Kафански муабети

  • Креатор на темата Креатор на темата YoucancallmeV
  • Време на започнување Време на започнување
Ја глдав серијата band of brothers. Се изнаплакав на 9-та епизода. Многу филмови сум изгледала до сега, ама тука се е некако пререално прикажано. Маестрално и премногу болно за гледање во исто време. Не знам, моите предци да го правеле тоа што го правеле нивните предци, не знам како би се носела со тоа злосторство против човештвото.

Инаку, еден од најболните детали е на крајот кога еден од локални жители вели “јас не сум нацист, јас само печев леб” ... печел он леб додека пепелта од логорот му паѓала во двор и се чувствувала смрдеата. Да се правиш слеп и глув на ужасите само за да ти биде чист сопствениот двор е она што најмногу револтира. Сакам да кажам, ова се нови генерации, но најлесно е на крајот од војната да се оградуваш од тоа што било. Премногу тешко за гледање.

Ваљда у кафанава има простор и за ваков муабет. Ја утнав темата.
Лошо во секој случај ама искрено нема како да сменат минатото.
Инаку новата десничарска партија Афд индиректно се стремат кон тој пат. Не се произнесле јавно за нацизмот ама со постапките кон тоа одат колку и да негираат апла приметно е.
 
Сума сумарум, се’ тоа што Германија, Белгија, Франција, Холандија, Шпанија, Португалија и Англија треба да си ја избришат историјата. Со ништо не заостануваат зад Германија овие другите. Кај најдовте у кафана во Недела навечер вакви муабети? Дамби, турај по еден кефир и да си одиме по дома.
 
Ајде ја ќе спремам млекце со какао, па да си легнуваме сите по дома нормално.
 
Ајде еве одма ќе направам спин! Се сеќаваш кога зборувавме за твоето убаво телефонче и за телефонот на баба ми од 1 денар купен пред 300 години? Убава реклама му удрив, ама ништо. Е сега и дадовме стар, но исправен телефон на тач, да се учи. И не се учи нешто посебно, ама нема врска. И се јавувам пред некој ден и ми вика „сакам да зборувам, ама не можам. ова е осуда. го гледам и чекам некој да ми ѕвони за да може да зборам“. Ми падна жал, па и направивме туторијал како да ѕвони низ народ. И сега бара, завршува разговорот и исклучува, па пак бара („грешка“), па пак ѕвони („не знам да исклучам“), па пак („ај усклучи ти“). Ја фати мајата со твоето убаво телефонче. :noze:

Декстер си ја пуштив вчера, убава прва епизода. Во времепловот сме во 1988 г., па бујрум кој сака да не дружи. Си пуштив Б-хорор кој верувам дека нема да наиде на интерес кај оваа публика. Но ако некој сака историски, клик, верувам дека многу ќе ужива. :love:
 
какво млекце јас пиво си отворив :)
Овде пак водата поскапа од пивото е, кај најдов и јас Германија да се преселам
 
Од работи кои што ме мачат денес, Германија требало да ја расформираат по втората светска војна и да не постои како држава. Како ли денешниве Германци живеат во Германија, и ја бодрат и поддржуваат сопствената држава знајеќи дека направиле толку многу зло.
Во врска со ова,

Германија по војната беше поделена. Во западниот дел, имаше една денцификација, во источниот, позади Железната завеса, подруга.
Западот реши денацификацијата да ја спроведе преку комплетно превоспитување и интензивно соочување, во јавниот наратив, образованието... со делата на нивните родители, предци. Претерано дури. Така кај нив се создаде една генерацијска општа свесност за вистината околу нацистите. Но и се создаде едно национално самообвинување за дела со кои тие самите немаат врска. Претераната критика на Хитлер и нацизмот напарави да имаат, во јавниот наратив, нереални согледувања за тоа време. На пример, ретко кој германски историчар има реална слика за Втора светска војна, затоа што претерано критички гледаат на нацистите и Хитлер. Така да, не би се сложил со тоа дека не се самосвесни, туку напротив.

Источна Германија е друга приказна. Таму советите имаа друг план за денцификација, поточно на некој начин немаше денацификација.
Они решија некако да се преправаат дека луѓето од Источна Германија немаат врска со нацистите. Затоа што нив им беше битно да ги обединат на идеолошка основа, во борба за пролетаријатот, па рекоа - од сега па натаму сите сме пролетери кои градат едно поправедно општетсво. Истите луѓе, кои до пред некоја година правеа нирнбершки митинзи, само ги поставија на исти позиции во комунистички слетови.
Не тврдам дека во Источна Германија немало јавно соочување со минатото и денацификација, само викам дека таа денцификација не беше од корен, темелно спроведеена како во Западна. Нацизмот како да беше пикнат под тепих, а енергијата, воглавно, посветена на новата идеологија, не на раскрстување со старата.
Затоа, на пример, денес по обединувањето, десните и крајно десните партии имаат далеку поголем одзив во источна Германија. Во тоа секако играат улога и други фактори, како нерамонмерната економска развиеност и др.

Така да, оваа твоја дилема ("можат ли навечер да спијат") повеќе би била применлива на Источна Германија, иако јас мислам дека како целина Германците се доволно свесни за делата на своите предци. Најсвесни у свет. Ниту еден народ, чија власт/држава праела пиздарии у историјата не гледа на тоа како Германците денес. Никој. Во главно сите си ги сметаат за херои и јунаци сите свои историски лидери кои правеле воени злосторства, меѓу другото.

Но, вистинската адреса за тие твои дилеми, во контекст на Втора светска војна е Јапан.

Јапонците, во најмала рака правеле исти злосторства како Германците и квантитативно и квалитативно. Да не набројувам што се правеле. Е во Јапан има скроз трета приказна.
Кај нив и ден денешен нема речиси никакво соочување со минатото. Таму Американците речиси не спроведоа буквално ништо такво - обиди за превоспитување, соочување со минатото, соочување со делата на империјалната армија во Кина, кон заробениците и тн.
Другар се ожени со Јапонка, верувај, они сите до еден мислат дека све тоа што им се припишува (за што има тони непобитни историски докази) е лага. Огромно мнозинство имаат нула самосвесност за тој дел од историјата, у школи се учи тој период многу малку. Кај нас у школо повеќе се учи за Јапонија во Втора светска одколку кај нив. Друг пример, ти е посетата на јапонските премиери на храмот Јасукуни и сл.
 
Следна за гледање ми е The Pacific, па ќе видам таму како е спакувано сето ова. Не дека не сум читала и истражувала за ова. Мислам дека кога го гледав Hacksaw Ridge читав доста. Благодарам во секој случај на исцрпното мислење.
 
Ај добро утро од мене :D
Ја со вампирите станувам уште во 5.. тука викам да не ви пишувам толку рано да ве испоразбудам... :D
АЈДЕ СТАНУВАЈТЕЕЕ
Мора да се работи :place:
Убав врнежлив ден на сите :love:
 
И јас со вампирите станувам, а може и си легнувам. Прашање на денот: кога си легнуваат вампирите?
 
Back
На врв Bottom