Како да избегнете караници на заедничкото патување?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме оделе сами никогаш не сме се карале, напротив сме се глупираме до бескрај и сме уживале. Али ако се оди два пара и слични комбинации сме се носеле во пичку матер за 5 секунди. Зависи на кого му е поблизок парот кој идел со нас, тој редовно го јаде оти се става во средина нали сите да бидат задоволени. Два карактери на едно место неможат, а не па четири.
Особено ако се погоди девојката на другар му пациентка која ја влече колку да има со кого да оди, па да мораш да ја чекаш госпоѓата 5 саати да се спреми за на плажа, за на ручек, вечера или за испаѓање, чир ќе ти пукне.

А тек дури да видиш што е два пара заедно "заглавени" на сред планина. Ситуацијата уште понапната. Сите уморни, едвај се трпиш самиот себе а камоли други да трпиш, носиш ранец потежок од тебе +шатор+вреќи за спиење, пешачиш едно 5-6 саати и уште не си стигнал кај што треба да стигнеш, плус покритична ситуација, мора да пазиш на храна, на вода, на такви детали.... е уште да ти се погоди некој шмизла пар ко мене што ми се деси, тензија ипол има да настане... ем со другите не се поднесуеш, ем меѓу себе како пар ќе се испокарате... лудница... затоа сум рекла одтогаш комбинирање не, се знае со тие и тие можеш само на кафе, со тие на планина, со тие на одмор... малу да напраеш отстапка, пљукни му ја :).

А вака по одмори досега не сме се искарале.

(Ова не дека тебе лично ти реплицирам туку само се надоврзав на твоето :) )
 
На какво и да е патување, исклучиво одиме сами.
Нема караници, нема замарање со други, just the 2 of us.
Се случило да се погодиме со луѓе кои ги знаеме или да запознаеме некои таму,
ама се погодиле исти како нас, така да супер сме си поминувале.
Значи за добар одмор...избегнувајте одење со друштво..ако веќе морате..ставете им до знаење дека нема трпите "тортури" какви што ги напоменавте погоре.
И најбитно од се, кога се оди на патување, се оди со ведар дух, опуштени и подготвени за уживање, а не да се замара човек со секакви ситници. :)
 
hahahha темава го покажува нашиот лош балкански нарав за идеализам


Acid имал мака некоја ама не кажува хихии
Не ти ја сфатив шегата со моето име во неа. Ќе објасниш?
 
Моето искуство вика: Не оди на заедничко патување (освен ако навистина нема кај да бегаш), и нема да има караници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom