Како изгледал Исус?

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Иако според евангелијата Исус беше јавна личност, кој учеше проповедаше се дружеше одеше по куќи... нигде не е запишан негов опис, како изгледаше, та дури ни најопшти напомени, дали бил висок или низок, каква му била косата... очите...
Тоа се должи пред и се што никој кој ги пишувал евангелијата не го знаел Исуса. Тие настанале децении и векови по смрта на Исус. Но со некои индиректни показатели, можеме да претпоставиме како би изгледал. Имено во Гетсемминската градина, Јуда морал да го бакне Исуса за да го препознаат слугите на свештеникот и римските војници. Значи ли тоа дека Исус по ништо не се издвојувал по својот раст, изглед облека од било кој просечен евреин во тоа време? Спрема Х.Џ. Велс автор на “Историјата на светот“ Исус бил со слаба физичка градба поради чудно брзата смрт на крстот (која брзина го изненади Пилата). Од друга страна Челзо за ликот на Исус вели: “Кога навистина духот божји би престојувал во неговото тело, би требало да се претпостави дека тој се одликува со личота и совршенство на снагата како и со красноречивост. Зошто не може да се поверува дека оној, во чиешто тело нема нешто божествено со ништо не се разликува од другите. Меѓутоа луѓето расправаат дека Исус бил малечок по бој, а лицето му било толку грдо што предизвикувало гнасење“ Иако ова беше гледање на еден проитивник на христујанствцото и човек кој своите ставови за убавината ги градел по урнек на боговите и хероите од римакс и грчка митологија сепак, потврда за таков опис наоѓаме и кај еден голем христијански писател Теуртулијан. Тој вели: “Неговиот лик беше сосема лишен од секаква убавина и привлечност. Навистина, зарем би се нашол дрзник кој што би ставил и најмалечка дамка врз едно тело што е надарено со со натпросечна убавина и коешто блескоти со небесна светлина?. Кој би можел да плукни врз еден образ од лицето ако Христос не се истакнувал со својата грдотија којашто и го направила да биде предмет на презирање во очите на луѓето, и ако тоа лице изгледало дека единствено ја заслужува плунката“
 
paaaa KAKO MENE!!!!
Зошто да не .. можи да личи на било кој обрежан семит, тоа ете заборавив да го споменам како единствен сигурен белег кој Исус на телото го имал то ест дека неговиот полов орган беше обрежан (ако некој не знаи што е - тоа е сунет)
 
Нели не треба да се прави слика на она што е на небото, вклучувајќи како изгледа Исус и се друго???
 
По што е овој белег толку сигурен?:) Мислам, од каде податоци? Јас не се сеќавам во Библијата да сум прочитала такво нешто.

Во однос на неговиот изглед... (Ако воопшто постоел) не би ме изненадило да изгледал сосема нормално како секој просечен човек, па дури и да бил грд. :toe:

Теории има милион... Една од нив и дека бил жена. :icon_lol:
 
Нели не треба да се прави слика на она што е на небото, вклучувајќи како изгледа Исус и се друго???

Тоа е еден од ставовите на една од многубројните цркви, инаку јас не зборувам за Исус на небото како изгледа туку како изгледаше овоземниот Исус, кога беше ... човек
 
Од кај да знам како изгледал Исус? Не сме живееле во тоа време па сеа да знаеме и детали.

Сигурно имал брада,бил слаб итн итн итн......

На крај тоа и не е битно битно е да се верува во нешто нели ?:smir:
 
По што е овој белег толку сигурен?:) Мислам, од каде податоци? Јас не се сеќавам во Библијата да сум прочитала такво нешто.

21 А кога се навршија осум дена за да биде обрезан Младенецот, му кладоја име Исус, известено од Ангелот уште пред да биде зачнат во утробата
Лука 2

Од кај да знам како изгледал Исус? Не сме живееле во тоа време па сеа да знаеме и детали.

Сигурно имал брада,бил слаб итн итн итн......

На крај тоа и не е битно битно е да се верува во нешто нели ?:smir:

Евангелијата се пишани од луѓе кои појма немале како изгледал Исус, затоа што никогаш не го виделе. А пишуваат што рекол и каде бил и што проповедал !?!?. Евангеијата настанале мноооогу по смртта на Исус како компилација на усни прикаски испреплетени со легенди и митови. Затоа и се толку спротитсвени по содржина едно со друго.
 
Член на раководството напиша:

Па затоа и нема никогаш да дознаеме како стварно изгледал Исус.
 
Затоа нема никогаш да дознаеме ни што зборувал ни што проповедал

Па има вистина во тоа.

Незнам колку е вистина, но имам слушнато дека не се сите евангелија зачувани односно дека само 5 се зачувани. Е сеа ако е тоа вистина тогаш би им верувал на оние евангелија кои се уништени. Во тие евангелија би требало да е вистината.
 
Член на раководството напиша:
Евангелијата се пишани од луѓе кои појма немале како изгледал Исус, затоа што никогаш не го виделе.

Зарем Матеј и Јован, кои 3.5 години не се одлепиле од Исус, не знаеле како он изгледа? :)
Ако они не го опишале нивниот лик, тоа не значи дека тие не знаеле како Исус изгледа. Евангелијата не се уметнички портрет на Исус. Евангелистите немале потреба да го опишуваат изгледот на Исус. Впрочем на кого тоа би му било важно? Тоа не ја засега евангелската порака, ниту било која доктрина од верата. Зошто евангелистите да ги искушуваат иконографите да ја прекршуваат 2та божја заповед, кога тие и без тоа ја прекршуваат :)
 
Не се Матеј и Јован автори на евангелијата, имињата Матеј и Јован на тие евангелија му се дадени во 4ти век, инаку до тогаш немале ни имиња, инаку на пример кај Јован Исус ги избркува продавачите пред храмот на почетокот на неговото дело а кај Матеј на крајот, Кај Јован Тајната вечера е на 13стиот ден од месецот а кај Матеј на Пасха
Јовановото евангелије настанало околу 100 тата година (70 години ПО смртта на ИСус) а на Матеј околу 110 година (80 години ПО смртта на Исус)
 
незнам!јас секогаш го замислувам онака како што го преставуваат на филмовите!
 
незнам!јас секогаш го замислувам онака како што го преставуваат на филмовите!
ее филмови.. во нив секогаш јунаците и јунакињите се убави, згодни, паметни.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom