Kajgana Song Contest #296 - Македонски женски изведувач (забавна музика, 2020+)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.457
Поени од реакции
35.873
Пак сум победил! Нема, нема, па после години, во рок од 3 недели, два пати. :P

Е сега тешко беше да се одбере тема. Пак барав нешто што не сме имале, ама сакав да е поврзано со македонска музика. И најдов: сме немале теми за македонски женски вокал и македонски машки вокал. Но, во таква тема 99% кај машките би победил Тоше, кај девојките веројатно Каролина. Би почнал со дамите - секогаш имаат предност, но, за да биде малце потешко, неколку дополнителни правила:

-мора да се соло изведувачи - пејачки на бендови не се прифаќаат (значи не може Ружица од Ареа :P )
-мора да се изведувачи на забавна музика (значи не Сузана Спасовска)
-песните мора да се понови од 2020 година (значи од последните 5 години, за да не победи некој хит од 90-тите заради носталгија, без никој да ги слушне песните)
-дуети и соработки на женски соло изведувач со друг, со машки изведувач или група - МОЖЕ, ДОЗВОЛЕНО Е


 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.457
Поени од реакции
35.873
Зарем има и вакви?
Не сакав да напишам имиња како помош, ама пошто веројатно тешко делува, еве дел од имињата кои имаа издадено песни во последниве 5 години: Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лара Иванова, Теодора Трајковска (Thea), Александра Јанева, Антонија Гиговска, Калиопи, Марија Спасовска, Сара Мејс, Кристина Димитри, Тамара Стојковска, Волчевска, Бојана Скендеровска, Наталија Данаилова, Дани Димитровска, Кристина Арнаудова, Мијата, Јана Бурчевска, Симона Поповска, Андријана Јаневска, Барбара Поповиќ, Мартија Станојковиќ, Агни Авшар, Дина Јашари, Марга Сол, Mayna, Наташа Миха, Јова Радевска, Катерина, Лина Пејовска, Мартина Блажеска, Сара Гигова, Андријана Петрушовска, Андреа, Викторија Лоба, Мелани Тарчуловска, Барбара Ракичевиќ, Вера Милошевска, Марија Каева, Кали...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.896
Поени од реакции
29.699

@Zlatikevichius нели е малку збунувачки насловот на темата да е Женски соло изведувач, а во условите да се дозволува дует?
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.457
Поени од реакции
35.873

@Zlatikevichius нели е малку контра интуитивно насловот на темата да е Женски соло изведувач, а во условите да се дозволува дует?
Искрено, се мислев да не може дуети, ама голем дел од песните во оваа декада се баш такви: Пајак и Лара, Dadi Young и Тамара, Антонија и Пајак, Теа и Дупер... Изгледа тоа им е тренд на младите генерации, или ги имитираат Србите, не знам. Но ако не ги дозволев дуетите драстично ќе се намалеше бројот на песни, затоа дозволив. А под "соло" се мисли - да не е пејачка на бенд, како што ја спомнав Ружица од Ареа. Не дека има многу такви, ама пак да не откопа некој некоја па да се расправаме. Еве, ќе го избришам тоа соло од насловот.
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.494
Поени од реакции
2.154
Ќе ставав некоја песна од Симона Поповска ама тие песни шо ми се допаѓаат се од пред 10 години. Нишо изглеа и овој натпревар ќе го скокнам.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.805
Поени од реакции
20.151
Прво да се извинам, ама слаткар ја усра песната… Калиопи е битна
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.740
Поени од реакции
989
Скоро ич не следам мак музика последниве 5-6-7 години и воопшто музика ( со ретки исклучоци ). Ептен ти се ригорозни правилава за темава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom