Кајгана собиранки во природа (тури, рекреација, кампување, собирање чаеви....)

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо и јас овојпат, ми дојдоа роднини на гости па морам со нив некои работи да бркам, иначе ми се иде ептен!
 
ранецот ми се скина, патиките (сеа за сеа) ми се само тие... и иам некоја зезната болка во коленово... така да ќе морам да пријавам неприсуство, have fun :)
 
Тапа се осеќам што морам и јас да се придружам кон баграта што за жал мора да ја одбие одличнава понуда :/. Заради одреден сплет на околности, не ќе можам, но за наредно идење доаѓам па шо сака нека е! :)
 
Кој сака да дојде, ќе најде 100 начини да дојде, кој нејќе - 100 оправдувања да не дојде :)

Сепак, сметам дека ќе беше подобро да се пишеш бар неколку дена порано... Јас сум генерално ЗА утре, ако има кворум (бар 5-6 души).

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
 
еј, само мало потсетување, вечер се менува времето, така да 9ч по тековно (ново) време
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 19:07 ---
Кој сака да дојде, ќе најде 100 начини да дојде, кој нејќе - 100 оправдувања да не дојде :)

Сепак, сметам дека ќе беше подобро да се пишеш бар неколку дена порано... Јас сум генерално ЗА утре, ако има кворум (бар 5-6 души).

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
па ако си ти со поубавата половина, јас и ИОН, аракен .... ете 5 луѓе :D
 
Нема да доаѓа поубавата половина овој пат поради други обврски :)

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2
 
Недела 27.10.2013 лежарна прошетка на Водно

Тргнување 09:00 од Железничка станица со автобусот за Милениумски Крст.
Превоз со жичара до врв.
Лежарно пешачење во правец на Матка (крајна дестинација нема) темпото на движење зависи од кондиционо најслабите членови.
Препорачливо "разгазени" патики или планинарски чевли, резервна маица и евентуално шушкавец. Храна од ранец. Препорачливо е секој да носи од 0,5 до 1 литар вода.

Arakenx носи шаторско крило за седење, карти за играње, пластични чаши. Доколку некој е љубител на фотографија слободно нека понесе фотоапарат.

Враќање со жичара (доколку бидеме поголема група кондиционо спремните може да се спуштиме пеш до средно водно). Враќање со автобус до Скопје.

Опционо качување на Рекорд (најкасно 09.05 или спроти влезот на државна болница 09.10).

Сите расположени за прошетка на Водно се добродојдени.

Ги замолувам следните членови да се произјаснат:
kooperativa, Kaiser, Не_Сум_ЏинЏер, Шкорпион, Клипче, Natural-girl, Saladin, Stefan-Kobe, AceCaleb, Tonchie, wiksa, Velvet She, StormRage, bebush, Anon, ION, n/a, blue ladybug, ........се извинувам ако испуштив некого :(

ееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее
ај наредна недела пак, плс плс плс... не сум во Скопје :(
 
Шо е ова сите одбија, еве ме и мене FOLD :свиркам:
ако не бев спомнат во екипата во првиот пост ;)
 
Нема да доаѓа поубавата половина овој пат поради други обврски :)

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 2


Важи и за неа тоа што го пиша погоре, или само за нас? :D
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 19:18 ---
ееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее
ај наредна недела пак, плс плс плс... не сум во Скопје :(


И јас се само-пријавувам за наредна недела. Уште сеа пакувам ранец :D.
 
Шо е ова сите одбија, еве ме и мене FOLD :свиркам:
ако не бев спомнат во екипата во првиот пост ;)
Не си спомнат во екипата од првиот пост затоа што не доаѓаш на собиранки каде, патем, се прават ваквите договори за потоа да се финишираат тука на темите. Затоа, не "плачи" и почни да не' дружиш:pipi:.

Иначе, и ја им се придружувам на Неса и Шкорпион за нареден пат :D.
 
Јас како предводник на тимот со слаба кондиција и башка без патики :P ќе морам да се заблагодарам на известување и да одбијам. Убав провод - ќе се дружиме на затворено :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom