Член на раководството
Форевер тугедер
- Член од
- 15 март 2006
- Мислења
- 698
- Поени од реакции
- 20
Иако според евангелијата Исус беше јавна личност, кој учеше проповедаше се дружеше одеше по куќи... нигде не е запишан негов опис, како изгледаше, та дури ни најопшти напомени, дали бил висок или низок, каква му била косата... очите...
Тоа се должи пред и се што никој кој ги пишувал евангелијата не го знаел Исуса. Тие настанале децении и векови по смрта на Исус. Но со некои индиректни показатели, можеме да претпоставиме како би изгледал. Имено во Гетсемминската градина, Јуда морал да го бакне Исуса за да го препознаат слугите на свештеникот и римските војници. Значи ли тоа дека Исус по ништо не се издвојувал по својот раст, изглед облека од било кој просечен евреин во тоа време? Спрема Х.Џ. Велс автор на “Историјата на светот“ Исус бил со слаба физичка градба поради чудно брзата смрт на крстот (која брзина го изненади Пилата). Од друга страна Челзо за ликот на Исус вели: “Кога навистина духот божји би престојувал во неговото тело, би требало да се претпостави дека тој се одликува со личота и совршенство на снагата како и со красноречивост. Зошто не може да се поверува дека оној, во чиешто тело нема нешто божествено со ништо не се разликува од другите. Меѓутоа луѓето расправаат дека Исус бил малечок по бој, а лицето му било толку грдо што предизвикувало гнасење“ Иако ова беше гледање на еден проитивник на христујанствцото и човек кој своите ставови за убавината ги градел по урнек на боговите и хероите од римакс и грчка митологија сепак, потврда за таков опис наоѓаме и кај еден голем христијански писател Теуртулијан. Тој вели: “Неговиот лик беше сосема лишен од секаква убавина и привлечност. Навистина, зарем би се нашол дрзник кој што би ставил и најмалечка дамка врз едно тело што е надарено со со натпросечна убавина и коешто блескоти со небесна светлина?. Кој би можел да плукни врз еден образ од лицето ако Христос не се истакнувал со својата грдотија којашто и го направила да биде предмет на презирање во очите на луѓето, и ако тоа лице изгледало дека единствено ја заслужува плунката“