Кај кого се падна паричката? (2014 edition)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Како што е веќе познато и оваа година традиционално се отвара оваа тема. Некои луѓе за ручек кршат пита, некои за вечера, додека пак некои ја кршат питатата со паричка на Василица.
Вашето семејство кога ја практикува оваа традиција?
Кај кого се падна минатата година и дали навистина донесе среќа и бериќет?
Оваа година кај кого се падна?

Потсмевање и сите останати “јас сум најјачи и ајде да ги вреѓам луѓето и традицијата“ луѓе, водат кон директен бан од тема!
 
Ние караорманци не вртиме за Божик. Кај нас се врти за Василица. А гледам некаде и за двата празника. Така да за резултатите, по една недела :)
 
На Василица се прави пита со паричка.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=53

ЗОШТО НА ПРАЗНИКОТ НА СВ. ВАСИЛИЈ СЕ СТАВА ЗЛАТНИК ИЛИ ПАРИЧКА, А НЕ НА БАДНИК
Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.
Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.
Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.
За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.
Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.
Така значи, со тогашната «василопита», св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.
 
Ние караорманци не вртиме за Божик. Кај нас се врти за Василица. А гледам некаде и за двата празника. Така да за резултатите, по една недела :)

Дебар....западна Македонија т.е го прави ова со паричкава за Василица...ете и Rigel како што си напиша, а ова денеска е некој чул-недочул...ама нек си ја тераат и без тоа ништо не мењава.
 
Паричка барање на Бадник е под влијание на српските обичаи. Кај нас секогаш било пита (не лепче) со паричка на Василица. Ама подоцна еве прифативме и ние од овој обичај, па сега јас со моево семејство правиме лепче со паричка на Бадник. Годинава комбинација од двата обичаи- пита со паричка на Бадник. Ама тоа за вечера, рано е уште. Во секој случај, најубаво е кога ќе се падне кај некое дете, тие најмногу се радуваат.
На сите кои ќе бараат паричка-со среќа. И за многу години празников :)
 
Уште малку ќе се крши (не го вртиме туку го кршиме) лепчето на вечера..

Иначе лани ми се падна паричката на Василица, бев кај едно друштво во друго место. Онака како падобранец им ја собрав паричката..:D

На Василица се прави пита со паричка.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=53

ЗОШТО НА ПРАЗНИКОТ НА СВ. ВАСИЛИЈ СЕ СТАВА ЗЛАТНИК ИЛИ ПАРИЧКА, А НЕ НА БАДНИК
Така значи, со тогашната «василопита», св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.
Инаку, ако ги слушаш поповите ништо нема да разбереш, оти секој од нив си толкува како што си мисли.. Еве дедо Наум вели дека воопшто ставањето паричка не е православен обичај.
Митрополит Наум: Бадниковата вечера и лепчето со паричка не се православни обичаи

И сега што правиме?!:oops:
 
Во Прилеп за Василица се бара паричка.

Така да потенцијален добитник сум јас :D само прашање е на време кога ќе бидам и официјален.
 
Ние караорманци не вртиме за Божик. Кај нас се врти за Василица. А гледам некаде и за двата празника. Така да за резултатите, по една недела :)

Значи комшии сме, татко ми и неговото семејство потекнуваат од Збажди.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Резултатите од семејната изборна комисија ќе бидат објавени на 14-ти Јануари, во вториот круг.
 
И во Поречието се става паричка за Василица, и тоа или во пита, или во ѓомлезе (кај нас го викаат притурано) или во питулици. Ама дека нАли натурализиран Скопјанец јас, и двата адети си ги почитувам. Ако ништо друго, барем поголеми се шансите да ја најдам паричката, зошто уствари 2 парички ќе има. :sneaky:

ЕДИТ: За првата, ќе ве информирам подоцна. ;)
 
Демек еве јас веќе имам 24 години па ај сега јас да сум го сечел лебот за паричка. На кратко резултатот беше разочарувачки - со ножот од прва поткачив на паричката и се откажа целата мистерија во собата...
 
Демек еве јас веќе имам 24 години па ај сега јас да сум го сечел лебот за паричка. На кратко резултатот беше разочарувачки - со ножот од прва поткачив на паричката и се откажа целата мистерија во собата...
E , да га ебем : )
Па не се сече лебче за б'дњак сс нож, крши се сс руке, нели прво се врти,па после најстар крши : )
Ми ск за ск припремамо, ке иду да гу потсету маму да не забраи да стави паричку,замисли па и тој да се деси,а? : )
А тато праи ритуали сс греану ракију,сајбер хипик

А замисли цел живот у мене се пада, што ли сам толко морбидан и негативан, што ли толко ме тера да цитирам за да си га курчу сфое его, што ли толко критикују постови
Не ми е јасно

Шалу се, живео Бд'њак, живела традиција,живела паричка
У мене ке се падне осеќам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom