Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали некој има искуство да сподели како да стигнам до полска? Превоз и останати работи како на пример животот таму?
Фала
se izvinuvam magde dali ke moze brojot na agencijata da mi go dadesЈас имам број од една агенција, турата им е од грција до Полска, во Скопје застануваат кај Континентал и те собираат. Со автобус значи.
Е сеа, цената им е 120 или 150 евра повратна. Се стигнува за 24 саати и знам дека со комбиња ги носат луѓето до градот до кој одат, не те оставаат во еден поголем град па да се снаоѓаш.
Инаку убава е Полска, али немој да очекуваш дека моеш да заработиш таму и да се вратиш овде со куп пари. Заработуваат доволно за пристоен живот таму. Моментално многу луѓе ода во странство да работат, така да имаат потреба од работна сила.
еве ти ја страната нивнаse izvinuvam magde dali ke moze brojot na agencijata da mi go dadesfala odnapred
Најубаво со нискобуџетниве летови да појдиш до некој од најблиските градови (во Германија на пример) и оттаму со воз или автобус.Дали некој има искуство да сподели како да стигнам до полска? Превоз и останати работи како на пример животот таму?
Фала
Чул те господ пријателе, Дај боже некој нека направи барем од Скопје да е и да е малце поефтин иначе има лет одКако не им текна од ВизЕр да направат еден лет до Познан мајку му....ц ц ц ...
знам за тој од Бургас ама дур да стигне до таму човек и со автобус многу е .... Дај боже во скоро време за Познан да има веднаш би отишол до таму!Чул те господ пријателе, Дај боже некој нека направи барем од Скопје да е и да е малце поефтин иначе има лет од
Бургас до Познањ мислам дека цената беше околу 400+евра + додај го патот до Бургас многу пари кошта за наш стандард, единствено нешто е опција да се оди до некој град во Германија и од тука со Воз или слично
Шо е до мене јас и пешки се нафајкам да тргнам до Познањ !
Темата заглавила... Ај јас да ја активирам...
Како до Варшава? Ама ен за викенд, туку преку недела, пон-вторник до четврток-петок (поточно за 25-26ти мај до 29-30?
Гледав летови од Белград, ама ако летам од скопје до Белград па од Белград до Варшава, цената е малку посоленка, плус некаде над 18 часа доаѓа летот...
Ако идам во Белград со автобус/воз? и така имам таму многу луѓе за посетување.. Ама после како до аеродромот и колку ќе ме чини, ако немам кој да ме однесе?
Друга алтернатива, Солун-Варшава со Ryanair... И пак прашањето, како до аеродромот до Солун? Ови нашиве таксисти наплаќаат по 25 евра во еден правец од Скопје до Солун до аеродромот, ама дали ќе возат баш тој ден (не е викенд).
Друго, ако фатам автобус до Солун, со градски превоз може да стигнам до аеродромот, така? Колку е карта? Стварно појма немам
И уште нешто... Летот од Солун не иде до Варшава Шопен, туку до Модлин? Дали е тоа паметна идеа?
Евтини билети не се купуваат 10 дена пред тргнување. Се купуваат месец-два и повеќе пред датумот..
Во врска со Полска, можам да ти кажам како и резервирав на моја другарка..
Таа работи во Полска, но најблизок аеродром и беше Katowice..(ама далеку е од Варшава)
Скопје - Дортмунд
Дортмунд - Katowice
Исто има и од Дортмунд до Варшава проблемот е што се чека многу на аеродром и ако не си најдеш некоја целодневна занимација (екскурзија или сл), нема да издржиш толку време..
Да си резервирала порано, ќе поминеше со околу 100 евра +/- нешто ситно за повратна карта
А сега оваа варијанта до Варшава, чини околу 9800 ден...
Модлин ти е околу 40км од Варшава, не е толку далеку. Имаш нон стоп аеродромски превоз до Варшава (40тина мин) за околу 3-5 евра ако не се лажам..
Во Солун има автобус до аеродром, број 78. Ако не смениле нешто меѓувремено.. мислам околу 60 центи е карта..
Таксито околу 15 евра ќе те фати..
Ако леташ до Белград, па да леташ до Варшава, нели те фаќа ѓавол ипол?! Имаш автобуска линија од Скопје до Белград за 35-40 евра повратна..За разлика од авионскиот 100-130+ евра (така ќе ти дојде подобро да леташ директно од Скопје за 250-280 евра и тоа не само со рачен багаж како кај нискобуџетниве)
Од аеродром имаш превоз до Славија за некои си 3 евра..
Таксито може да те чини од 14 до 60 евра во Белград, зависи во која зона одиш. Така им е поделен градот..