Кадрава или права коса?

Кадрава или права коса?

  • Права

    Гласови: 200 65,6%
  • Кадрава

    Гласови: 105 34,4%

  • Вкупно гласачи
    305
Права , долга коса , по можност со шишки ( таква ми е мене де:) ) ..некогаш ми удира некој филм да ја свиткам косата , али не ми држи многу , затоа се држам на ова сега.
А кај машки ..не ми а важно ни дали е права или виткана , шо знам , сеедно ми е , се додека има фриз кој му стои убаво.
 
Имам долга, прилично доста долга коса, природно виткана....ама пошто сакам права, си наоѓам начин да ја исправам без да ја пеглам и оштетам...ама виткана си е виткана, иако не знам зашто сум нафурана дека мене не ми стои, сепак...локни:pipi:
 
Имав до пред некое време права и слаба коса, ама незнам ради шо, почна да се бушавит. И ко ќе ја исчешлам ми е немирна, така да неретко нит ја пеглам нит ништо туку ја оставам нек си фаќат кривини ко шо сакат. Си живејт свој живот :) Иначе најмногу сакам да имам брановидна коса, на 3/4 пат сум, а и кај машки сакам нит виткана, нит права долгичка коса.
 
Гласав за кадрава, зашто имам права а сакам кадрава. Сакам локни интересни ми се. И кога имам време ја добивам посакуваната фризура. А инаку имам дооолга црна со подолги шишки и си ја обожавам, треба да се шишам ама несакам.:pipi:
 
Брановидна. Понекогаш е поправа, понекогаш е повиткана, понекогаш бушава, а обично ја добива убавата форма следниот ден после бањање. Со ваква коса е згодно шо многу помалку се мрси од права, а и кога се мрси не се познава толку многу :) Друга светла тачка е тоа што правење фризури со собрана коса е многу лесно - 5-6 шноли и две три локни и оп! фризурка. Ова ја чисто од практична страна, за мрзливи особи.

Иначе другите ме свиѓаат со права коса, али ја не, многу озбилна си изгледам и ич не ме бендисуе тоа.
 
долга и права најуба коса исто ко мојата
 
Не ми е многу важно кај девојка дали косата и е права или виткана. Важно е убаво да и стои. Инаку сакам промени од време на време да не биде постојано иста, да се разбие монотонија:)
 
Имам права коса, а сакам кадрава. Ја правам некогаш кога имам време.
 
Имам права уствари таласеста,и многу се нервирам поради тоа...или права или виткана.А поише сум за права:pipi:
 
Обожавам кадрави коси и откако знам за себе ми е криво што ја имам најправата и најостра коса што може да постои. Од преголема желба еднаш и јас ја извиткав, но тоа ми беше најголемата грешка. Морав после тоа ептен кратко да ја шишам, чешел не и поминуваше. Прегуста коса имам за такви циркузи да и приредувам, па ваљда нема пак.
Баш пред некое време ептен ме фати монотонија, па се нешто и менувам, од тоа малку што може де. Неможам да варирам со фарби дека ми е тегет, па малку прамени исфарбав, а минатата недела не издржав веќе и конечно ножиците и ги дадов. Ќе ме фати жал дека ми беше убава и долга скоро до струк, ама па досадна ми стана ...:najtazno: :pipi:
 
Имам многу ретка и никаква коса!Ни права ни виткана!Ко ќе ја испеглаш се витка,ко ќе ја извиткаш се прај права...А очајна сум за кадрава....:(
 
Кадрава дефинитивно! Имам кадрава ама не ептен! Кога ќе ја измијам и исушам најсупер ми е. После 2 дена почнува да се исправа и губи облик- тоа најмногу го мразам. Само еднаш во живот ја имам пеглано-катастрофа, а ја фенирам понекогаш колку да сменам малку. Обично ми е долга до рамо или повеќе, ама ми се здосади и сега ја скратив малце повеќе од обично.:smir:
 
а минатата недела не издржав веќе и конечно ножиците и ги дадов.
Ќе ме фати жал дека ми беше убава и долга скоро до струк, ама па досадна ми стана ...:najtazno: :pipi:

:nesvest: :nesvest: Чекај блага вода да се напијам!

Како си ја сечела така мори моме, лелеееееее!
Јас препекав за толку долга, ти ја сечиш! Дај да се смениме. :pos:


И мојата е прилично права, ама па не ми здосадува оти знам дека кадрава не ми стои, и не ни се трудам да експериментирам.
Широко лице имам, и ко ќе ја извиткам ко пудлица сум, башка шо на мојата должина не стои, ко в штеќер да имам чепкано сум. :ahouhou:

Кадрава да, ама само на долги косишча.
Инаку јок, ретко знај да ја погоди на друга должина. Профешнл треба да засука ракајте.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom