Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да прашам дали следново според вас е нешто невообичаено и на некој начин глупаво ...

Еве пример веќе одмна не славам родендени, ниту пак одам на некој роденден без разлика колку и да ми значи личноста, ниту пак имам во практика да честитам некому роденден. Во последниве години не сум ни го славел својот роденден. :)
 
Не е глупаво во никој случај...Не си единствен.Сигурно има причина за сето тоа...Дали е задолжително секоја година да се слави роденден,Нова Година со пријатели или да останеш дома?нема правилник за тоа...Само си го правиш ти тоа како што сакаш како што е најдобро.Ако сметаш дека не е во ред тогаш промени го тоа.Почни да славеш макар во најблискиот круг од семејството. :)
 
Fala ... ;)
 
Сакам да прашам дали следново според вас е нешто невообичаено и на некој начин глупаво ...

Еве пример веќе одмна не славам родендени, ниту пак одам на некој роденден без разлика колку и да ми значи личноста, ниту пак имам во практика да честитам некому роденден. Во последниве години не сум ни го славел својот роденден. :)
Знам дека Јеховините сведоци не слават роденден, ако си дел од таа религија (или ако имаш слични верувања) не би ми било чудно.
Не би ме чудело и ако не славиш роденден доколку на тој датум ти се случил нешто многу трагично па тој датум ти носи повеќе болка од среќа.
Но, ако своеволно си решил (или под сплет на околности си престанал) да не го славиш роденденот, би си помислила дека не се сакаш себеси и не се цениш себе си доволно.
Тоа е денот кога си дошол на светов. Тоа е првиот ден од создавањето на личноста која то си сега. Секој поминат ден ти носи нови искуства кои те градат во она што си сега, почнувајќи токму од тој ден кога си дошол на всетов. Зошто не би му се радувал на тој ден?
 
Затоа што ќе те цитирам со твојот потпис
Какво губење на време - да сакаш да се убиеш, кога веќе си мртов. :) Мислам дека ме разбра.
 
Пред 14 години ете како мал имав репутација на "багабонт", моите родители за да не се плеткам со такви работи ме однесоа да спортувам. Прво почнав да играм тенис, а кога и таму бев причина за една поголема тепачка бев избркан. Татко ми буквално за партали шо се вели ме однесе да тренирам кошарка и му рече на тренерот дека ќе ме носи во 6, а ќе ме зема во 8 и секој ден да ме тепа. То ми беше еден вид војска таму кај шо морав да одам се до денот кога почнав да ја сакам кошарката, тренирав 11 години.
Не престанав да правам глупости. Продавав дрога, петарди, распрскувачки материјали, крадев, се тепав, играв комар, бев каматар, изнудувач или рекетар, а сум бил приведуван само неколку пати, но никогаш не сум бил обвинет, а камоли прогласен за виновен. Ме следела полицијата, на неколку наврати ми бил прислушкуван и телефонот. На училиште бев примерен ученик, основно и до втора година средно бев одличен, трета и четврта многу добар.
Кога дојдов трета година средно, сватив дека само моите другари и родителите дека ме сакат, а исто така сватив дека животот е премногу краток за да се биди негативец во серијата.
Мојата енергија ја пренасочив во правење на позитивни работи во кој покрај јас ќе уживаат сите.
Сега сум 22 години, се чувствувам прекрасно имам многу вишок на позитивна енергија, ја делам со сите наоколу, се смеам уживам во животот, стекнувам многу пријатели, тие шо ме знат од порано мислат дека сум пореметен или дека ептен сум влезен во дрогата, но еве чесно и одговорно тврдам дека во животот немам пробано ниту еден од видовите и подвидовите на дрога. Научив во животот дека треба сите да ги сакаш, да му пружиш дел од себе, кој ќе возврати е добредојден, кој нема тој е благословен, многу ми е убаво и сакам на овој начин со позитивна енергија да се избориме против сивилото кое ни е сервирано без наша желба, без наше знаење, без наша вина. Сакајте се, давајте се од себе во љубовта, другаството, смејте се, бидете ведри и радосни и кога времето е сончево и кога бурата ќе дојди, играјте на дождот и радувајте се на сонцето, тргнете ги негативните мисли и бидете то шо политичарите некат да бидеме, бидете среќни за тоа госпо шо ни го дал, не бидете несреќни за тоа што некој човек ни го одзел нечесно. Бидете големи во срцата и приберете ги сите под вашата стреа. Позитивната слика нека владее во наредните моменти, а додека го читавте ова се надевам ми верувавате дека успеав да си го сменам животот да си ги сменам мислите, да си ја сменам иднината, да се променам целиот. Не трудете се да го заборавите минатото, то иди секогаш зад вас како сенката, обидете се да ја промените вашата иднина и вашата слика која ќе ја оставите да не биде црно бела како предходната или како досегашната. Опуштете се и бидете позитивни оти само љубовта, среќата и ведрата мисла можат да ни ги продолжат животите !!! Поздрав и уживајте како шо уживам јас ...
 
Дали е нормално во животот да не знаеш што сакаш??еве пример јас студирам електро факултет,не велам дека не го сакам тоа што го учам,но сакам да одам втор факултет историја или психологија,тие две науки ми се во крвта,исто така се занимавам со музика,свирам гитара,пишувам проза,зборев со мојте дома за втор факултет и ми рекоа да се сконцентрирам на тоа што го студирам сега и да бидам успешен т.е најуспешен во една област,но јас сакам да знам од се по нешто,и да имам 2 или повеќе факултети..дали тоа ќе ме направи помалку стручен во некоја од тие области?
 
комотно нека се изјаснат како успеваат.
--- надополнето: 14 февруари 2013 во 01:46 ---
Добро незнам стварно кој ме е проблемот ама признавам дека имам некаков проблем! Никако не успевам да се вклопам во некое друштво постојно имам чуство и забележано дека пораи некоја причина ме избегнуваат. Не сум некој кој сака да се наметнува или истакнува во друштво и нормално комуницирам не сум од оние ајде со клешти да им вадиш зборови... но сепак се чуствувам во некој друштва отфрлен а во некој ситуации дури и изчезнале во буквална смисла на зборот па сум се враќал сам дома и сето ова ми стана нормално нели и не ми пречеше се додека се движев низ градот на предавања. Сега кога сум дома без обврси и се чудам што да правам разбирам дека ми треба друштво кое неможам да го најдам сите се нешто “зафатени“ само дремат на фб по цел ден и ноќ... Исто ми е проблем да одржам врска едноставно имам чуство дека колку повеќе гледам да ги направам среќни толку ме газат и за се сум јас виновен мене нешто ми фали и јас сум тој што лаже! Незнам зошто ми се случува ова :facepalm: бар да имав некоја подршка од моите дома , но и тие ја прават ситуацијата полоша со таа мисла дека е сеуште титово време па чим дипломира одма имаш работа или барај по фирми од врата на врата и слични малтетирања.. Многу сакам да знам каде грешам и незнам зашто неможам да го откријам тоа?
не постои проблем, едноставно така е , таков свет создаваме.
 
Затоа што ќе те цитирам со твојот потпис
Какво губење на време - да сакаш да се убиеш, кога веќе си мртов. :) Мислам дека ме разбра.
Ќе ти постирам една слика која можеби нема да соодветсвува на тоа што сакаш да го кажеш, ама ќе ја долови поентата на мојот постпис и како јас го доживувам
1299498845873.png

Мојот потпис, за мене, значи баш тоа. Оди живеј 100%. И онака си веќе мртов, немаш што да изгубиш.
Ама пошто праша дали ни е чудно што не го славиш својот роденден - да.
Ако не нешто друго - купи и на денот на твојот роденден на мајка ти една ружа. Сепак она била во пеколни болки за да ти дојдеш на свет. Прослави го тоа.
 
мене ми смета луѓе што ми ја наметнува религијата, а сум во контакт со такви луѓе на пример моите родители ... да не бидам сватен погрешно јас верувам во Господ ама не верувам дека не смејш ова да прајш не смејш да имаш секс пред брак не лажи не прај вака не прај така ќе одиш во пеколот ..јас живем слободно сметам дека животот треба да го живејш по свои правила затоа и Гопод те создал треба да уживаш..ама овај проблем ми го наметна еден монах уште додека бев мал одев на манастир, така да ми се појавува почесто и ми смета ,ко че ми идат овие мисли сметам дека џабе живејме ко че одиме во пеколо ако не прајме се како шо треба ....
 
Сакам да прашам дали следново според вас е нешто невообичаено и на некој начин глупаво ...

Еве пример веќе одмна не славам родендени, ниту пак одам на некој роденден без разлика колку и да ми значи личноста, ниту пак имам во практика да честитам некому роденден. Во последниве години не сум ни го славел својот роденден. :)
I da znaes deka pravilno postapuvas
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 00:23 ---
Preubava ti e mislata na samiot profil :love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom