Кајганџиска фудбалска пресметка! [пријавување]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Јас доаѓам у 10 до 4 тамо. ако ве нема никад тимовите за кој да не ви освојат титула :)
 
Рики, Кастиел пиша дека не можел... Јас неам кој да викнам, сите се пензионери кај мене

Ама ова откажувањево саат време пред утакмица....................
 
Важно сите останати дојдете, па таму ке се договориме и ке средиме.

И 5 на 6 не е страшно.
 
Сеа знам не е фер во 5 до 12 да откажам.... Ама ете така испадна извинете уште еднаш иначе знаете дека секад доаѓам ама ете
 
Што направивте денес??? Ништо не споделивте, ќе се организираме и за наредна недела или?

Sent from my Nexus 7
 
Рики зашто не се фалиш, оваа мислам најмногу голови даде, си го урна ли рекордот? Пофали им се на луѓето кој ти намести најмногу :bravobe:
 
Вака сеа, ја што дадов 5 гола - дадов 5 гола. Фантастичен сум и све тоа и ми нема рамен. Башка и у одбрана бев солиден, такада слободно може да си го почнам патот кон носењето на капитенската трака. Сите ќе потврдат дека бев играч кој го имаше на сите делови од теренот. Али друг ми е муабетот, остајте што сум толку добар, тоа е битно али не толку.

Сеа... коа се договараме значи, доаѓаме. Ајде Кемба и Кастиел што пишаа касно, пишаа, најдовме две замени на време. Али пак игравме 6 на 5 пошто дечкото кој никад нема играно досега со нас не се појави. Што ептен не е фер пошто им го сјеба планот на 11 души. Не дека беше неинтересно или нешто, али пак тапа е бе кога не сме изедначени. Не бива така.

Затоа мој предлог, отсега утакмиците да се одржуваат само ако се пријавиме 14 души. По принципот дека ако се пријавиме 14, може да играме 7 на 7, а може да играме и 6 на 6 со по една замена од двете екипи, зависи како ќе ни одговара повеќе. Така, дури и да не дојдат двајца, пак ќе си играме 6 на 6 и нема да има проблем. Вака од 12 души, доволно е еден да заебе за да се уништи све. Така и се деси денес. Мислам дека ова е трет пат од летово навака (од кога ја идам) да немаме доволно играчи. Ај првите два пати океј, не плаќавме, си игравме на бетон, не дојде некој па јебига, не се напињавме до толку. Али ова човече е резервиран термин, ако се договараш ти да дојдеш, не може да шиткаш, поготово не без најава. Кога више сме доаѓале до Аеродром од сите страни на градов, сме плаќале да играме, треба да биде ко што треба. Такада тоа ми е предлогот, се пријавуваме минимум 14 души, доаѓаме, си играме раат без нервози, не мора да се тресеме еден да не дојде и да броиме колку сме на секоја минута, да прашуваме кој касни, и да се напињаме што некој заебал. Па после лесно е дали ќе играме 7 на 7, 6 на 6 со по две измени од секоја, 7 на 6 со по една измена од тие што се 7, или 6 на 6. Си има опции, тоа не е ништо страшно, страшно е да сме кратки за еден играч.

Ова е мој предлог, па сега како сакате вие, ако има некој некој друг предлог за помалце заебанции слободно нека предложи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom