Како да направиме да го снема антагонизмот помеѓу атеистите и теистите

Антагонизмот помеѓу теистите и атеистите постои само во главите на луѓето !
Едно од најосновните човекови права е тоа, дали некој ќе биде верник(во било која религија) или ќе биде атеист, тоа си е право на лична определба на секој поединец, никој нема право да ги наметнува своите ставови и мислења врз друг/и, исто така никој нема право да им суди на другите, поради нивните различни ставови и мислења !
Исто така крајно погрешно е да се поистоветуваат работите, едно со друго, национална припадност си е едно, религиска припадност или неприпадност(во случајов со Атеизмот) си е друго, а политичко-идеолошката определба си е сосема трета работа, крајно погрешно е Атеизмот да се поистоветува со бившиот Социјалистички општествено-политички систем, демек тој систем пропагирал Атеизам и сега сите Атеисти се Комуњари, нема везе, всушност и Капитализмот е Атеистички систем, ако така ги гледаме работите, погрешно е да се поистоветува религиска(нерелигиска)припадност со било кој поранешен или сегашен општествено-политички систем, а исто така е и погрешно да се поврзува нација со религија, нацијата и религијата си се сосема спротивни работи, не секој Македонец е православен-христ. не секој Албанец е муслиман, не секој Французин е католик, не секој Арап е муслиман, поврзувањето и поистоветувањето на една работа со друга на пр. религија со идеологија или религија со нација се тотално погрешни и опасни работи !
На пр. сега христијанските верници да ги поистоветуваме со крстоносните војни и со црковната средновековна инквизиција(црк.догма) кога јавно на улица биле бесени и палени на клада интелектуалците и научниците, демек биле ереси, секако дека е погрешно, така било тогаш во тоа време, денеска си е денеска, ново време !
Антагонизмот помеѓу теистите и атеистите постои само во главите на луѓето(не сите), треба секој еден човек, без разлика дали е теист т.е. верник(во било која религија) или е Атеист, треба да се подзамисли, да се пронајде себеси и да сфати дека сите сме луѓе и сите имаме исти животни потреби, сите се раѓаме, растеме, живееме, старееме и умираме, нема никаква потреба од поделби и омраза на таа база(Теизам/Атеизам ; Теисти/Атеисти) !
 
каков антагонизам ? темава е болшит. Исто ко сеа да пишам како да ја фарбам колава а немам кола...не заебавајте бе бољем отвори тема како да ја вратиме А1
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom