Со алкохол најмалку се заборава и се преболува, само за тие неколку саати со алкохол се одложува проблемот. Кога ќе се отрезни човек болката е тука, се уште не е преболена неговата љубов. :wink:
Алкохолот е само еден вид на бегање од реалноста (земање во поприлича количина) така да после тоа се дешава бумеранг ефектот кој со дури и полоши последици.
Преболување најдобро би можело само со целосно оттргнување од личноста која сте биле и занимавање на сосема трета работа (школо, работа, хоби) Обично најпрвата фаза е најтешка оти тогаш чувствата често може да не` навратат да почнеме да се „замараме“ со личноста.
Затоа тука најпожелно е ако имате билокаков контакт од неа, се` што е матерјално и потсетува на заедничките моменти да го фрлите или евентуално во сандак и под земја/подрум.
Бидете трпеливи, подоцна ќе се се покажат знаците на попуштање на стисокот на емоциите. Под никаков случај немојте да тргнете да го барате сандакот, да се распрашувате по пријатели за него/неа. Во меѓувреме терајте си го животот, излезете на некоја журка со пријателите. Напомена: Не се залетувајте уште истата вечер да барате замена. Замените се само еден вид залажување (заедно со алкохолот) кои имаат лоши последици како и на вас така и на дечкото/девојката со која сте во моментот. И за крај кога по неколку излегувања се чувствувате комлетно опуштени, полека покажувајте знаци на заинтересираност и трагајте.
Туу као на тин шема сум го пишал ова бе