Кајгана гитаристи

  • Креатор на темата Креатор на темата moTaro
  • Време на започнување Време на започнување
Имаш за 16.000 во Дореми-Јамаха пакети ERG + 15 ватно појачало.

Имам една дома и супер се држи.

Процесор не ти треба, а на звучна можеш партали да праиш само да не е онборд. Ако е интергрирана, немаш многу опции.

P.S.

Гирл, а ти да се консултираш со некој? :)

Првата ти е копија на Фендер Стратокастер, и е дефинитивно електрична.

Втората е акустика, нормално.

А ако не сакаш дрвена гитара, ниту пак електрична, да ти дадеме од шеќер направена?
 
вака:сакам ваква да е
http://www.inet.hr/~vbirimis/oglasi/gitare/Elektricna%20gitara%20MARATHON/gitara-MARATHON2.jpg
не е електрична мислам.
нејкам да е ваква:
http://www.gitara.xpcmusic.pl/images/gitara.jpg
ц ц ц значи морав да нацртам:pos2:
Ова ти е електрична гитара.
gitara-MARATHON2.jpg
 
значи гитари постојат само акустична и електрична, така?
добро бе, како ме нападнавте, па не се разбирам.
па тогаш нека биде електрична.
ајде пишувајте сега за електрична гитара, шо треба.... се
 
Имаш за 16.000 во Дореми-Јамаха пакети ERG + 15 ватно појачало.

Имам една дома и супер се држи.

Процесор не ти треба, а на звучна можеш партали да праиш само да не е онборд. Ако е интергрирана, немаш многу опции.
Имам Саунд Бластер X-Fi Мјузик... значи ќе биде ок.
Ако е така, значи нели ке биде подобро да земам подобра гитара, но само гитара , без никакви појачала ?
Каде се наоѓа Дореми?
 
Фала Колбас, ја средив акустичната!

Ајде и јас да прашам,
значи вчера бев во онаа продавницата за инструменти во ГТЦ. Бидејки барам електрична гитара но сум почетник, ми препорачаа некои сетови. Едниот не знам која фирма беше, но беше евтин , 10000 денари. Другиот сет што ми го препорачаа беше јамаха, и сетот содржи кајш, појачало 7 вати :S, процесор, тјунер и нели гитарата.
Е сега, дали да земам некаков сет, или пак да земам гитара посебно, а посебно појачало? За процесори сум почетник така да не ќе ми треба од почеток, здравје понатаму ако ми тргне.
И дали може да не купувам појачало, туку да ја поврзувам со компјутер во звучната, имам добри звучки... а начув дека појачалата се скапи а сум ограничен со пари : 300 евра.
Што да купам?

Тие сетовите се доста добри за парите (кај нас, иако во светот се доста поефтини инструментите). Појачало ќе ти треба зашто ќе треба да дадеш многу пари за звучна картичка со која нема да ти касни звукот додека свириш на компјутер. Звучките немаат врска, звучната е проблемот. Сосема доволно ти е појачало од десетина вати за почеток зошто ако решиш да свириш посериозно ќе можеш да си подсобереш пари и да си купиш големо појачало. А, и најверојатно дома ќе свириш па со погласно појачало (освен што ќе ти зафаќа повеќе простор) не ќе можеш да го користиш до максимум (а и не ти треба).
ДоРеМи се наоѓа до кино Фросина, во МКЦ. Мислам дека таму се највисоки цените во однос на другите продавници. Јас прво би прошетал и до сите други, Артист, Цики, Студио БТ, Мими, SkyMusic...
 
Колбас , имам добра звучна, барем така мислам. Сега не знам колку се разбираш но дали ке касни звукот кај неа? За Sound Blaster X-Fi Music станува збор. Ја купив пред малце 100 еури, нели би требало да биде ок? И наместо сет, ке купам подобра гитара со што ке избегнам купување на нова наредниве 5 години :) ?
 
значи гитари постојат само акустична и електрична, така?
добро бе, како ме нападнавте, па не се разбирам.
па тогаш нека биде електрична.
ајде пишувајте сега за електрична гитара, шо треба.... се
Ти треба прво да учиш, после ти треба:
euros.jpg

fender-fm212r-guitar-amplifier.jpg

bos-bd2_md.jpg

И подготвена си да:gitara1: :pank:
 
Колбас , имам добра звучна, барем така мислам. Сега не знам колку се разбираш но дали ке касни звукот кај неа? За Sound Blaster X-Fi Music станува збор. Ја купив пред малце 100 еури, нели би требало да биде ок? И наместо сет, ке купам подобра гитара со што ке избегнам купување на нова наредниве 5 години :) ?

Ја незнам да ти кажам дали ќе ти касни звукот, но ако си сигурен дека нема, зимај гитара, симнувај Guitar Rig и уживај.:)
 
Имаме вакво исто појачало во гаража 100 W е и грми на 7ца ненормално, не сме го наместиле на 10 да видиме како е! Супер појачало.Добро е што е двоканално.
 
значи гитари постојат само акустична и електрична, така?
добро бе, како ме нападнавте, па не се разбирам.
па тогаш нека биде електрична.
ајде пишувајте сега за електрична гитара, шо треба.... се
Има и бас гитара, ама ќе ме прашаш што е тоа.
Совет: Пошто гледам дека од гитари не се разбираш "многу" би ти препорачал да си купиш кларинет или флејта евентуално.
Покорисен совет: Гледај го School of Rock филмот :pos:
 
Ја незнам да ти кажам дали ќе ти касни звукот, но ако си сигурен дека нема, зимај гитара, симнувај Guitar Rig и уживај.:)
Е ај сеа главното : Каква гитара ? :D
Гледав на скајмјузик Aria XL DLX - 180 eвра
Препорачајте нешто..
 
Е ај сеа главното : Каква гитара ? :D
Гледав на скајмјузик Aria XL DLX - 180 eвра
Препорачајте нешто..
Би ти препорачал да си купиш некоја добра акустична и на неа некои 1-2 години да свириш (ако мислиш сериозно) па тек тогаш електрична да земеш.

А чим си гледал во скај мјузик би ти препорачал Dean(таа една црна) да ја купиш ако веќе си решил електрична да купуваш. 200е
 
Имам (свирам) акустична , напишав пред неколку поста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom