Кајгана тип игра!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.348
Поени од реакции
34.888
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com


Кајганџии,

Мислите дека сте добри типувачи? Еве мегдан за докажување :)

Наскоро стартува новата и подобрена Кајгана тип игра, на која ќе може да типувате за резултатите и победниците од најпопуларните фудбалски натпреварувања и лиги во светот:

- Italy Seria A
- Premier League
- 1. Bundesliga
- Primera Division и секако
- UEFA Champions League

Освен типување, достапен ќе биде и детален преглед на табелите (+ вкрстени табели) и најновите резултати од сите лиги наведени погоре, како и последните резултати на секој тим од овие лиги - што значително ќе ви го олесни типувањето, како на форумов - така и во живо.

Основни правила:
- Промашен тип: 0 бодови
- Погоден победник: 1 бод
- Погоден победник и гол разлика: 2 бода
- Погоден точен резултат: 3 бода



Играта започнува следната недела, не го испробувајте линкот беспотребно :)

Ова ќе остане официјалната тема за дискусии за Кајгана тип играта.
 
Интересно и браво. Иако веќе почнаа првенствата сепак добра идеја.

П.С. Награди ќе има?
 
Интересно и браво. Иако веќе почнаа првенствата сепак добра идеја.

П.С. Награди ќе има?
Не се секирај, има уште 3/4 од сезоната пред нас :)

Награди за почеток не, но не е исклучена можноста дека понатаму ќе има :)
 
....на која ќе може да типувате за резултатите и победниците од најпопуларните фудбалски натпреварувања и лиги во светот:

- 1. Bundesliga
Oh,nooo..facepalm.gif

Браво за играва,my favourite..
"Експерт" за Сериа А типс(numero uno на ForzaInter prediction league shades.gif) ама другиве лиги..посебно Бундеслига...тешко..тешко..


Ќе има пријавување или како ќе биде тоа?
 
Oh,nooo..Прегледај го приврзокот 36171

Браво за играва,my favourite..
"Експерт" за Сериа А типс(numero uno на ForzaInter prediction league Прегледај го приврзокот 36172) ама другиве лиги..посебно Бундеслига...тешко..тешко..


Ќе има пријавување или како ќе биде тоа?
Добрата работа е што можеш да избереш дали сакаш да типуваш за сите лиги, или само за одредени. Исто така и ќе бидат формирани и рангирањата на најдобрите типувачи - по лига и севкупно во сите лиги. Со самото тоа што сте членови на форумов, може да учествувате во типувањето. Со внесување на првиот тип, вие веќе започнувате со играње :)
 
Интересно, интересно :) Ајде да видиме како стоиме со типување, знам има некои ѕверови на форумов што ги цедат кладилниците секој викенд. Ацид, има планови од кое коло почнува типувањето?
 
Ако го истестираме успешно системот овие 2 дена, тогаш почнуваме од 29-ти или 30.10.2010 (тогаш се првите натпревари од следните кола во лигите кои ги играме). Иако, моја препорака е да почнеме од следниот викенд, а овој да ги изиграме сите типови како „тест“ :)
 
Основни правила:
- Промашен тип: 0 бодови
- Погоден победник: 1 бод
- Погоден победник и гол разлика: 2 бода
- Погоден точен резултат: 3 бода

Треба да си одбереш дали ќе типуваш победник,победник и гол разлика или точен резултат или типуваш само точен резултат,на пример типуваш Интер - Јуве 10-0 и после ако си го погодил точниот резултат,добиваш 6 бода(3+2+1,се погодено),ако си погодил победник и гол разлика(Интер тепа со 11-1 на пр.),добиваш 3 бода(2+1),ако си погодил само победник(Интер не тепа со 10 разлика),добиваш 1 поен а ако не си погодил ништо,добиваш компирче... ?
 
Треба да си одбереш дали ќе типуваш победник,победник и гол разлика или точен резултат или типуваш само точен резултат,на пример типуваш Интер - Јуве 10-0 и после ако си го погодил точниот резултат,добиваш 6 бода(3+2+1,се погодено),ако си погодил победник и гол разлика(Интер тепа со 11-1 на пр.),добиваш 3 бода(2+1),ако си погодил само победник(Интер не тепа со 10 разлика),добиваш 1 поен а ако не си погодил ништо,добиваш компирче... ?
Типуваш точен резултат, пример: Интер - Милан 2:1
Па во зависност од тоа дали не си погодил ништо, си го погодил победникот, си ја погодил гол разликата, или точниот резултат - добиваш од компирчињата погоре (0, 1, 2 или 3 бода) :)
 
Ако типувам 4-2 за Интер, и Интер победи 3-1, јас земам бодови од победникот 1, и гол разликата е 2 гола, значи сум ја погодил и вкупно ке земам 3 бода( од победникот и гол разликата ) ?
 
Ако типувам 4-2 за Интер, и Интер победи 3-1, јас земам бодови од победникот 1, и гол разликата е 2 гола, значи сум ја погодил и вкупно ке земам 3 бода( од победникот и гол разликата ) ?
Зимаш од гол разлика само, не се будали... :)
 
Интересно
Значи неможеш да типуваш и за победник, и гол разлика и точен резултат во едно за да земеш повеќе бода? Мора да избереш само една опција?
 
Системот на бодување како што гледам е сличен скоро ист како за fantasy Premier League, само што тука ќе се бодови 1, 2 и 3 и 0, а тамо 10 бода, 15, 30 итн. Иплус тамо ако промашиш губиш 10бода а тука 0. Поточно бодовите се различни а типувањето исто.

И јас мислам дека е подобро ова коло да биде пробно да го истестирате саглам за да од наредно кога ќе почне да нема компликации и да е се ОК
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom