Како и зошто престанавте да верувате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Ако Христос не им забрани да јадат што сакаат на Велики Петок, тогаш кој сум јас да им забранам? Ако Христос и апостолите јадеа пред да се причестат на првата причест (Господова спомен вечера), тогаш кој сум јас да им велам: „Ако не сте постеле нема причест!“?

Навистина, не знам кој си, оти лично не Те познавам, ама сигурен сум дека не си Црквата Христова и не си од Црквата Христова.
--- надополнето: 4 април 2013 во 15:04 ---
„А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.“ (1 Тимотеј 4:1-3, Библијата)

А зашто не го болтуваш и оној дел од цитатот кој го обоив со сина боја?...
--- надополнето: 4 април 2013 во 15:06 ---
Во овој контекст треба да се спомне и забраната за стапување во брак на епископите, на кои Бог во Библијата јасно им дозволил да бидат во брак, а православните цркви им забрануваат.
„Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена“ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)

Оваа одредба е од самиот Апостол, но не и од целата Црква.

Колку ми е познато, епископите навистина и биле сопружници, до вториот (или третиот, не би се сетил...) вселенски Собор, кога е одлучено дека епископите треба да бидат венчани или за своите сопруги или за Црквата, но е и со двете истовремено...
--- надополнето: 4 април 2013 во 15:08 ---
А
„Не дозволувајте да ве заведат со разни и туѓи науки, зашто е добро срцето да биде зацврстувано во благодат, а не со јадења, од кои немаа полза оние, кои живееја преку нив!“ (Евреите 13:9, Библијата)

Убо вели Апостолот: верата не се зацврстува со јадење и пиење, оти на душата човекова не и‘ е потребна материјална храна...А туѓите науки се‘уште постојат, на што сме очевидци.
 
..или поточно кажано: една од многуте причини, со кои го оправдуваат своето неверие...

Мики, а веќе кога сме кај „оправдувањето“....може веќе знаеш како не сум баш љубител на едноредни теории....
Пошо у еден ред (ако убаво те сфатив), ние неверниците, нечистите, атеисти, сатанисти (којзнае како не замислувате) сме лошите, а вие верниците сте „добрите“ мора да ме запознаеш со следното:
Еве имаш прилика да ни објасниш - како и зошто одреден владика мора (мора, нема исклучок) да се вози во мерцедес од 100 000 евра, а секојдневно да се организираат хуманитарни акции за болни дечиња или воопшто луѓе? Еве јас лично, најискрено ќе кажам....не сум некој си донатор, но и не сум хипокрит да продавам причи за „љубење на луѓето, помагање на болните и изнемоштените“ иако како чесен граѓанин ништо не и должам на државата и го поддржувам моделот на колективна грижа кон овие категории од луѓе - поточно кажано - сметам дека се приоритет на државата...кога сме овде - институцијава твоја, ај што нема доблест место 100 000 евра да даде ете 15 000 за кола, туку и е ослободена од истите давачки од кои може да се одвојат повеќе средства за болни, сиромашни, невработени и многу, многу други (христијани btw).....со други зборови - дупло голо....

Ете, не пишувам кога сум престанал, туку зошто.....те молам објасни по што тоа сте повеќе возвишени од неверниците и како тоа мислите дека организираното верување (црква, џамија....) конкретно им помага на луѓето за да има поента „верувањето“....фала ти однапред!
 
Пошо у еден ред (ако убаво те сфатив), ние неверниците, нечистите, атеисти, сатанисти (којзнае како не замислувате) сме лошите, а вие верниците сте „добрите“ мора да ме запознаеш со следното:
!

gahan,

добар и Свет Е само Едниот Бог...Ако некој од верните себе си се смета за она кое Ти го наведуваш, таквиот верник веќе пати од високоумие.
--- надополнето: 14 април 2013 во 22:10 ---
Еве имаш прилика да ни објасниш - како и зошто одреден владика мора (мора, нема исклучок) да се вози во мерцедес од 100 000 евра, а секојдневно да се организираат хуманитарни акции за болни дечиња или воопшто луѓе? !

Оваа забелешка ја читам најмалку милијардитти пат....Аман веќе со тоа џипојте!

Тоа што Ти, а и другите, се „фаќате„ за џипојте од владиците, покажувате само една работа: дека Вашите умови се приврзани само кон материјалните нешта од овој Свет па токму затоа кај другите (луѓе) не можете да видите ништо појќе, освен нивните материјални добра.

Лично, не патам по луксуз, немам кола, немам интерес кон авомобилизмот (освен како област на применета уметност, т.е. индустриски дизајн) така да она кое мене ме „занима„ кај владиците, е тоа, дали тие си ја исполнуваат должноста кон и во Црквата, а дали треба или не треба да возат џипој, за тоа, Бог ќе им суди, а не јас...
--- надополнето: 14 април 2013 во 22:13 ---
Еве јас лично, најискрено ќе кажам....не сум некој си донатор, но и не сум хипокрит да продавам причи за „љубење на луѓето, помагање на болните и изнемоштените“ иако како чесен граѓанин ништо не и должам на државата и го поддржувам моделот на колективна грижа кон овие категории од луѓе - поточно кажано - сметам дека се приоритет на државата...кога сме овде - институцијава твоја, ај што нема доблест место 100 000 евра да даде ете 15 000 за кола, туку и е ослободена од истите давачки од кои може да се одвојат повеќе средства за болни, сиромашни, невработени и многу, многу други (христијани btw).....со други зборови - дупло голо....

Во Црквата, а и за мене лично, многу е побитно што можам јас да сторам (за другите) а не што сториле или не сториле другите. Така, јас ќе одговарам пред Бога искучиво за себе, а владиците ќе одговараат и за себе, но и за оние за кои владиците треба да се грижат по прашањето за нивното спасените.
 
Во Црквата, а и за мене лично, многу е побитно што можам јас да сторам (за другите) а не што сториле или не сториле другите. Така, јас ќе одговарам пред Бога искучиво за себе, а владиците ќе одговараат и за себе, но и за оние за кои владиците треба да се грижат по прашањето за нивното спасените.
Мојот став е дека не е е добро што одобруваш такво однесување....ама, ок, ти ќе си одговараш за себе, јас за себе....во меѓувреме ќе се случуваат толку многу лесно исправливи неправди, ама тоа е небитно, најважно е кој за што ќе одговара негде некому (ако воопшто постои такво нешто)....
 
Мојот став е дека не е е добро што одобруваш такво однесување....

Нит‘ реков дека го одобрувам, нит‘ сум фактор кој такво нешто одобрува, оти за мене лично, побитно е моето а не туѓото однесување.
--- надополнето: 15 април 2013 во 08:52 ---
....во меѓувреме ќе се случуваат толку многу лесно исправливи неправди, ама тоа е небитно, најважно е кој за што ќе одговара негде некому (ако воопшто постои такво нешто)....

Неправди во Светов имало, има и ќе има и тие неправди никој не ги исправи, терајќи правдина по својот ум, а правдината никогаш не била човечка, туку само Божја работа. Бог Е Еден и само таквата правдина е единсвтено исправна, а луѓето се многу и секој од нив „истерува„ некоја негова „приватна„ правдина.
 
Тешко тоа дека не си фактор. Една таква заедница ја чинат верниците, а не мала група што (као нешто) знае....ако некој нерелигиозен човек реагира, одговарате со стап, а не гледам дека многу што сте направиле да промените самите во тој поглед...
 
Престанав да верувам од кога почнав да учам биологија. ;)
 
Еден постар пријател ми кажуваше дека порано кога бил у војска, у време на ЈНА, попот доаѓал у петок и им ги душкал здивовите на војниците да види кој не постел. И ако фател некој што на попот му се мириснало дека овој јадел, одма следувало казна за војникот што не постел.
Кој знае колку војници престанале да веруваат заради тој поп. Која иронија човече. А и пародија да речеш, нема да згрешиш.
Каква лага.
У ЈНА поп доаѓал и глеал кој постел а кој не?
Ти мислиш дека сите тука се копиљана што виделе само интернет у животов?
Па немој бре вакви работи да тропаш, има тука постари луѓе, кои знаат, помнат, све од тоа време.
 
Каква лага.
У ЈНА поп доаѓал и глеал кој постел а кој не?
Ти мислиш дека сите тука се копиљана што виделе само интернет у животов?
Па немој бре вакви работи да тропаш, има тука постари луѓе, кои знаат, помнат, све од тоа време.

Не претерувај, „лагата“ не беше намерна, туку моја збунка, затоа што приказната ја имам слушано од пред 10 години. Ако ги читаше постовите подоле, ќе видеше дека се корегирав и му пишав емаил на пријателот и го прашав како точно било и еве што ми врати (правам copy-paste од емаил):

Да, татко и на ххххх (жена му) расправаше дека, во време на Кралска Југославија (околу 1928 г. и натаму), поповите им држеле веронаука првиот час и во петоците децата требало да доаѓаат гладни, па попот прво ги терал да отворат уста, па ги душкал и ако заклучил дека некој јадел, со јаже го тепал пред сите, демек за поука. Истото го кажуваше и татко ми. И двајцат се родени 1919-1920 г за време на Кралска Југославија.
Поздрав,
хххххх (пријателот)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom