Имам проблем... т.е. не знам дали ми е проблем или навистина е така, но како што поминува времето, сфаќам дека во животов дали имам една личност на која што секогаш можам да се потпрам. Ги гледам луѓево околу мене и на сегде гледам дволичност, лицемерие, ефтина "љубов". Ја нема таа искреност на која што сум се надевала дека ќе ја има. Сум мислела дека ако јас постапувам добро дека и кон мене ќе постапуваат така, ако пружам љубов, дека истата ќе ми биде вовратена. Но кога си добар едноставно луѓето те користат. Знам дека сегде има исклучоци, но не можам баш јас да налетам на нив. Како што поминува времево, како што се повеќе и повеќе созревам сфаќам дека сме сами на овој свет... не знам едно асално пријателство, ниту една асална искрена врска. Секад некој мора да ја оплеска работата. Бидејќи се такви луѓето 90% околу мене осеќам дека се губам дека и јас ќе станам таква да гледам само за себе, и да ги газам другите. Не верувам во искрена љубов, не верувам дека некој ќе е способен да ме сака, онака безрезервно, не сум сигурна дека јас некогаш ќе сакам бидејќи сум била премногу повредена. Сите што ств сакале и се посветиле само страдале. Страв ми е дека ќе си ги изгубам принципите дека ќе станам како другите, бидејќи од толку што сум била добра према некои личности сум искачала премногу наивна. Од новите познанства не може да има некое ново и искрено пријателство, се нешто има со позадина. Имам само една до две најмногу личности во животов кои стварно ги ценам и сметам дека ќе бидат тука за мене. Се осеќам сама, се губам себеси, не сум тоа што бев, но и нејќам да бидам зошто едноставно другите не заслужуваат, но нејќам ни да се израмнам со другите. Не знам некој дали ме сфаќа што пишувам, како се осеќам, но празна сум, не сум исполнета. Се надевав на погрешни работи. немам надеж дека ќе бидам среќна, или ќе ме повредат или ќе повредам. И у последно време се правам некои глупи непромислени работи, и имам преголема грижа на совест за ситници за никакви работи, што некој нормален воопшто не би се замарал... Како што поминува време само е полошо... има голема празнина во мене, што мислам дека не може никој да ја пополни...
Те сфаќам што е проблемот. Не можеш да замислиш колку разбирам како е на твое место. Можеби на другите им е тешко да сфатат, ама јас знам како е да се чувствуваш како ти да немаш пријатели, а сите те имаат тебе за пријател. Болно е, признавам. Ама, да ти кажам искрено, веќе не се ни разочарувам од луѓето, зашто некако сум направила генерализација, и од сите очекувам да не се добри со мене. Некој ако е, секоја чест, му благодарам, пријател сум му. Некако (никој да не сфати лично), луѓево тука се како муви без глави. Не можам да разберам, како немаат грижа на совест, како не размислуваат за проблемите на другите, како не им е гајле ако на некој му ја испрљаат честа, како им е убаво да излезат, да се испоначукаат во некој биртија, и да имаат најубав помин на свет. Што има убаво во тоа? Каков карактер имаат тие луѓе? Искрено, почнав да ценам кога ќе сретнам некој што ќе забележам дека има нешто повеќе од тоа. Знам како е да сакаш да си добар, и да ти биде признаена добрината. Се изгорев неколку пати, бев наивна. Си дозволив да им верувам безрезервно на луѓе, кои не ми докажале дека се достојни да ја имаат мојата доверба. И ја злоупотребија, секако. Лошо е да учиш од лоши искуства, ама уште полошо е никогаш да не научиш дека не треба да веруваш. Почнав да сфаќам дека треба да сум благодарна дека за се што не правам како што треба, секогаш ќе се појави некој што ќе ме удри по глава, и ќе ми покаже како треба. Можеби семејството не ни ја покажало лошата страна на светот, не не научиле дека има лоши луѓе, не ни покажале како да излеземе во светот со минимален број грешки. Не знам, не е ни важно. Што е, тоа е. Сега, откако сме виделе сами, сега треба сами да научиме како со тоа.
Не знам дали јас имам среќа, или едноставно правилно сум постапувала кога требало, па сум нашла ред добри пријатели, на кои можам да сметам кога сакам. Не се луѓе што ги знам месец дена, па не сум им го видела вистинското лице. Некои ги знам од мала, некои со години. Секогаш биле тука. Еве, и сега, откако сум повеќе од година со дечкото, откако повеќе од година може да се каже дека речиси и не ми текнало јас да им се јавам, тие уште се тука. Знам дека грешам, знам. И тие знаат. Ми замеруваат, ама тука се. Се грижат, прашуваат, ме бараат. Пријатели.
А, од тие што ми згрешиле, научив дека треба првин да ги запознаеш луѓето, да им дозволиш да ја заслужат твојата доверба и искрено пријателство, па тогаш да ги ставиш во твојот круг на блиски. Треба да научиш да не внесуваш премногу од самиот почеток. Помалку зборувај, повеќе набљудувај. Забележи како тие се однесуваат со другите луѓе, на пример, ако некој со кој би сакала да се зближиш, забележиш дека на тебе или на некој друг му зборува нешто лошо за некој, тоа зборува доста нели? Ако може да зборува за тој некој, зашто да не може и за тебе? Биди фина со сите. Биди пријател. Ако им треба нешто, најди им се. Ако тие тебе не ти се најдат, не им замерувај. Ама, нареден пат ќе знаеш колку те сметаат за блиска. Ќе знаеш колку далеку можеш да одиш со некој. Ако помогнеш некому, и не добиеш ништо за возврат, немој да се каеш, не си згрешила. Сепак, Андреј Курпатов вели дека ние сме родени егоисти. А егоист значи да гледаш тебе да ти биде добро. А ако не им е добро на тие околу тебе, како ќе ти биде тебе добро? Значи, природно е да им помагаш на другите. А, освен тоа, зарем не го знаеш она убаво чувство, дека си помогнала некому? Верувам дека сите го знаеме. Тоа чувство го имаат егоистите. Ама, не е лошо да си егоист, сепак ако си, не значи дека си себичен. Различни се поимите. Ете, тоа чувство не` 'етикетира' како добри луѓе кај другите. Не се плаши да помагаш. Само, не им дозволувај на другите да станат твои блиски пред да ги запознаеш, не им ја подарувај довербата. Научи да ја дадеш на оние кои ќе ја заслужат.
Се надевам дека овие редови барем малце ќе ти дадат сила и знаење како понатаму, и дека барем малку ти помогнав. Се надевам дека барем некој збор од ова беше корисен, и дека нема да се плашиш да ги примениш. Се надевам дека ќе имаш среќа со луѓето, дека ќе почнеш да наидуваш на добри луѓе. Ти посакувам среќа, а верувам не само јас, туку и сите овде што се обидоа да ти помогнат. Поздрав
