слично како моликата (благодарам на тој што го имаше кажано ова)) и ќе се браниме со Бадинтерово мнозинство.
Но покрај сите тие пречки, најголема пречка ќе биде тоа што сите не-македонци во таа Обединета Македонија нема да гледат ЛЕГИТИМНА држава, па пропастот секогаш ќе и биде во близина.

Ако пак се смени демографско се, значи ако имаме по 10 деца и не не собере во пола Скопје, Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Велес, Штип, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, итн... па почнеме да ги населуваме повторно тие предели... можеби нешто ќе успее. Ако има народ, ќе има иднина, без деца ние немаме иднина ни во оваа ни во обединета МАКЕДОНИЈА.
 
Obedineta Makedonija ja gledam vo momentalnite granici i clenka na Eu.
 
Tоа автоматски значи 99% од пиринско да се изселат. Брат, еднаш грците са не изселиле од егеиско. Сега и вие ли ке не гоните од нашата земја - Пиринско?:helou:

А рисите велат "Мечтать не вредно". Пари не сакат за него.:)

Па почни да се пакуваш уште сега.:baeh:


Obedineta Makedonija ja gledam vo momentalnite granici i clenka na Eu.

Ќе ве убие романтиката бе комуњаришта.
 
Народ кој си ги почитува традициите, ја негува културата, многудетната фамилија.
Народ кој не се срами од своите симболи и својата историја.
Народ кој со прст покажува кон тие кои го делат и разделуваат.
Народ кој не остапува ниту милиметар од неговото а го почитува туѓото.
Народ кој е имун на странските пропаганди.
Кој памети а не заборава.

Со таков народ ќе имаш обединета Македонија.
Ова е битно.... А не територијата на која ке се простира државата и дали ке излегува на море или не.
 
Немој од толку реализам ќе умреме. :)

Mora da se nasocime kon toa sto go imame bidejki lesno moze da go izgubime. Sekoj makedonski graganin treba svojot intelektualen potencijal da go nasoci vo pravec kako da i se pomogne na Makedonija.






Ќе ве убие романтиката бе комуњаришта.

Romantika nikogo ne ubila, no nacional romantika da :smir:
 
Mora da se nasocime kon toa sto go imame bidejki lesno moze da go izgubime. Sekoj makedonski graganin treba svojot intelektualen potencijal da go nasoci vo pravec kako da i se pomogne na Makedonija.



Romantika nikogo ne ubila, no nacional romantika da :smir:

Да се гледа таа политика кај не донесе, за жал денес сме заглавени и мора да играме со неа. Инаку ако во минатото 91 до 96 баравме што ни следува, денес ќе ја имавме само оваа Македонија, но немавме да ги имаме овие проблеми.
 
Колку и да сонуваме знаеме дека тоа е скоро неизводливо.Со самата помисла дека некогаш можеби ќе живееме во обединета Македонија ми заигрува стомакот,но кога ке се сетам дека СЕ е асимилирано во НАШАТА присилно одземена територија и е реткост да сретнеш некој од Пирин и Егеј што ке каже јасно и гласно - Јас сум Македонец ,со оглед на тоа дека 100% од населението пред 96 години било Македонско, а денес има некои срамни бројки... :icon_neut
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom