Како бевте запросени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Е па, насловот е јасен.

Јас ќе се изјаснам подоцна :)
 
Ова значи ли дека треба да ТИ честитаме? ;)

Хах, не ми беше тоа финтата. Ама моментално сум преокупирана со такви ствари, затоа ја отворив темата :)
 
Ми клекна на колена
 
На темава испаѓа ќе можат да одговараат само 1)мажени 2)жени.
Прошири ја. Нека биде како би запросиле/ како би сакале да бидете запорсени.

Тоа е финтата. Не сакам да ја проширам.
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 21:11 ---
E де, кажи ни повеќе малце :) :)

Ееј многу беше закон. Не сакам да се фалам, ама ... :)

Значи, во Бугарија на викенд во зима.

Со слагалица на која пишува "Will you marry me". Слагалицата е во форма на срце. На неа има двајца заљубени. Плус, магнетна е, може да се залепи на фрижидер и нешто слично. Моментално ми седи во трпезарија.

Ми даде да ја редам слагалицата, па клекна. Прстенот беше преубав. Откога одговорив потврдно, келнерот донесе 10 години старо шампањско и две чаши. На шишето беше напишана една љубовна поема, преубава. Чашите беа украсени со црвена лента и на нив исто така беше напишана љубовна порака (ама оваа на македонски).
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 21:12 ---
sepak
CHESTITKI od mene
flower.jpg

Фала :)
 
А дали мора секогаш машкото да запросува или може и девојката?:unsure:
 
Да, да, да, мнооогу е битно какво ќе биде запросувањето. Дали романтично, со цвеќе или само преку телефон....
Праксата потврдува дека браковите кои се среќни обично имале спектакуларно запросување, како почеток.
Ако понудата за брак е велелепно изведена тогаш и бракот ќе биде таков, и плус ќе биде дуговечен и среќен.
Еве видите Хитлер како ја запроси Ева Браун?
- Никако.
И на крај се самоубија.
Ете така завршуваат браковите кои стартуваат со никакво или обично запросуење.

Исто и Тито и Јованка. Историските податоци нигде не спомињаат запросување. И глејте сеа како завршија. Се разведоа и едниот умре.
После исто викаат дека Кенеди онака обично ја прашал Џеки дали сака да се мужи за него и оп - смрт - трагичен крај за нивниот брак, а она отиде заврши у прегратките на гаднион Грк.

Не си играјте играчки со запросуење, зашто глеате дека е много битно!
 
Јас како машко ќе си кажам:

Беше тоа 2003 година, јасно беше дека после неколку години врска и ќе се земеме... И, така, еден ден јас и викам ќе се земеме ли? Свадба, ова она... и она вика ај...
Јас кажав дома на моите дека се женам, она на нејзините и биде свадба.
А, ако се палите на такви ствари, ОК. Изнајмувајте билборди, висете на тераси, викајте музики и сл.

П.С. Требаше да се честита некому?

Епа ај честито и од мене.
 
Да, да, да, мнооогу е битно какво ќе биде запросувањето. Дали романтично, со цвеќе или само преку телефон....
Праксата потврдува дека браковите кои се среќни обично имале спектакуларно запросување, како почеток.
Ако понудата за брак е велелепно изведена тогаш и бракот ќе биде таков, и плус ќе биде дуговечен и среќен.
Еве видите Хитлер како ја запроси Ева Браун?
- Никако.
И на крај се самоубија.
Ете така завршуваат браковите кои стартуваат со никакво или обично запросуење.

Исто и Тито и Јованка. Историските податоци нигде не спомињаат запросување. И глејте сеа како завршија. Се разведоа и едниот умре.
После исто викаат дека Кенеди онака обично ја прашал Џеки дали сака да се мужи за него и оп - смрт - трагичен крај за нивниот брак, а она отиде заврши у прегратките на гаднион Грк.

Не си играјте играчки со запросуење, зашто глеате дека е много битно!

Никој не рече дека запросувањето е најбитна ствар у свет. Ама тоа не ни пречи да имаме некакви желби во однос на истото. Темава е за луѓето кои сакаат да кажат како биле запросени, да кажат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom