Прекрасна песна која секогаш ме наежува, та и камен би заплакал. Приказна сама за себе. Браво за темава, прилика да се потсетиме на тоа што сме го изгубиле и стекнале.
Не е баш староградска, ама изворна е. И намерно ја ставив од Бапчорки, иако во последно време толку верзии се изнаслушавме. Многу поисконски звучи отпеана од жени родени пред 100 години во дотичниот регион.
Честито на победата, одлична тема. Тук сеа ми теквит дек вчера парче се сторивме на вавки песми. Ни се погодија свирачите а ними ваљда парите шо ни ги зедоја, ни се погоди и мезето и останатото си тераше како подмачкано и одеднуш се секов
Ее да знајте како играм по маси и како ропам на дајре. Хајт сеа.
Оваа категорија може слободно уште 3-4 пати да се повтори оти има премногу песни кои се историски богатство на Македонија. Мој предлог е да не ставате патриотски песни, за нив да има посебен натпревар (ако немало досега а не видов од листата, која додуша не е апдејтирана последниве месеци).
Песната која ја постирам е една од моите омилени староградски, во исполнение на едни мои сограѓани
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.