Како да се расправате и притоа да победите

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.260
Поени од реакции
12.543
Ова е мал прирачник како да се расправате со луѓето кога имате и немате право.

Помагател број 1 - Алкохол

Да речеме си на една забава каде сите шетаат, седат разговараат пијуцкаат и разменуваат мислења за надојдениот економски бран "одгледување печурки", и ете ти го Перо како расправа и расправа за тоа какви гомна сереле воловите во Уганда, тема за која вие немате благе везе. Е сега, ако сте пиеле џус од портокал или сок од боровница, нема да постигнете ништо, нема да можете да ја прикажите вашата глупост. Меѓутоа да речеме дрмнете 5-6 вискиа, да ги осетите Шкотите како ви играат вгаќи, тогаш ќе откриете дека вие имате ЦВРСТИ СТАВОВИ за воловите во Уганда. Ќе бидете преплавени од информации кои ќе извираат од вас. Ќе се расправате до зора. Луѓето ќе бидат импресионирани. Некои дури и ќе ја напуштат собата.

Помагател број 2 - Измислувај работи

Да речеме се наоѓате да состанок поврзан со платите на фирмата во која работите. И вие сакате да прикажете дека глобалната економија во последните 5 години драстично се променила во нагорна линија, па затоа сакате да издејстувате зголемување на платите. Започнете: "Во 2000 година просечниот човек заработил 24.542.29 денари по глава, додека данокот изнесувал 9.33% од целокупниот доход, а додека оваа година данокот е намален за 0.345% во однос на порано додека по глава на жител немаме воопшто пораст". И секогаш кажувајте точни и големи цифри. Ако додека некој од членовите има храброст да праша од каде го дозна ова, измисли го одговорот повторно. Кажи нешто како: "Па пишуваше во документите од Проф. Др. на општествени науки Г-дин Перо Курташевски, овјавени во службениот весник број 4361-846 страна 153 секција 34 декември месец". Ова кажи го со ист тон како да му викаш на членот кој те запрашал "Абе ти беше тој шо вртеше по 0500 жешки линии за разговор од канцеларија"?

Помагател број 3 - Користи безначајни но тешки за изговор и ретки во обичен говор изрази и фрази

Запамти го следниов список:

Дозволи ми да ти го објаснам процесот
Во рамки на следниов контекст
Значи да позборуваме околу моменталната ситуација
Кои ресурси би требало да ги користиме за да го постигнеме тоа

Помагател број 4 - Користи безвезни глупави и малку навредливи фрази


Ти требаат неколку фрази кои веднаш ќе го засенат фактот кој соговорникот го произнесол, па затоа следниве се добри:

Се браните од одговорот
Не собирај баби жаби
Кои се твоите пресметки?
Вртите цело време околу поентата и не ја сваќате

Помагател број 5 и можеби најефективен - Спореди го соговорникот со Адолф Хитлер

Ова е навистина тешко, кога ќе приметите дека вашиот соговорник доаѓа до многу заклучоци пред другите и излегува во право а воедно ви докажува дека вие грешите, речете го следново:

Тоа звучи сомнително како многу работи кои Хитлер знаел да ги каже
или
Вие сигурно и потполно ме потсеќате на Хитлер во размислувањата.

Сега знаете да го искарате и победите во карање било која. Само не пробувајте го ова со личности кои носат оружје.
 
Ова погоре звучи сомнително како Хитлер да го кажал..

Ја сепак претпочитам да се повикувам ресурси :)

Добро е.. школо за демагогија, како ли ми промакнало..
 
Андроник напиша:
Меѓутоа да речеме дрмнете 5-6 вискиа, да ги осетите Шкотите како ви играат вгаќи, тогаш ќе откриете дека вие имате ЦВРСТИ СТАВОВИ за воловите во Уганда. Ќе бидете преплавени од информации кои ќе извираат од вас.

:cuc::cuc::cuc:
 
Еве како да се извлечете во автобус ако некој бара да станете од местото (некој не многу постар од вас, сепак на постари лица треба да им се пушта место). Ќе му речете ”Вие на времето им станувавте на постарите?” - и без разлика дали ќе ви одговори со ”да” или ”не”, вие ќе му кажете - ”епа затоа сега ќе си стоите”.
 
interesting...

Jas sepak pretpocitam prvoto, nekako mi gleda najubedlivo...
Alcohol-and-Drugs.jpg
 
Ovaa rabota ja upotrebuva Sase Faktor X, ja barem taka mislam, zbori da ne go razberat.
 
Помагател број 1 - Алкохол

Да речеме си на една забава каде сите шетаат, седат разговараат пијуцкаат и разменуваат мислења за надојдениот економски бран "одгледување печурки", и ете ти го Перо како расправа и расправа за тоа какви гомна сереле воловите во Уганда, тема за која вие немате благе везе. Е сега, ако сте пиеле џус од портокал или сок од боровница, нема да постигнете ништо, нема да можете да ја прикажите вашата глупост. Меѓутоа да речеме дрмнете 5-6 вискиа, да ги осетите Шкотите како ви играат вгаќи, тогаш ќе откриете дека вие имате ЦВРСТИ СТАВОВИ за воловите во Уганда. Ќе бидете преплавени од информации кои ќе извираат од вас. Ќе се расправате до зора. Луѓето ќе бидат импресионирани. Некои дури и ќе ја напуштат собата.

ова поштујем:zlo:
 
2,3,4 и 5 ги користам секогаш:pipi: Ако ништо од тоа не ми помогне превземам очајнички мерки и изигравам жртва и почнувам да плачам за да бидам поубедлива:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom