Јас деновиве планирам да направам штрудла со афион.Од толку многу мои омилени јадења што веќе сте ги готвеле, ова за чудо не сте го... Ќе ставам слика иако знам нема да имам право да се натпреварувам.
Состојки:
1 литар томатело ( јас користев две тегли домашни мелени домати )
1 зелена пиперка
1 главица кромид
3 чешниња лук
3 моркови ( големи )
Околу пола пашканат
1 лажичка шеќер
Многу магдонос
Чили, маслиново, сол
Се пржи зеленчукот, се додаваат доматите и се вари додека се добие густина. Се додаваат зачините и магдоносот, се блендира со рачен пасатор, се додека не се добие хомогена крем смеса. Се достава еден филџан вода и се вари на скроз тивко уште 2-3 минути.
Многу е повкусна одошто лошата слика.
Ја правам еднаш неделно ама не сум ја сликала пак. Да размрдаме темава.
Ептен се мислев да не ја утнав со состојките, ама пошто обожааавам брокула, беше по мој вкус.
1 главица кромид
1 компир
2 чешниња лук
малку црн бибер
300 гр. печурки
500 гр. брокула
1 коцка супа со 1.5 л. вода
200 мл. павлака за готвење
маги со 4 вида сирење
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.