Како го славите Велигден ?

  • Креатор на темата Креатор на темата никола-те
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.507
Денес е Велигден, денот на Христовото воскреснување, кој сите ние го славиме како најголем христијански празник после Христовото Рождение, Божиќ.

Како вие го славите овој празник ?

На пример, кај нас во Тетово традиција е, на денот на Воскреснувањето, мажите заедно со децата да одат на гости по куќите, на пријателите, кумовите и роднините. Таму им се дава по едно јајце и по некоја пара на децата. Додека мажите одат по гости, жените седат дома и ги пречекуваат гостите што доаѓаат во нивната куќа. Откога ќе заврши сето ова, откога гостите ќе се разотидат, цела фамилија се собира на еден фамилијарен ручек и така се завршува прославата на овој празник, бар така е кај мене во фамилија.

Еве нешто подетално

Ништо посебно, нема адети многу-многу. Му писнувам на јагнето ко да последно на светов и гнетам до омалаксаност, после легнат, со празен поглед и подотворена уста, остатокот од денот го поминувам во слушње Џокси и Ламбе како малтретираат со се знае која песна..
 
Во домашна атмосфера, по дома, онака, семејно. Може од некаде ќе дојде некоја тетка/баба, ама тоа се случува у неколку години еднаш. Плус и три дена е Велигден, па ако не дојдат тетки/баби првиот ден, ќе имаат втора шанса
 
Ништо посебно, нема адети многу-многу. Му писнувам на јагнето ко да последно на светов и гнетам до омалаксаност, после легнат, со празен поглед и подотворена уста, остатокот од денот го поминувам во слушње Џокси и Ламбе како малтретираат со се знае која песна..
хахаха другар пази да не завршиш ко оној лани шо го пратиле на чистење.. ко да невидел изел 3 кила јагнешко па болница директ! хаха

Инаку кај нас скопјаните незнам дека има некој посебен начин на славење, некои идат на ручек кај постарите мислам.. фамилијарно кај баба дедо мајка татко, некој си тераат излед некаде на мирно место пример планинче ...
 
Со пушка, капче у црвено црни риги и плетенка на врвот, шетам низ атарот на Скопје каде нема многу сообраќај и ловам муслимани, евреи и кинези. :wink:
 
Ништо посебно, освен што ми се денови за одмор и одам по роднини на ручек. Порано некогаш фарбав јајца, ама оваа година ги изедовме пред време па денес не ни планирам да фарбам нормално :nesum:
Инаку, на христијаните, или барем на тие што се декларираат како христијани, треба секој ден да им е велигден и секој ден да го слават воскресението на Господ Исус Христос, а не еден ден во годината.:toe:
 
Па не воскреснувал секој ден, а и кај ќе ни е крајот ако секој ден треба да ги вапцаме јајцата? Поздрав.
 
Па не воскреснувал секој ден, а и кај ќе ни е крајот ако секој ден треба да ги вапцаме јајцата? Поздрав.

Не воскреснува секој ден, ама победата на крстот треба да се слави секој ден!
Поентата на воскресението сигурно не е да се вапцаат јајца, ама ај. Тоа е за религија подфорум.
 
повеќето одат по селата и одат на гробишта (мислам ова треба да се укине, затоа што среќен ден е денеска и не се оди на гробишта ама хај :toe:) после се собира цело семејство на ручек, после ручек може некаде во природа :pipi:
 
Сега мириса на скара...мх,мх...со домашен зелник и салата!За мерак.
После цело семејство на куп,ука бука и толку.
 
Претежно дома со семејството..дојдат децата..корпички со јајца,весели раздрагани:pipi:
Ајде,СРЕЌЕН ВЕЛИГДЕН
90681443.jpg
 
Фамилијарно, ке си се собереме на купче ке натепаме стомаците, муабетче и таке
 
фамилијарно го славиме со ручек после тоа јадеме благословена погача односно милиброд и ајт пријатно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom