Како ги препознавате лажговците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
А чудна работа, и јас имам забележано како што пишал некој погоре, обично тие што се фалат, односно што секогаш користат прилика да кажат нешто добро за себе (пр. јас така не постапив пошо немаше смисла нели така да ѝ правам, јас сум добар човек; абе малку да се помачев 10 ќе добиев и професорот така ми кажа, а вака 6 добив за ништо...) лажат. И тоа најчесто нивните лаги се со цел да не го сменат доброто мислење кое го имаш за нив.
И ако некој лаже за нешто долго време обично сам се издава, зашто секогаш има некоја ситница која ја испушта, колку и да пази. Па ако добро памтиш и се замислиш дали некој те излажал за нешто само врати си го филмот и одма ќе видиш дека нешто не се поклопува. Исто е и со тие што лажат често; толку се опуштаат што срам ќе те фати од тоа колку лошо лажат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom