Како да не бидеме измамени при купување на половно возило

  • Креатор на темата Креатор на темата mamba
  • Време на започнување Време на започнување

mamba

UNITED MACEDONIA
Член од
13 декември 2009
Мислења
93
Поени од реакции
3
Сега особено со долгото најавување на увоз на автомобили ке се "поплави пазарот" со секакви автомобили па би сакал да пишувате на што треба да бидеме внимателни при купувањето на половен автомобил.
Како да препознаеме дали моторот е пред ремонт?
Дали е удирана?
Дали е вистинска километражата?
и слични други работи на кои мораме да внимаваме

Еве и од мене еден линк (на хрватски се надевам дека сите ке го разберат) на што се генерално треба да се обрне внимание:

http://static.oglasnik.hr/auti/shoppingGuide/shGuideSteps.html
 
па ако колата е префрбана , голема е веројатноста да е удрена, набиена и слично. а за километражата тешко да можеш да препознаеш дал е вратена назад или не. мислам дека нема некој конкретни работи за да провериш дал е се ок...
 
Па, таму се иде со намера да се купи кола така да неможе као кај нас да му земеш број па да размислуваш после дали да ја купиш и да отидеш пак... идеш и купуеш , така да треба детално да се разгледа и мотор и внатрешност и подвозје.. шасија, буквално се.
Внатрешноста ако е сочувана незначи дека и моторот е добар.. моторот ако е тазе миен постои голема веројатност да тече уље од негде, да се провери дали чади колата од издувот и слично..
Доколку е чепкана шал таблата и воедно километражата, кај некои коли тоа може да се примети, а колку и да е пазено при тоа и се да е као шо било, сепак со самото допирање на шрафцигерот до главата на штрафот, останува трага.. така да мислам дека и по тоа би можело да се познае дали е отварано нешо или не..
Да се прегледа кутијата со осигурачи да не има горено или да се има стопено некој од нив..
Детално да се прегледа патосот, т.е да се стаи на канал и да се види дали е се у ред..
Јас би предложил за сите што ке идат да земаат коли од странство ако можат со себе нека земат мајсторче некое, немора професионалец, другарче шо се разбира некое и со него заедно во потрага :)
Тоа би било се одприлика.. така да пазете што и како купувате, многу потешко е денес да е познае колата дали била удрена или правена.. калемена и такви ствари.
:wink:
 
Хм... најлесно се приметуваат детаљите. Пример, погледајте го натписот на предните и задните светла. Треба на двете да е идентичен. Доколку не е, некое од светлата е заменето. Исто така на сите стакла на долната страна стои натпис со двоцифрен број, последните две цифри од годината на производство на возилото (пример ако возилото е произведено 1995, на сите стакла ќе има 95 напишано). Доколку возилото било удрено и стаклото заменето, жигот ќе го нема...

И уште 14568656589 ситници кои што зборуваат за состојбата на самото возило.

п.с. Никогаш немојте да се плашите од километражата. Можно е едно возило да има поминато пола милион километри и да домаќински одржувано и сервисирано па да е во 10 пати подобра состојба од исто такво со 150.000 километри и 0 сервиси.

п.п.с. менување на масло и филтри не го сметам за сервис!
 
еден совет за километражата, кола со 150000 неможе да има пропаднати или евентуално излитени седишта и кога купувате кола понесете со себе магнет и крпа(да не му ја изгребете) и поминете го долниот дел од колата ако лепи убаво магнетот значи не е удирана и китирана(каде што има кит помалку ке лепи мегнетот) ова за сите места кои ви се сумливи.
 
оти да не може ако седел некој 100 килаш не пропаднати, два пати сменети ќе бидат

а ова со магнетов е добра работа, фала богу дека на кит нема да лепи
 
еден совет за километражата, кола со 150000 неможе да има пропаднати или евентуално излитени седишта и кога купувате кола понесете со себе магнет и крпа(да не му ја изгребете) и поминете го долниот дел од колата ако лепи убаво магнетот значи не е удирана и китирана(каде што има кит помалку ке лепи мегнетот) ова за сите места кои ви се сумливи.

Со тенок слој кит магнетот фаќа. Не е сигурно тоа.

Истренирајте го окото.

1) Најубаво е купување на кола од прв газда. Значи имате потполна историја за возилото. Сервиси, каде е купена, што е купена, итн.

2) Идејата со седиштата е супер. Повеќето луѓе немаат ставено навлаки и седиштата им се излитани. На тие што не им се (имале навлаки или имаат), доволно е да седните на нив и да видите колку пропаѓаат. Ако е возена колата такси задните седишта ќе бидат чорба.

3) Излитени елементи од интериерот. Неможе VW Passat да биде со 150 000 км а кожата на вратите да биде излупена, или лабава.
Прекинувачите за светла (пластиката) е излитена итн. Со 150 000км тоа не е возможно. На Југо со 150 000км тоа не е возможно камоли на Пасат.

4) Проверка на броевите на светлата итн се ОК, ама тоа не значи дека имало несреќа со возилото. Можда газдата си ги заменал бидејќи неможел да се справи со оксидацијата на светлата или лошо дете го пукнал фарот, НО е одлична причина да намалете цена.

5) Китот не е страшен, но е досаден. Подобро е вратата да биде малку китирана отколку потполно смената на старо поради тешка сообраќајна незгода.

6) Гребаници по колата не е страшна работа. Секоја (ама баш секоја) кола што се вози е некаде гребната, браник подсвиткан, врата гребната итн. Тоа не е причина да заминете туку да намалете на цена.
 
Хм... најлесно се приметуваат детаљите. Пример, погледајте го натписот на предните и задните светла. Треба на двете да е идентичен. Доколку не е, некое од светлата е заменето. Исто така на сите стакла на долната страна стои натпис со двоцифрен број, последните две цифри од годината на производство на возилото (пример ако возилото е произведено 1995, на сите стакла ќе има 95 напишано). Доколку возилото било удрено и стаклото заменето, жигот ќе го нема...

И уште 14568656589 ситници кои што зборуваат за состојбата на самото возило.

п.с. Никогаш немојте да се плашите од километражата. Можно е едно возило да има поминато пола милион километри и да домаќински одржувано и сервисирано па да е во 10 пати подобра состојба од исто такво со 150.000 километри и 0 сервиси.

п.п.с. менување на масло и филтри не го сметам за сервис!
баш така поновите коли од 2000 година па нагоре се поиздржливи и нема никаква врска километражата со цврстината на колата
 
баш така поновите коли од 2000 година па нагоре се поиздржливи и нема никаква врска километражата со цврстината на колата
Ми то така ти велиш... јас можам да ти најдам преку 20 Мерцедеси низ Битола, шо се постари од 25 години и имаат над 500.000 км.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom