Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.136
- Поени од реакции
- 25.671
Кога ќе почине некој познат музичар обично знаеме да отвориме тука special edition тема за него. Деновиве не напушти една филмска легенда која исто така се занимаваше со музика. Дејвид Линч беше еден од најдобрите режисери на сите времиња. Начинот на кој ги концепираше филмовите може да се опише само како работа на еден гениј. Има многу што да се каже за него но за да не одиме премногу вон тема, тука сме сега да му направиме една музичка посвета.
И друг пат на натпреварите сум отворал теми кои биле посубјективни, каде што самиот член може малку на свој начин да си ја дефинира темата, така ќе биде и овој пат, но сепак некои насоки ќе има. Оваа недела бираме најлинчовска песна. За оние што не се упатени во филмовите на Линч и што значи линчовизам:
Што во нашиов случај би значело линчовска песна? Иако како што и самите филмови на Линч немаат строг црно-бел дефинизам, така и тука не може да има црно-бело објаснување, ама умни дечки сте вие на форумов и како и до сега ќе ја сфатите намерата. Значи песната би требало да отсликува некоја гранична состојба меѓу сон и јаве дали преку текстот или преку музиката, треба да асоцира на оној меѓусвет каде што само што си заспал или само што си се разбудил. Луцидни соништа и соништа кои се толку нереално реални што кога ќе се разбудиш просто не ти се верува дека само сон било. И/или песни кои совршено би се вклопиле како саундтрак во филмовите на Линч. Генералното расположение во неговата кинематографија сепак претежнува кон конфузија, очај, нејасност, жал, гнев, тага наспроти среќа, радост, пријатност, блаженост така што мрачната нота е поприсутна отколку светлата. Замислете си свет каде што се испреплетени реалноста и фантазијата, еден лавиринт од ходници каде клучот за излез е само привидно на дофат во следната врата која сепак не е таа што ја отворате и обидете се да го претставите сето тоа во песна.
Бидејќи темата е поапстракна не можам да ве ограничам каква песна да ставите како натпреварувачи. Ако мислите дека некоја песна од Златно Славејче припаѓа тука ставете ја, ама ќе бидете подалеку отколку поблиску до целта. Од друга страна кога ќе дојде времето за гласање, вам како гласачи исто не можам да ве ограничам и ви кажам за кого да гласате, ама поентата не е да гласате за песната која најмногу ќе ви се допадне од предложените, туку песна за која сметате дека најмногу ја доловува линчовата кинематографија дури и ако песната воопшто не ви е по ќејф.
После овие некои генерални насоки може да почнеме.
Јас тргнувам со песна која секогаш ме асоцирала на Линч комплетно текст+музика+спот. Можеби најпотценетата од Rainbow и општо делата на Ричи Блекмур.