Каде сте го јаделе најубавиот/најгадниот хамбургер?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Мене па ЖУЖу ми е катастрофа,да огромен е,ама лебчето и плескавицата за нигде им се.
 
Најубавиот уште одамна во Седмица, а во Куманово во Хавана.
Најлошиот? Па нема до толку лоши, ама сепак останатите не се на ниво на гореспоменатите. :)

Ме потсетивте: во Седмица уште се толку добри и која е цената сега? Немам јадено таму едно 6-7 години.
 
Зедов стек од Жужу немаа плескавица,ништо посебно не беше.

Сосовите не можат да се споредат со оние на вили,тоест не се ни 50% од нив.

Мајонезот наликува на тој од 7-ца му фали уште нешто зачин два се осеќа ама добар плагијат.

Помфритот е ок,и ставаат многу зошто се нови и сакаат да привлечат муштерии и да направат име. Со тек на време ќе се полакомат и ќе заебат работа. Класичен пример им се сите продавници за бели пецива. Нон стоп покачуваат цени а квалитетот е ист дури и полош.

Бургерот го немам пробано од таму,може ќе го пробам кој знае.

Како и да е мн. леб е,само леб буташ што се вика.

Очекував повеќе.
 
Кој учел у Коце - знае за Флорида :D
Флорида е најмалата сендвичара во тој реон , памтам имаше едно 7-8 поголеми сендвичари тој период пред 6-7 години . Редицата пред Флорида беше уште пред да почне голем одмор , излагавме 10 мин пред да заврши час за да фатиме ред ... а другиве сендвичари 3 пати поголеми , едвај собраа ќар од тие шо не им се чекаше пред Флорида , затоа и повеќето се затворија .. но Флорида остана ден-денес (y)

И директорот ги праќаше дежурните да му купат хамбургер од таму , или ако сакаш уште по екстра хамбургер .. ќе облечеш тоа палтенцето и ќе им кажеш " за директорот е " = Double WIN
 
Може не е најубав ама најголем е во седмица во аеродром(мислам дека беше таму карши бевме на отварање на ново веро), пред концертот на Тиесто пред 2 години:)
Најгрозно свинско гиро во Гирадико, наместо месо изнаставале кожички, сланина, грозно, никогаш повеќе нема да пробам.
 
Најгадниот на излез од автобуската во Скопје. Кога излегуваш, одма десно. Име не знам.

Најубавиот во Белград. На 100тина метра под Маракана. Мало местенце, цена на памтам. Вкусот мислам дека сеуште лежи во мене. :D
kzcqM.jpg
 
Пред 2 години сум го пробал. Топ беше;)
 
Кој што сака нека рече ... Моментално Жужу Бургер го имаат најубавиот Хамбургер !
И најголемиот :)
Нема шанси цел да го изедеш, а ако се стегнеш ќе се убиеш од офкање :pos:
Компирчињата се топ, плескавицата супер, сосовите и лепчето екстра, а и вработените се за пофалба. Културни, љубезни и шо е најважно чисто е местото.
 
Најубавиот уште одамна во Седмица, а во Куманово во Хавана.
Најлошиот? Па нема до толку лоши, ама сепак останатите не се на ниво на гореспоменатите. :)

Ме потсетивте: во Седмица уште се толку добри и која е цената сега? Немам јадено таму едно 6-7 години.

Од Седмица само името е останато ...
а од нивниот хамбургер .. плескавицата е ко гума .. ни вкус ни мирис ... безвеза ...
 
И најголемиот :)
Нема шанси цел да го изедеш, а ако се стегнеш ќе се убиеш од офкање :pos:
Компирчињата се топ, плескавицата супер, сосовите и лепчето екстра, а и вработените се за пофалба. Културни, љубезни и шо е најважно чисто е местото.

Прееска јадев цел го мавнав ама со мерак :)
И да плескавицата е многу убава дебела има многу убав вкус
А некој може и да се најаде од пола од помфритот :)
 
Најубав хамбургер во Охрид имаш кај тетка Цена и Темелко во Палма кај гимназијана :)
 
Najubaviot hamburger sum go jadel koa sum bil STVARNO GLADEN a Najgadniot koga sumJADEL OD STRVOST ......
 
Најубав хамбургер во Охрид имаш кај тетка Цена и Темелко во Палма кај гимназијана :)

Со мирис и вкус на човечки прсти. ;) Заради „ХАСАП“ системот им го затворија пред 2-3 години.

Шала на страна, хамбургерот е супер + лепчето потпечено :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom