Кај што има чад...

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
...има и оган?

Се согласувате ли со оваа поговорка? На пример обично кога се шушка за нешто, некој трач, се употребува оваа реченица. Дали секогаш мора да значи тоа, дали во секој трач, има нешто вистинито или?

На пример имам правено муабет со луѓе,кои што велат : Е да бе, од каде тој трач? Мора да има основа за да се измисли нешто...

Што мислите вие?

И како ја разбирате реченицава и дали самите вие ја употребувате некогаш?
 
Не баш... Причината за отфрлањето на горенаведената поговорка лежи во моето долгогодишно набљудување на подвидот патолошки трач лажговци, кои припаѓаат на видот патолошки лажговци и се одликуваат со незавидно ниво на интелигенција. Тие, во недостиг на фундаменталниот елемент за опстанок како единка, таканаречен живот, се специјализираат во чадење без оган, со цел да предизвикаат компромитирање на одредена личност во одредена област од животот. Мотивот за овие постапки може да биде различен, од љубомора и одмазда, па сè до „од чиста мира“. За среќа, повеќето од единките од овој подвид лесно се идентификуваат, по што следи игнорирање на чадот и по некој фатален удар по угледот на единката.


...А во некои случаи и стварно гори. :)
 
Мислам дека во повеќето случаи има... Ама поентата е што многу често се случува расипан телефон... Информацијата била едно нешто и сите по нешто си додавале и одзимале и испаднало нешто сосема трето :)
Има и такви што измислуваат, можеби во последно време и почесто... Ама мислам дека тие брзо ги снемува зашто неможат цело време да измислуваат :)
Јас не го користам скоро ич :) Не ми е во навика...
 
Кај што има чад има и оган
Кај што има оган има и кубасици
Кај што има кубасици тамо е Точкест

Е сега ако го има чадот т.е. трачот не е морално да го има огинот. А ако го има чадот т.е. предпоставките можно е да го има и огинот таму
 
Кај што има чад има и оган
Кај што има оган има и кубасици
Кај што има кубасици тамо е Точкест
Лажеш, сепак Бапчо е :icon_lol:

Поговоркава ми е... Да се најдеш во муабет. Некогаш се кажува со право, некогаш не, важно како и многу други поговорки, ти служи да си поткрепиш со “доказ“ кога сакаш да кажеш нешто што и не баш држи вода.
Еве, да речеме дека се кажува со право во 60% од случаите. Кога чадот го гледаш со свои очи, и по свој заклучок претпоставуваш дека постои огнот. Другите 40% се за чад намирисан од рекла-казала муабети.

Сеедно, оваа како и еден куп други поговорки може да е точна, но може и да не е. Сепак е совршен зачин на трач&кафе муабет. :)
 
Па, за потрачарски муабет, кога се работи за нешто неважно кое е само интересно да се искоментира со блиските, да ја користам таа поговорка. Но, не верувам баш во неа и не ја практикувам за посериозни нешта и настани, посебно не за да наметнам уште поголем сомнеж некому, со што би навредила и повредила некоја трета личност.
Верувам само во тоа дека ако некој за некого сака да измисли нешто, ќе најде со што да ја потпали приказната, за да биде поверодостојна. А бидејќи тоа е нешто најпрактикувано и секојдневно кај нас, почнувам по малку да верувам во тоа - Кај што има чад, ништо не гори.:toe:
 
Те ја на пример,се согласувам со таа поговорка - кај што има чад има и оган.Или подоцна ќе вивне,или пак веќе изгорел.Како и да е,сакам скара на секој начин.
 
Некогаш да, некогаш не. Треба доказ, пред се. Сите сме јаки на зборови,нели:smir:
 
Од мое искуство, не верувам во поговорката каде има чад, таму има и оган. Се случило некогаш да испадне така, ама обично таа поговорка се служи за да трачот биде повозбудлив, да биде пореален иако можеби нема врска со реалноста.
Мене ми извадија на времето муабет дека идам со најдобриот другар кој ми е како брат, а тоа не да нема чад, нема ни жарче, а камоли чад.
Така да, дефинитвно не верувам во таа изрека. Но, има исклучоци, нормално. Ама ретки.
 
Оваа изрека произлегува од мислењето дека во секоја лага има и доза на вистина,барем јас така ја гледам.Нема врска со трачарење.
 
Никогаш не сум ја употребила реченицава бидејќи не верувам врз основа на само еден трач, бидејќи има луѓе јои си го исполнуваат времето измислувајќи глупости за се и сешто...
 
Никогаш ја немам употребено оваа реченица и не би ја употребил. Само за трачери е ова што сакаат да ги натераат луѓето да веруваат во трачот.:pipi:
 
Па би требало да е така кај што има чад таму има и оган.
 
Се согласувам дека онаму каде што има чад, има и оган. Точно е дека се пуштаат и неосновани муабети, ама тие брзо замираат, а кога има вистинска основа, тогаш "почнува да се ткае митот низ усните преданија".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom