Како до првото „Те сакам“?

  • Креатор на темата Креатор на темата DreamCoder
  • Време на започнување Време на започнување
Не ни мора да го има. Подобро да не биде искажано, а да се чувствува отколку да го кажуеш за добро утро, а истото да не го мислиш.
 
најдобра-најубава песна со овие три збора
„ Јас те сакам“
е испеана пред повеќе од 40 години од Крунослав Слабинац - Кичо

Кој може ако ја најде, нека ја постави и овде.

„ Те три слатке речи
ја те волим
нек дан испуне твој.
Те три слатке речи
ја те волим
то све је што могу да дам“
 
Да се победи трема и да се каже "Те сакам"?
Прво, не мислам дека некој некого може да сака од прв ден. Според тоа, нема логика да се зборува за трема, во веќе постоечка врска. А во врската... па штом се почуствува тоа, треба и да се каже или покаже. Има посебни тактики и за ова? И срамота ли е да се признае такво убаво чувство? Од кога?:confused:
 
Целта е дамата.Нема бирање средства како да се дојде до нејзе.
Ако воопшто не ја познаваш,биди машко како знаеш запознај ја.Тоа е појдовна точка.Ако се срамиш уште веднаш во старт откажи се.За да кажеш те сакам на девојка треба да се потрудиш пред да и го кажеш тоа таа да почуствува нешто.Ако не почуствува ништо,се ти е џабе.
Одлучувачкиот момент,сигурен,самоуверен,и најважно машкост за да го кажеш тоа во очи,бидејќи така делуваш како вистински мажјак.Внимателното однесување пали кај скоро секоја девојка.
 
Мене тоа ми е најтешко зашто не сакам многу да искажувам емоции. Ништо, како и секоја работа, мисли на тоа дека ќе симнеш некој товар од душата, колку побрзо, толку полесно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom