Во врска со ова,
Германија по војната беше поделена. Во западниот дел, имаше една денцификација, во источниот, позади Железната завеса, подруга.
Западот реши денацификацијата да ја спроведе преку комплетно превоспитување и интензивно соочување, во јавниот наратив, образованието... со делата на нивните родители, предци. Претерано дури. Така кај нив се создаде една генерацијска општа свесност за вистината околу нацистите. Но и се создаде едно национално самообвинување за дела со кои тие самите немаат врска. Претераната критика на Хитлер и нацизмот напарави да имаат, во јавниот наратив, нереални согледувања за тоа време. На пример, ретко кој германски историчар има реална слика за Втора светска војна, затоа што претерано критички гледаат на нацистите и Хитлер. Така да, не би се сложил со тоа дека не се самосвесни, туку напротив.
Источна Германија е друга приказна. Таму советите имаа друг план за денцификација, поточно на некој начин немаше денацификација.
Они решија некако да се преправаат дека луѓето од Источна Германија немаат врска со нацистите. Затоа што нив им беше битно да ги обединат на идеолошка основа, во борба за пролетаријатот, па рекоа - од сега па натаму сите сме пролетери кои градат едно поправедно општетсво. Истите луѓе, кои до пред некоја година правеа
нирнбершки митинзи, само ги поставија на исти позиции во комунистички слетови.
Не тврдам дека во Источна Германија немало јавно соочување со минатото и денацификација, само викам дека таа денцификација не беше од корен, темелно спроведеена како во Западна. Нацизмот како да беше пикнат под тепих, а енергијата, воглавно, посветена на новата идеологија, не на раскрстување со старата.
Затоа, на пример, денес по обединувањето, десните и крајно десните партии имаат далеку поголем одзив во источна Германија. Во тоа секако играат улога и други фактори, како нерамонмерната економска развиеност и др.
Така да, оваа твоја дилема ("можат ли навечер да спијат") повеќе би била применлива на Источна Германија, иако јас мислам дека како целина Германците се доволно свесни за делата на своите предци. Најсвесни у свет. Ниту еден народ, чија власт/држава праела пиздарии у историјата не гледа на тоа како Германците денес. Никој. Во главно сите си ги сметаат за херои и јунаци сите свои историски лидери кои правеле воени злосторства, меѓу другото.
Но, вистинската адреса за тие твои дилеми, во контекст на Втора светска војна е Јапан.
Јапонците, во најмала рака правеле исти злосторства како Германците и квантитативно и квалитативно. Да не набројувам што се правеле. Е во Јапан има скроз трета приказна.
Кај нив и ден денешен нема речиси никакво соочување со минатото. Таму Американците речиси не спроведоа буквално ништо такво - обиди за превоспитување, соочување со минатото, соочување со делата на империјалната армија во Кина, кон заробениците и тн.
Другар се ожени со Јапонка, верувај, они сите до еден мислат дека све тоа што им се припишува (за што има тони непобитни историски докази) е лага. Огромно мнозинство имаат нула самосвесност за тој дел од историјата, у школи се учи тој период многу малку. Кај нас у школо повеќе се учи за Јапонија во Втора светска одколку кај нив. Друг пример, ти е
посетата на јапонските премиери на храмот Јасукуни и сл.