Ова е тема која одамна ја имав на ум (секако, и другата слична: Boy Bands), ама не знам како после 292 избори не ни текнало да отвориме ваква тема. Станува збор за еден „феномен“ особено популарен во 90-тите години на минатиот век, и особено со појавата на Spice Girls кои го револуционeризираа girl-group концептот и го направија подостапен особено за младата женска публика, но мора да признаете дека и машките не бевме имуни на секси облините на сегашната госпоѓа Хорнер, на прекрасниот глас на Мел Си, на секогаш секси - Викторија Бекам, и на Мел Б и Ема Бантон. Spice Girls се уште активни, без Викторија Бекам, но далеку од славата од нивните први два албуми. Имаат продадено преку 100 милиони носачи на звук во светот што ги прави најпродавана женска група во историјата на музиката. Според американскиот магазин Rolling Stone се најпознатата британска група во светски рамки по Битлси!
Но, феноменот на женските групи не започна со Spice Girls. Се раѓа во Америка кон крајот на 50-тите со појавата на многу женски групи како Andrews Sisters и The Supremes. Оваа форма била толку популарна, што постои податок дека во периодот 1960-1966 во САД и Велика Британија дури 750 различни женски групи се искачиле на официјалните топ листи на двете земји! The Supremes сами имале дури 12 Број 1 синглови на Billboard Hot 100 и тоа во исто време со популарноста на Битлси на островот. Во подоцнежните години женските групи почнале да пејат во многу музички правци: од диско, R&B, кантри и поп, но се чини најголемата експанзија се случува со популаризацијата на денс-ориентираната поп музика. Токму затоа 1990-тите се сметаат за пикот на женските групи. Во последните 15-тина години, пак, нивната популарност особено се пренесе во Кореја преку K-Pop феноменот (Girls' Generation, Blackpink, и Twice).
Од 1990-тите, дел од најпознатите групи беа (американски R&B и хип хоп): TLC, En Vogue, Exposé, Sweet Sensation, SWV, Xscape, 702, Total, Zhane, Blaque, 3LW и веројатно најпопуларната американска женска група: Destiny's Child. Подоцна, во 2000-тите: Pussycat Dolls, Danity Kane, а во 2010-тите: Fifth Harmony (оформени преку шоуто The X Factor USA).
Од Британија, ги споменавме Spice Girls, но покрај нив тука беа и Eternal, британско-канадската група All Saints, Sugababes, B*Witched, Atomic Kitten, Girls Aloud, а во периодот 2000-денес: Mis-Teeq, the Saturdays, StooShe и Little Mix (првата женска група и првата група воопшто која победила на британскиот The X Factor).
Оваа експанзија не не одмина ни нас, па така и кај нас се појавија еден куп тинејџ-женски групи, иако нешто подоцна, на почетокот на новиот милениум. Најпознати, секако, за сите нас во тоа време беа XXL. Соседна Србија, пак, нешто порано ги имаа K2 (сестрите Александра и Кристина Ковач), а последните 10 години имаа дури 2 претставници на Евровизија - женски групи: Moje 3 и Hurricane.
______________________________
Ова беше кратката историја на женските групи. Само една напомена: постојат групи составени од само женски изведувачи во кои има само еден вокал, а другите се инструменталистки (Американците, за да ги разликуваат нив ги нарекуваат Girl-bands) - нив не ги прифаќаме! Значи единствените правила се:
-групи од минимум 2 вокалистки во кои нема машки членови
-дуети на 2 пејачки не се прифаќаат
-групи составени од жени во кои само една е вокалистка не се прифаќаат
-соработка на женска група со машки изведувач или група - се прифаќа.
Најлесно би било и веројатно има најголеми шанси да победи тој што ќе ја избере Wannabe од Spice Girls, но ајде да не биде толку лесно, јас ќе играм со една песна од друг бенд која и тогаш а и денес ми е една од најубавите песни од женска група, од саундтракот на The Beach: