Како е кога те женат на сила

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Договорените бракови без љубов се секојдневни во Индија.Но, обично девојките се оние кои се присилуваат да влезат во брачна заедница.

Но, еве еден сосема поинаков случај-НЕГОВАТА РЕАКЦИЈА кажува се’:pos2::pos2:

Корне коса, плаче, се треска од земја, СЕ’- ама НЕ САКА ДА СЕ ЖЕНИ

 
Старите велат: До 25 сам се жениш/мажиш, до 35 те женат/мажат, над 35 Ѓавлот те жени/мажи :toe: јбг тежок живот само за мажење/женење да се зборело. Ние имаме една преубава песна, која би требало да ја знаете, а ако не ја знете, еве повелете, слушнете ја:

 
Му се бега од „свадбава“ му се плаче на човеков.... Кутар он...
 
е*ати ваква свадба
 
За греота чоеко
 
Ајде бе ќе ја засака со тек на време :)
 

МОДЕРНА СИ ИМАМ ЖЕНА (Битолско)
- хумористична песна -
- Јонче Христовски -

Модерна си имам жена, пријатели мои,
граѓанка од добра куќа и од добар сој.
Да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш,
леле, три дни далеку да бегаш, да не е сретниш.

Косата си зачешлала како скубана,
како квачка накоштрена со сто пилина.
Море, да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш,
леле, три дни далеку да бегаш, да не е сретниш.

Устата си намачкала ока црвило,
а на очи истурила сиво мастило.
Море, да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш,
леле, три дни далеку да бегаш, да не е сретниш.

Како крпа да врзала на половина,
фустан носи над колена, голи рамена.
Море, да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш,
леле, три дни далеку да бегаш, да не е сретниш.
Море, да е видиш, да се чудиш, да се исплашиш,
леле, три дни далеку да бегаш...
Леле, леле... бегај, бегај... да не е сретниш.

:pos: :pos: :pos:
 
Циганска работа.
 
Договорни бракови се многу пожелни од социјална гледна точка бидејќи го прават општеството стабилно и долгорочно одржливо.

Традицијата преку такви бракови е да се спојат две семејства, што многу е исправен концепт.

Инаку -- од искуство -- не е лесно. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom