Премиерчето тврди дека ќе имало пеколен притисок врз него!
Јас тврдам дека никој жив нема да стави сламка притисок врз неговите кревки плеќи, ни во неделите пред нас, ни воопшто потоа! Никому не може да му биде важно што со Македонија, освен нам. Македонците ќе го притиснат кога ќе дојде време за тоа. Од тоа ќе нема каде да се сокрие.
За понижување на својот сиромашен народ во изолација на крајот од опашката, пополнувајќи ја последната дупка на свиралката во регионот, Македонците ќе стасаат на најдолното место во својата историја, тогаш кога имаат држава!?
Нема да има оправдување за тоа злосторство.
Како сака сега да му изгледа неговиот лик во огледалото: дека е „прпошен“, демек отпорен на притисоци, нашиот премиер, всушност, се профилира во трагична фигурина во македонската понова историја. Онака како што се покажа ролјата на Милошевиќ за Србија. Кај нас, секако, многу помала, покомична, помаргинална ролја на уште еден изгубен властодржец некаде таму на Балканот, изолиран од светот. Тоа никому секако нема да му биде важно, никому освен нам.
Особено ми е криво што нашево премиерче ќе и' даде на Грција идеално алиби за нејзиниот злостор. Грција со нашиов изгубен премиер на чело, ќе се измолкне од меѓународна осуда за се' што направи за блокада на Македонците и на Македонија. Дури ќе наоѓа се' повеќе „разбирање“ за тоа, бидејќи, еве, запира уште една авторитарност во земјите во транзиција!? Ќе стави сенка за се' што прави за мал третман на Егејците. За се' ќе биде виновен нашиов „Калимеро“. А ние, ние ќе пишуваме песни за неправдата... митинзи за нашата немоќ .. реклами за пропаѓањето.
Колку мора човек да е глуп за да не го види тоа што му е пред нос, поставувам уште едно реторичко прашање во низ?
Frchko car!
:pos2: