shumecha.tableta
Модератор
- Член од
- 26 декември 2013
- Мислења
- 3.325
- Поени од реакции
- 17.794
Имаше пишано предлог, така што нека биде Домашен леб. 
Рецептата е од Мои Рецепти!
Некако ми изгледа најсличен на оној мајка ми што го прави.
Состојки:
Брашното го ставаме во поголем сад за месење, на средината правиме вдлабнатина, ја додаваме солта, шеќерот и претходно припремениот квасец. Го замесуваме тестото со топла вода, да нагласам за водата треба сами да процените колку ќе ви треба, јас никогаш не ја мерам, секој пат ставам од око, само тестото треба да е меко замесено. Го оставаме тестото да стаса, 40 минути, го премесуваме, правиме лепчиња - големина по желба. Го затоплуваме плехот во кој ќе го печеме лебот, посипуваме по него брашно. Лепчињата ги редиме во плехот и оставаме пак да стасаат околу 30 минути. Ја уклучуваме рерната на 200 степени и печеме 45 минути. Го вадиме лебот и го покриваме со крпа убаво да се задуши за да омекне.

- 1кг и 400 грама брашно тип 400
- 40 грама свеж квасец
- 1 1/2 лажица сол
- 500 до 700 мл вода
- 1-2 лажици шеќер