Како да направиш с-во за чистење на ЛЦД-монитор во домашни услови!

  • Креатор на темата Креатор на темата Turrican
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 март 2009
Мислења
1.229
Поени од реакции
906
Имајќи во предвид дека едно с-во е околу 500 ден.???(стварно не знам зошто е толку скапо) би ви го препорачал мојот рецепт кој го тестирав на мојот ЛЦД-монитор.Значи одиме:

1. Ви треба микро-фибер крпа.Од аптека ќе си купите чист алкохол(70-80 ден. 100 мл)
2. Ќе си сварите во џезве за кафе обична вода и добивате дестилирана вода од 100 мл-
3.Ги мешате алкохолот и водата во ист сооднос и ТА-ДАААА с-вото е готово.
4.Заштедувате 500-70=430 ден.
5.Трлате на исклучен ЛЦД со кружни нежни движења се додека дамките и нечистотиите не исчезнат,нанесувате малце од с-вото.

Е сега внимавајте на некои постови,форуми а и самите п-дители на таквите водички,ќе ве советуваат да не користите алкохол но јас мислам дека само сакаат да не заебат оти им ја откривме формулата.Сепак самите истражувајте и проверете прво ако сакате на некој скршен или расипан ЛЦД(може и ТВ) .Се најдобро
 
проверено, вака го чистам лап-топот веќе година и пол и стварно работи

:helou:
 
Лоша идеја.

Треба да знаеш дека на сите монитори, без разлика дали се LCD или CRT, на површината од екранот има нанесено anti-glare слој. Во основа тоа се хемикалии што го намалуваат одсјајот од површината од екранот.

Ако употребуваш алкохол или био кое средство за чистење (специјализирано или не) ќе го одстраниш тој слој и на површината од екранот ќе имаш многу повеќе одсјај од околината што посебно дење знае да биде проблем.
Ова впрочем го пушува во повеќето упатства за монитори. RTFM! :wink:

Најдобaр начин за чистење на површината од екранот е само мека памучна крпа (што не испушта многу влакна при чистење) и малку млака вода. Абразивни micro-fiber (т.н. магични) крпи не се препорачуваат.
 
А што е со анти-статичкиот момент? Пошто средството за чистење на LCD има анти статички ефект и не фаќа (многу) прашина....

Не би експериментирал.
 
Имајќи предвид колку скап може да биде ЛЦД мониторот...
Едно средство од 500 денара, кое што ќе ти трае година дена и не е толку страшно во споредба со можноста трајно да го оштетиш со домашни рецепти, нели?
 
никако алкохол шо ти е ...
заштитата од зрачење ја симињаш ...
а по подолго време и ќе почнат да се познаваат флеки на мониторот ...
 
Имајќи предвид колку скап може да биде ЛЦД мониторот...
Едно средство од 500 денара, кое што ќе ти трае година дена и не е толку страшно во споредба со можноста трајно да го оштетиш со домашни рецепти, нели?
Па ако земиш од 1 литар... ќе ти трае повеќе од 2 години сигурно.
 
Во Анхоч има влажни марамици за LCD, 100 комада, 130 денари.......
 
микро-фибер крпа+вода од чешма ... толку ...
 
микро-фибер крпа+вода од чешма ... толку ...

најдобро :toe:

можеш да употребиш и салфета (или тоалетна хартија) малце навлажнета ...

:toe:

многу подобро у секој случај одколку да користиш алкохол и да си го заебеш мониторот ...
 
најдобро :toe:

можеш да употребиш и салфета (или тоалетна хартија) малце навлажнета ...

:toe:

многу подобро у секој случај одколку да користиш алкохол и да си го заебеш мониторот ...

Може и така ...


... обична вода со добро испрана микро-фибер крпа, е најдобро и најевтино решение.
 
Содржат алкохол? И дали се ефикасни како и др.с-ва за чистење на ЛЦД?

А зошто би имало значење дали има или нема алкохол? Инаку не се баш ефикасни. Нема ништо подобро од микрофибер крпа. Јас прво поминувам со марамица да ги отстранам прашината и дамките, па додека мониторот е влажен поминувам со сува микрофибер крпа (не со истата со која си ги чистам теглите). Мониторот свети ко нов.
 
Со Perfex полесно се брише и вода секако :pos2:
 
Шовебам со маица си го чистам мониторчо и топ ми е :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom