Како до професионален разузнавач ?

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Дечки ми треба информација како да се стане професионален разузнавач во Македонија или евентуално во странство . Не ме интересира оној формалниот дел од типот запиши се на криминалистика или полициска академија и чекај МВР да објави конкурс за вработување. Ме интересира во пракса (суштински) како оди сето тоа, регрутирањето на нови кадри. Дали се регрутираат преку партиско - полциското подземје, зад затворени врати во МВР, или со претходна препорака од стар разузнавач и слично . Препорачливо е да пишуваат луѓе што навистина ја разбираат оваа тема и знаат како функционира системот, или имале претходно искуство со ова . Без тролање и Џемс Бонд коментари.
 
Разузнавачот треба прво да е проверен човек, или "подобен". Најчесто да речеме пример ако татко ти е некое полициско лице, ти како негов син би бил "подобен".

Значи официјално незнам, а и сигурно не постојат огласи за работа на таа позиција па за да знаеме како одат процедурите. За ова мораш да бараш одговор од некои кои што работат во МВР.

Но во секој случај ако некогаш влезеш во разузнавање, збогувај се на фамилијарниот и приватниот живот.
 
Уше од мал треба да имаш афинитети да бидеш разузнавач, во улицата да знаеш секое дете шо беља има напраено и да ги кажуваш на родителите, да ослушнуваш навечер на вратата од спалната шо прат мама и тато, да му буричкаш на луѓето во чанти, џепови... на училиште да ги кажувш на учителката немирните деца и да ги пријавуваш тие шо избегале од час и скришно да ги снимаш тие шо пушат во школски веце и да му покажеш снимката на директорот, на форумот овде да ги пријавуваш сите офтопик мислења, сумњиви јузери, навреливи постови.... Ко ќе се докажеш како природен талент за душкање и кодошење ќе собереш потписи од родители, учителки и админи на кајгана и ќе се обратиш овде у служба за безбедност или во ЦИА - кај ти е поблиско.
 
Дечки ми треба информација како да се стане професионален разузнавач во Македонија или евентуално во странство . Не ме интересира оној формалниот дел од типот запиши се на криминалистика или полициска академија и чекај МВР да објави конкурс за вработување. Ме интересира во пракса (суштински) како оди сето тоа, регрутирањето на нови кадри. Дали се регрутираат преку партиско - полциското подземје, зад затворени врати во МВР, или со претходна препорака од стар разузнавач и слично . Препорачливо е да пишуваат луѓе што навистина ја разбираат оваа тема и знаат како функционира системот, или имале претходно искуство со ова . Без тролање и Џемс Бонд коментари.

Во Македонија нема такво чудо. Сите оперативци што се во МКД се школувани или во Србија на Академијата за Национална безбедност или во Турција на Турската полициска академија. За време на студирањето на овие две академии се полагаат испити за добивање на сертификати од ЦИА, ФБИ па се до интерпол и МИ-6 итн. се полагаат и учат најразлични техники и вештини, диверзии, разузнавачки психологии, општи психологии, најмалку три криптирани јазици и азбуки, се оди на пракса по 2-3 месеци во локалните оперативни штабови во таа држава итн. За упис на двете академии ти е потребна дебела препорака од МВР како човек од доверба, 12 месеци поминуваш низ оперативни мерки се додека не го добиеш печатот доверлива личност (тајно испрашување на твоите најблиски роднини и пријатели нормално без твое знаење, без определено место и време и други мерки). За упис во СРБ предност ти е српско државјанство а додека за Турската ПА ги праќаат директно од МВР. Има и други места кадешто МВР ги испраќа своите идни разузнавачи али за тоа на друго место. Нормално за да станеш разузнавач во нашево МВР мора да си вработен во истото најмалку 3-5 години.

Имам роднини што е школувани на една од овие академии и што моментално работат на едно такво место и познати ми се работиве инаку како функционира системот тешко дека некој ќе ти го каже во целост. Ако нешто сакаш малку повеќе да дознаеш слободно прати ми пп ке се распрашам па што е за кажување ке ти кажам .
 
Дечки ми треба информација како да се стане професионален разузнавач во Македонија или евентуално во странство .

Разузнавач во странство? :cautious: Тоа се тие патриоти.

Ако немаш странско државјанство подолго време (5-10 години), никоја држава нема да те регрутира освен како информант, да си ја шпионираш државата. Тоа што ти, македонски државјанин, би прифатил да работиш за странска држава, доволно би им говорело за твојот карактер на тие кај кој што си аплицирал.

Единствено, ти останува нашата служба, но и таму се стари кадри кои не се сменале од времето на СФРЈ и немаат баш отворена врата за нови лица кои не се дел од кругот. Со други зборови, ако имаш чичко, вујко, добар пријател - лесно, ако немаш - тешко.
 
Интересно прашање. Јас од Јануари следната година заминувам во брисел да студирам НАТО куресеви за разузнавање и анти тероризам.

Во твојата фамилија никој не смее да биде осудуван, дури не смее ни да има никакви казни ништо.
И треба да поминеш по мнгоу тестирања дур да влезеш.

ПС: Платите се ниски.

Со врски.

(ај нека каже некој дали сум у криво)
Си у криво. Агенцијата за Разузнавање не е поврзано со владата и Груевски нема никакво раководство во АР. Сите вработени во АР се поранешни вработени во М. Одбрана, МВР итн. Во АР има највеќе практиканти од било која друга државна установа во МК и сите добри се вработуваат и таму секогаш има работа во споредба со било каде на друго место каде што ги вработуваат за да им носат бурек. Од Аналитичари до Криптичари итн.
 
Разузнавач во странство? :cautious: Тоа се тие патриоти.
Не мислев на цинкарење на земјата во странство, мислам дека погрешно си ме разбрал . Тоа беше кажано повеќе во контекст за работа во странство како дел од домашната служба. АМа ок ти благодарам за одговорот со државјанството.

Ви благодарам на сите за одговорите, ми разјаснивте некои основни работи. Ме интересираше само чисто информативно како одат овие работи.
 
Си у криво. Агенцијата за Разузнавање не е поврзано со владата и Груевски нема никакво раководство во АР. Сите вработени во АР се поранешни вработени во М. Одбрана, МВР итн. Во АР има највеќе практиканти од било која друга државна установа во МК и сите добри се вработуваат и таму секогаш има работа во споредба со било каде на друго место каде што ги вработуваат за да им носат бурек. Од Аналитичари до Криптичари итн.
Да, верувам дека во агенцијата е све како што треба и по правилу службе, за разлика од остатокот на државата. Нема врски, непотизам и то. Вистински бисер на легализмот, во морето корумпирна администрација.
 
Си у криво. Агенцијата за Разузнавање не е поврзано со владата и Груевски нема никакво раководство во АР. Сите вработени во АР се поранешни вработени во М. Одбрана, МВР итн. Во АР има највеќе практиканти од било која друга државна установа во МК и сите добри се вработуваат и таму секогаш има работа во споредба со било каде на друго место каде што ги вработуваат за да им носат бурек. Од Аналитичари до Криптичари итн.
:pos:

Тоа беше истата агенција со која директоруваа Доста Димовска и Кире Наумов? Таа во која Таљат налупа 40% екс-команданти? Истата од која излезе и во која ќе се врати оној што го одбија да биде амбасадор во Босна заради проневера на пари? И што поседува опрема од 70тите?
 
Знаеш кој е директор на УБК така?
 
зад затворени врати во МВР, или со претходна препорака од стар разузнавач

Не може да има јавен конкурс за разузнавч. Конкурсот се шири меѓу многу мал круг на луѓе разузнавачи, кои пренесуваат исто така на мал број луѓе за кои сметаат дека имаат идеален кадар (пример: дете на некој што е во служба долги години, и нема негативни забелешки за него и неговата фамилија). Сакам да кажам, и цивил може да стане дел од ДБК.

Ова е примарно. Е сега, за понатамошно обучување и слично, не знам.[DOUBLEPOST=1410058844][/DOUBLEPOST]
:pos:
Тоа беше истата агенција со која директоруваа Доста Димовска и Кире Наумов? Таа во која Таљат налупа 40% екс-команданти? Истата од која излезе и во која ќе се врати оној што го одбија да биде амбасадор во Босна заради проневера на пари? И што поседува опрема од 70тите?

Воопшто не си во право. Да не си смешал нешто ? Да не збориш за друга институција... ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom